На тема Евровизија, најјаки ми се овие кои секоја година зборат дека не пратат евровизија, а сепак коментираат на темата. Као, океј не гледаш не гледаш, мене не ме интересира дали си гледал или не си гледал. Оставете ја темата тие што си гледале да си разменуваат мислења за песните и музичките вкусови.
На темава, вам што ви е чудно носењето штикли и шминка на сцена од страна на Италијаните веројатно не сте слушнале никогаш за глам рок! За жал, реалната слика на Балканот е таква да најпопуларниот музички жанр е турбо фолкот (Сега не сакам да бидам погрешно сфатена од љубителите на турбо фолкот, секоја музика си е убава на свој начин, ама it is definetly not my cup of tea. Можам да искочам и на турбо фолк, ама за своја душа во домашна атмосфера не сакам да го слушам!), а најпопуларната тв емисија е реално шоу од типот на велики брат и задруга.
Глам рокот е музички жанр кој се појавил за првпат во првата половина на 70 тите години од минатиот век во Велика Британија. Изведувачите посегнуваат по развратна облека, штикли со платформа, глитер и шминка кои содржат елементи на андрогеност и има за цел да ја шокира публиката и со тоа да и го привлече вниманието. Дополнително тоа се и годините на сексуалната револуција па тука се јавуваат зачетоците на гласините за сексуалната ориентација на изведувачите, голем дел од нив неточни и наметнати само за медиумско внимание. Секако и кокаинот и алкохолот се дел од сликата, ама во превод се тоа е само за фолирање во јавност.
Хајпот за швајцарската песна ич не ми беше јасен. Всушност од сите песни него не го ни забележав.
Португалецот многу ми се допадна, малку ме потсеќа на Marvin Gaye.