Холандија, Шведска и Македонија ке беа аутсајдери
Холандија ќе беше втора. Второто место е аутсајдерско? Ние да, ќе бевме 12 место, а одличниот настап, феноменалната песна и прекрасната изведба на Серхат од Сан Марино ќе беше на 10 место, пред нас!
BTW, народот на Северна Македонија (пошто еве овие македончињава велат сека не гледале и не гласале) на трето место го ставил исто - Сан Марино. Имаме слух, у пичку матер, знаеме да препознаеме добра песна и одличен вокал!
Затоа, драги мои, јас сметам дека телевотингот треба да се укине, да не постои, за да не победуваат тралалајки и недај Боже, Серхати од Сан Марино. Или ако не се укине, да се сведе на некои 20-30% од севкупната оценка.
Но, и кај жирито требаат драстични промени, не толку заради политичкото гласање што никако не може да се смени, колку за тактичкото. Јас мислам дека треба да изгледа вака:
1. Луѓето во жирито да мора да имаат:
-или диплома од Академија за музички уметности
-или да се пејачи или музичари со издадени минимум 3 албуми (а не факин Роберт Вукелиќ!)
-или да се композитори, аранжери, текстописци кои се потпишале на минимум 3 албуми.
2. Во жирито да има 30, а не 5 луѓе
3. Имињата да не им се објавуваат до завршување на гласањето
4. Секој од нив да гледа и гласа сам, а не заедно, како што е сега.
5. Тоа со годините нека остане, не смета. Ете, 10 души нека се постари од 50 години, 10 да имаат од 30 до 50 и 10 да се помлади од 30.