Eurovision Song Contest (официјална тема)

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.019
Јас не се согласувам целосно. Васил не е првиот „анонимус“ на Евровизија, нема да биде ни последниот. XXL каков багаж имаа? Прва песна им беше, побогу! Next Time? 3 песни пред евровизиската. Даниел Кајмакоски? Има се уште 5-6 песни севкупно во цела кариера. А да не зборувам за Јана Бурчевска. И? Каква врска имаше тоа? На Јана песната, на пример, беше светска. Не знам еден човек кој рече дека е лоша. Сега како испадна таму, на сцена, тоа е друга работа, студиската верзија беше топ. И сето тоа зборува дека муабетот на овој од видеото дека Васил не требало да оди на Евровизија дека не бил познат е глупав, полу-популистички муабет.

Па ако не забележа XXL и сите други изведувачи отидоа во времето кога имавме телевоутинг, ние ги избравме, ние сакавме да одат и заради тоа и ги испративме, meanwhile неколку години со ред ние не избираме, бира некој друг. Ова беше аргументот на дечкото, а не дека XXL имаа 10ет албуми пред да станат кредибилни за на Евровизија.
Второ - откажувањето од Евровизија повлекува казни. И парични, и губење на некои привилегии во евровизиските размени. Македонија ќе ја чини можеби повеќе доколку се откаже, отколку доколку учествува, па макар и со ова. Затоа, и тој муабет му е ко од човек кој никогаш не слушнал како одат работите на Евросонгот.
Да бе учеството кошта 500.000 евра, дефинитивно ќе заглавиме ако си останат парите во буџетот а не на сцена во Холандија. Никој не вели ние трајно да се повлечиме од Евровизија туку дека, периодов после изјавите најдобро е оваа година да се повлечиме. Многу земји го направиле тоа пред нас, нема да сме ни први ни последни.

Требаше да најдат друго решение само и само заради тоа што очигледно е дека Васил се подјебава и со МРТ и со цела нација, и со цела држава, и со мене, тебе, сите нас. Очигледно е дека намерата не му е да пее, туку да предизвикува:
1. Се случи знамето во спотот. ОК, кречеле, погрешно го наместиле, не видел никој, ништо страшно, поверував.
2. Кажа дека имал бугарски пасош. So what? Неважно, ако сака и Марсовец нека е.
3. Објавува видео во кое се извинува за тоа што го направил (или не, не знам), ама ретко кој забележа дека во видеото носи белегзија со боите на бугарското знаме. Ова мислам дека ја прели чашата. Не дека има бугарско знаме, туку дека очигледно е дека се заебава со сите нас.

Тоа боли, а не тоа дека бил Бугарин, геј или дека немал кариера.
Па верувал или не сите го тврдиме истото, ова е Кајгана ќе најдеш луѓе што пишуваат се и сешто. Но во глобала, огромното мнозинство е фрустрирано од очигледната ниска провокација, која е повеќе од очигледна, а не од други работи.
Најголем сведок за тоа? Зошто лани немаше вакви коментари? Зошто лани никој не се замараше со тоа кој ќе одел на Евровизија. Затоа што немаше провокации. Нели беше истиот претставник?
На тоа додади ги гнасните изјави на бугарски политичари кои се случуваат токму сега, оваа година, од типот на Вето за вас Титова творбо, ќе прател каракачанов трупи лично да руши споменици од 20ти век - изјава дадена не за локален бугарски весник, туку изјава за Бриселски Еуронјуз, и ќе ти е јасно од каде ваков антагонизам кај луѓето.
Човекот во видеото не ја ни допре сексуалната определба на пеачот, и го пофали дека пее убаво, само кажа дека можеби е подобро да ја претставува бугарија, и тоа е во ред, кажа дека нема проблем со бугари, но нас треба да не претставува Македонец.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.715
Поени од реакции
33.360
Па ако не забележа XXL и сите други изведувачи отидоа во времето кога имавме телевоутинг, ние ги избравме, ние сакавме да одат и заради тоа и ги испративме, meanwhile неколку години со ред ние не избираме, бира некој друг. Ова беше аргументот на дечкото, а не дека XXL имаа 10ет албуми пред да станат кредибилни за на Евровизија.
Јана Бурчевска исто беше интерен избор, ете.
Автоматски споено мислење:

Да бе учеството кошта 500.000 евра, дефинитивно ќе заглавиме ако си останат парите во буџетот а не на сцена во Холандија. Никој не вели ние трајно да се повлечиме од Евровизија туку дека, периодов после изјавите најдобро е оваа година да се повлечиме. Многу земји го направиле тоа пред нас, нема да сме ни први ни последни.
Не зборувам за трајно повлекување, туку за повлекување по 15 март годинава. Мислам дека 15 март беше краен рок и датум кога мораше да се одржи состанокот на шефови на делегации. Секој кој ќе се повлече потоа, плаќа казни, и плус, наводно над телевизијата која ќе се повлече, поставуваат некакви санкции за содржини од евровизиската размена.
 
