Eye Cue на Евровизија 2018

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.957
Поени од реакции
35.507
Па баш тоа дека е политички може да направиме нешто со оглед на моменталната состојба во државата. :icon_lol: На србите ако им дадоа да освојат поради бомбите во 99та, ќе ни пуштат и нас заради името шо ќе го менуваме, колку да ни замачкат очи. :icon_mrgr:
Искрено немам ништо слушано од бендот, али се што не се повтара е супер. Стига веќе од Буклето, Каролини Гочеви итн ...
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Јас стварно не ве разбирам македонците се со сигурност единствени кои што плукаат по се е и сешто без да знаат ништо. Јас не знам што само плукате по Калиопи и Каролина? Неспорно е дека и двете се најдобрите македонски пејачки во моментов, Калиопи е призната Дива во регионални рамки, за популарноста на Каролина не треба да се зборува освен тоа што распродаде 4 концерти во МОБ и презакажа уште 3. Вие искрено само се*ете.
2. Да не сакате и референдум да распишеме за избор на претставник на Евровизија, нема потреба од телевоутинг бидејќи знаеме како тоа испаѓа. Впрочем како и последниот пат кога појде Даниел. Повеќе од половина учесници избираат интерно учесник освен оние што традиционално го прават фестивалот.
3. За Eye Cue немам што да кажам посебно, искрено очекував, рачунав на нив Сара Мејс или Лоба така беше и планот. Еye Cue се веројатно меѓу подобрите групи од новите не ги рачунам оние дечишта што кога ќе му текне бенд си прават.
4. Кога сме веќе тука је*ала вас политика. А на нешто Македонија не успее одма политика е ... :tapp::pos:
 

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
Кога беше Мартин Вучич, зашо па да не одат овие. И онака срање дешавка е Евровизијава незнам зашо уште се смараме поготово ние. Едино да се прати Кајмаковски да ја сними втората песна и да ја заврши кариерата.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.342
Поени од реакции
4.957


Од времето коа EyeCue беше kinda rock група.

Само заебана песна ги носи во финале.. Ако прават "by the book" поп булшит само ќе се прошетаат а всушност тоа е целта на Евровизија. Провод со Европската декаденција
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.055
Поени од реакции
12.937
Бендов си нема врска со тој што беше со Магија и овие песниве горе две постирани. Тогаш беа и повеќе од одлични, добар вајб им имаа сите песни. Сега со овие Убава и други тиња песни ми се тотално одбивни на ушните тапанчиња. Тоа е. Последно нешто групиче од кај нас што ми правело мерак е Лесен Удар, не знам дали уште праат музика. Тие беа последното нешто “светско, а наше“ :)
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.921
Поени од реакции
475
Мене ок група ми се Eye Cue и мислам дека е добро тоа што добија шанса да се претстават на Евровизија.
Ги пратам уште од времето кога Леа беше женски вокал и иако во последно време повеќе се свртија кон покомерцијален поп, сепак редовно творат и вадат добри нумери на нашата и така бедна забавна сцена.

Не знам како се уште не сфативте дека ние апсолутно никогаш нема да имаме шанса да направиме нешто повеќе на Евровизија. Евровизија е далеку повеќе од класичен музички фестивал на кој се цени одличен вокал или одлична песна.

Рака на срце колку и што се катастрофални овие од МРТ (10 години истите луѓе се шлепаат гага како евровизиска делегација) пробаа со сите средства. Ги пративме најдобрите (Тоше, Каролина, Калиопи, Тамара, Лозано и Есма) се проба со брзи песни, со запросување и што уште не, ама резултатот секогаш беше ист.

Така што Евровизија ја гледам само како можност за гага шетање и себепромоција на изведувачот кој ќе оди од Мк, а кога ќе се види што се нуди од нашата сцена, Eye Cue се дефинитивно солидна опција во моментов.

Уште пар зборови околу реакцијата на Молика ... Дали тоа некој им ветил нешто на Молика што сега не се исполнило па затоа фрлаат со дрва и камења по МРТ???
Крајно одвратни ми станаа од кога се разбра какви се малверзации правеле и колку пари лапале за превоз од Двојче.
И на крајот на денот кој фактор е група Молика што свири народна музика да се пријавуваат на Евровизија? Што ако Копров им компонирал наменска песна?
Па уште и коментар од нив дека нема повеќе да се појават на Мтв бидејќи надвор има некој кој ги цени. Море марш очи да не ви гледам тука!!!
 
Член од
31 јануари 2018
Мислења
99
Поени од реакции
48


Од времето коа EyeCue беше kinda rock група.

Само заебана песна ги носи во финале.. Ако прават "by the book" поп булшит само ќе се прошетаат а всушност тоа е целта на Евровизија. Провод со Европската декаденција
добри биле овие бе
дефинитивно треба со рок песна да излезат на евровизија.
само на македонски, изговорот на англиски му е многу лош на пејачот
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Еве слушнете што избор имаат србите, една од овие треба да изберат во вторник 20ти на фестивалот Беовизија.
https://www.youtube.com/watch?v=FVhSRloJSoI&list=PLCxUEcqz3AEvc7zjaSt2roD2NsJzIl6DB

Eве и црногорците, една од овие песни треба да изберат на нивниот фестивал Монтевизија вечерва сабота 17ти
https://www.youtube.com/watch?v=HWl-GEv1x54
 
Последно уредено:
S

staycalm

Гостин
Еве слушнете што избор имаат србите, една од овие треба да изберат во вторник 20ти на фестивалот Беовизија.
https://www.youtube.com/watch?v=FVhSRloJSoI&list=PLCxUEcqz3AEvc7zjaSt2roD2NsJzIl6DB

Eве и црногорците, една од овие песни треба да изберат на нивниот фестивал Монтевизија вечерва сабота 17ти
https://www.youtube.com/watch?v=HWl-GEv1x54
Само мене ми се крш овие на србиве? Сашка и тие сватови се ај ок некако. Нова деца би биле подобри да не имале такви народњачки моменти
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Одлични се Eye Cue. Честитки за изборот, квалитетен бенд. Браво.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom