M
MrzaRules
Гостин
Еве едно мое видување за натпреварот:
Шпанија и Португалија, во првиот полуфинален натпревар понудија не многу атрактивен и убав фудбал за око. И двете репрезентации ги почитуваа тактичките замисли на своите селектори. Две репрезентации, кои во своите редови поседуваат низа врвни фудбалери, во 90. минути не упатија ниту еден удар кон двата гола.
Шпанија ја играше својата препознатлива игра, долго ја држеше топката на средината на теренот, што во некои моменти наиде на свирежи од трибините. Португалија пак, се обидуваше да направи нешто повеќе на овој натпревар преку своите најопасни фудбалери, Роналдо и Нани, но и двајцата беа одлично покриени и не им беше дозволено многу да играат со топката.
Во продолженијата Португалија изгледаше уморно, а токму тоа го искористија Шпанците, кога ги создададоа и двете најголеми шанси за водство, но на два пати голманот Руи Патрисио ја спасуваше својата мрежа.
Е сеа, не ми беше јасно зошто инсистираа стоперите да шутираат пенали. Кај Шпанија тоа добро се покажа, ама кај Португалија убеден сум дека имаше неколку фудбалери на теренот што се подобри техничари од Бруно Алвес.

Не бери гајле.

Може малку повеќе сакав да оди Шпанија. Ко што кажа некој претходно, штета што Германија-Италија не се во финале, тоа ќе ми беше најголем ќеиф, ама што е тука е. Иако ја бодрам Италија, дури и да изгуби, во финале ќе ја бодрам Германија, затоа што Шпанциве почнаа да стануваат отоци со играта. Баш оток, онака ги гледаш и после некое време ти лета мозокот, се прашуваш што побогу гледам, фудбал или карлинг?
Кога го видов почнав да се смеам, одма ми се врати сликата назад, нема тоа е... жал ми е дури за човекот...
Да се надеваме дека утре ќе гледаме голови. Еве го изведувањето на пеналите:

Му дозволил да шутира пенал и автоматски тоаго прави најголем? Сеа во ред за Шпанија навивате али немора толку мн да преувеличувате