Последно уредено:

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.019
Добро сумата на човекот не беше праќањето дебитанти, туку видеото се фокусира на очигледните ниски провокации изнесени од страна на овогодинешниот претставник и тоа го направи на конструктивен начин, не употреби апсолутно никакви ниски навреди. Го гледаше видеото во целост? Или со скип?

Јана не беше прашана дали е од Северна Македонија и Јана не врати експресно со одговор - Бугарија.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.715
Поени од реакции
33.360
Човекот во видеото не ја ни допре сексуалната определба на пеачот, и го пофали дека пее убаво, само кажа дека можеби е подобро да ја претставува бугарија, и тоа е во ред, кажа дека нема проблем со бугари, но нас треба да не претставува Македонец.
Нас не имаа претставувано Албанец, Ромка, двајца Власи и жителка на Србија. Не се согласувам дека треба да не претставува Македонец. И од Марс нека е, сеедно е. Ова е натпревар за песна, не за националност.
Автоматски споено мислење:

Добро сумата на човекот не беше праќањето дебитанти, туку видеото се фокусира на очигледните ниски провокации изнесени од страна на овогодинешниот претставник и тоа го направи на конструктивен начин, не употреби апсолутно никакви ниски навреди. Го гледаше видеото во целост? Или со скип?

Јана не беше прашана дали е од Северна Македонија и Јана не врати експресно со одговор - Бугарија.
Го гледав во целост. И реков дека не се согласувам во целост и кажав зошто не се согласувам. Никаде не спомнав никакви ниски навреди.

Тој рече дека Васил не требало да оди на Евровизија зашто немал кариера (меѓу другото). Јас реков дека и Јана немаше кариера. Тоа беше во контекст на тоа, а не на нешто што кажал Васил или што кажала Јана.
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.019
Нас не имаа претставувано Албанец, Ромка, двајца Власи и жителка на Србија. Не се согласувам дека треба да не претставува Македонец. И од Марс нека е, сеедно е. Ова е натпревар за песна, не за националност.
Прашани за тоа која земја ја претставувате сите рекоја Македонија. Не бугарија.
Човеков дрско провоцира во кризен период во односите меѓу двете земји и ти пробуваш да го оправдаш?
Во време кога ултра националистичка влада беснее во бугарија?

А за тоа дали е ова натпревар исклучиво за песна, а не за националност, прашај ги другите 50ет учесници.
Прашајте ја Гркинката која земја ја претставува, верувај многу добро ќе ви одговори. Прашајте ги Србинките, Полјаците, Германците.
Побогу, прашајте го бугарскиот претставник (кој и да ги претставува) ќе видиш што ќе одговорат. Ќе ти стани јасно за чие знаме со борат и дали Евровизија е чисто за песна. Евровизија е слична на спорт. Да, се оди за музика, но се оди за да се претставува земја.
Не се сите Диоген, не сите граѓани на светот. А ти биди си. Тоа е супер и е твој избор и твоја слобода - без грам сарказм.
Автоматски споено мислење:

Тој рече дека Васил не требало да оди на Евровизија зашто немал кариера.
Не си го гледал цело, или сериозно си ја занемарил целта. Човекот рече дека Васил не сака да ја претставува Македонија. Тоа е поентата на видеото. Прашан за Македонија, Васил рипа и говори за бугарија.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.715
Поени од реакции
33.360
Прашани за тоа која земја ја претставувате сите рекоја Македонија. Не бугарија.
Човеков дрско провоцира во кризен период во односите меѓу двете земји и ти пробуваш да го оправдаш?
Во време кога ултра националистичка влада беснее во бугарија?
Ма кој го оправдува, човек? Јас не можам да го смислам. Но не заради тоа што е, или заради тоа што се чувствува некаков, туку исклучиво заради тоа што го направи.
А за тоа дали е ова натпревар исклучиво за песна, а не за националност, прашај ги другите 50ет учесници.
Е па ајде да видиме, по ред:
1. Австрија ја претставува Филипинец
2. Чешка ја претставува црнец од Ангола
3. Франција ја претставува Србинка (татко Србин, мајка од Иран)
4. OK, ај, ова не се смета, зашто сепак е Гркињка, ама Стефанија од Грција е родена и живее во Холандија. Дури и ја претставуваше Холандија на детски Евросонг.
5. Израел ги претставува црнкиња со потекло од Етиопија
6. Пола од италијанскиот бенд Måneskin е од Данска
7. Пејачката што ја преставува Латвија е од Литванија. Два пати пробала да ја претставува својата држава, неуспешно, затоа сега пее за Латвија.
8. Таткото на пејачката од Малта е од Нигерија, поранешен фудбалер. Мајка и е Малтежанка.
9. Руската пејачка е Таџикистанка
10. Пејачката од Сан Марино е од Еритреја. Двајцата родители и се од Африка. Плус, пее во дует со Flo Rida, а тој е доста познат како пејач од Сан Марино! :D
11. Ксенија Кнежевиќ од триото Hurricane од Србија е Црногорка, ќерка на Ненад Кнежевиќ - Кнез. Тој и ја претставуваше Црна Гора на ESC еднаш. Песната од Србија е на Дарко Димитров, како и многупати претходно. Лани дури и песната од Албанија беше од Дарко Димитров.
12. Пејачот кој ја претставува Шведска е црнец од Конго.
13. Gjon's Tears, еден од најголемите фаворити за победа годинава, претставник на Швајцарија, се вика Gjon Muharremaj и е Албанец.
14. Пејачот кој ја претставува Холандија е црнец од Суринам. Се преселил во Холандија на 20 години.

Ете, ги прашав. :pos:

И не се 50, 39 се. Повеќе од една третина од нив не се замараат со националности.
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.019
Не ги праша. Прашај ги која земја ја претставуваат.

Јас не можам да го смислам. Но не заради тоа што е, или заради тоа што се чувствува некаков, туку исклучиво заради тоа што го направи.
Добро по оваа точка сме исти зошто нон стоп го повторуваш истото, ниту јас ниту момакон од видеото не кажавме дека е ова нешто лично или поврзано со него. Човекот провоцира дрско. По 10ти пат тоа е проблемот.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.715
Поени од реакции
33.360
Добро по оваа точка сме исти зошто нон стоп го повторуваш истото, ниту јас ниту момакон од видеото не кажавме дека е ова нешто лично или поврзано со него. Човекот провоцира дрско. По 10ти пат тоа е проблемот.
Добро, ај да не се повторуваме, последно ќе биде ова. Момакот во видеото смета дека Васил не треба да оди на Евросонг заради тоа што (3 работи спомена):
1. Немал кариера, на Евросонг требало да оди човек со кариера
2. Бил Бугарин, затоа требало да ја претставува Бугарија
3. Зашто провоцира.

Јас се согласувам само за 3, другите 2 се неважни во случајот.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Имаше известување од МРТ дека нема да има повлекување оваа година пошто веќе е касно и може да повлече сериозни казни и санкции. Ама беше наведено дека за догодина повторно ќе има дискусија дали да се учествува на Евросонг.

Васил и онака си направи харикири со потезите. Еве гледам целосно е веќе игнориран од нашите медиуми за разлика од другите претставници кои во овој период цело време беа по интервјуа, се вртеше песната насекаде итн. Си закопа сам секаква шанса да направи некаква кариера како поп пејач тука.

Ги преслушав инаку сите песни, има по нешто интересно. Мои фаворити - Италија, Финска и Украина.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.715
Поени од реакции
33.360
Мои фаворити - Италија, Финска и Украина.
Хахаха, исто! Особено Украина - не ми беше ништо посебно, ама по милион преслушувања сега ми е бр.1. И Швајцарија ми е четвртата.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587

Добро видео, малце сеир на дел од песните и спотовите, меѓу нив и Васил. Најјак коментар за Данците на крај. :)
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.832
Поени од реакции
7.554

Овој призна дека е геј. Каков шок, као божем никој не знаеше... :icon_lol:
Да му кажеа дека приказните за педери на евровизија се стари петнаесетина години?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

Овој призна дека е геј. Каков шок, као божем никој не знаеше... :icon_lol:
He's on a bright start...

Класика сега ќе биде ме хејтаат во МК зошто сум геј а врска нема. Исто како едно гејче член што беше овде, гледам се избришало путето, со секој хејт кон Тамара овде си проектираше луѓево дека се хомофобични и го вреѓаат него. Вакви сосила хомофоб ќе те направат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom