Europe our name is Macedonia

  • Креатор на темата Anco
  • Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
На млади години пред неколку децении без страв го напишав ова пано,на кое на една страна пишува ЕВРОПО НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА а на другата страна напишав
САМО МАКЕДОНИЈА ДА... се мисли за името СУМ МИСЛЕЛ ЗА ИМЕТО.
Тогаш тоа го носевме на плпштадот за референдумот а и сум го поставувал тука во паркот карши собрание кога ќе доаѓале Европејците,сега денес го гледам пак тука.....................................
Picture 178.jpg Picture 180.jpg Picture 179.jpg .македонија.......................... Picture 181.jpg Picture 182.jpg
 
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
233
Поштовање се заслужува. Не го добиваш на тацна ;)
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
579
Поени од реакции
698
На млади години пред неколку децении без страв го напишав ова пано,на кое на една страна пишува ЕВРОПО НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА а на другата страна напишав
САМО МАКЕДОНИЈА ДА... се мисли за името СУМ МИСЛЕЛ ЗА ИМЕТО.
Тогаш тоа го носевме на плпштадот за референдумот а и сум го поставувал тука во паркот карши собрание кога ќе доаѓале Европејците,сега денес го гледам пак тука.....................................
Прегледај го приврзокот 190866 Прегледај го приврзокот 190867 Прегледај го приврзокот 190868 .македонија..........................Прегледај го приврзокот 190869 Прегледај го приврзокот 190870
Само што во денешницата единствената разлика е што вакви паноа во глобала ги поставува политичка багра која што сака повторно да дојде на власт...притоа побудувајќи „лажен“ патриотизам кај народот.
Провидни и досадни се до даска...Се што прават е за нивниот личен интерес.
Кој и да дојдеше на власт....не осакатуваше низ годиниве.
Жена парк одамна го изгуби својот сјај во целост. На мене многу повеќе ми се допаѓаше глетката кога стари лица играа шах, кога имаше многу сенки, луѓе, квалитетен воздух, насмевки.... и можев на раат да си седнам и да си каснам еден сладолед со некој пријател.
Сега паркот е „модернизиран“ но паркот ја изгуби душата и живоста. Низ годините се претвори во гнасен мермерен бездушен штрајкувачки политички камп кој секогаш е потајно обоен во боите на политичките знамиња. Секогаш е полн со проста маса на народ кои се закануваат со клевети, смрт, силеџиски акти и говор на омраза на микрофон.
Тоа е народ кој врши поделби. Народ што си ја сака својата земја, не прави поделби, туку се обединува....за доброто на земјата.
Обединување не се врши со такви говори на омраза и клевети.

Кога порано ќе видев истакнато македонско знаме....помислував како сите си ја сакаме татковината и колку е убава нашата земја и колку е позитивен нашиот народ.
Сега кога ќе видам знаме...рефлексно помислувам како сите не опљачкаа, колку млади ја напуштија земјава тажни и загрижени за својата иднина, колку сме за никаде и далеку од другите земји како земја, колку има луѓе со испрани мозоци и омраза и загриженост меѓу нив, каков ни е стандардот и финансиските ситуации кај луѓето, какво ни е здравството, образованието и државните институции, колку има предавници и колку е се тоа лажна политичка побуда, колку има возрасни и стари загрижени лица заглавени во долгови и загрижени за иднината на своите деца додека ѓубрињата од политичките структури се шетаат со преполни џебови...
Има уште едно милион работи кои можам да ги набројам....
Сублимирано, само црни мисли ми надоаѓаат....

Прашањето е како да се сака својата земја при вакви мисли? Како да се сака земја во која што условите за живот се 0? Како да се сака земја која прави штета на нашите најблиски луѓе? Како да се сака земја која директно штети на нашето здравје и секојдневниот живот?

Од поново време, тие што највеќе и најискрено си ја сакаа државата се тие што се бореа во војната и ги ризикуваа своите животи за да се спаси и ова мало парче земја кое ни преостана. Тоа се луѓето кои добија најслаба одлика во нашата земја. Луѓе кои никој не ги ни познава во денешницава. Се срамам што сум дел од таква земја каде што тероризмот и корумпираноста добиваат поголема одлика во однос на нашите херои.
Тој што си ја сака земјата, во денешницата тоа го докажува на начин кој е сосема поинаков од овој со натписи на пано од порано.
Да се сака сопствената земја е многу широк поим. Можеш да ја сакаш на повеќе начини, но вистинскиот начин во денешницата не е со зборови, паноа со натписи и истакнување на знамиња.
Истакнувањето веднаш ме асоцира на политички акти. Ме асоцира на некоја лоша „позадина“ позади сите тие истакнувања.
Тоа што веднаш го помислувам јас и луѓето кои ги познавам....не е резултат на моите гледишта.
Тоа што го помислуваме е поради средината во која живееме и третманот на нашата земја и делата на власта кон нас како народ.

Ти љубоморам на тоа што си го пишувал на пано кога си бил млад. Си бил горд на својата татковина, затоа што ти пружала љубов, чисти мисли, безгрижност и секојдневна сигурност.
Не сте живееле под закани, уценувања, лажни ветувања и корумпираност....
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.593
Поени од реакции
26.102
Ти љубоморам на тоа што си го пишувал на пано кога си бил млад. Си бил горд на својата татковина, затоа што ти пружала љубов, чисти мисли, безгрижност и секојдневна сигурност.
Не сте живееле под закани, уценувања, лажни ветувања и корумпираност....
Во првите години од независноста, бевме бедни... Имавме ембарго, а со тоа и редици за бензин... буџетот беше околу 200м долари... имавме уништување на стопанството и така натаму.... љубов од државата имаше помалку отколку што имаме сега, а сепак луѓето тогаш беа колку толку поголеми патриоти.....

Денешниот став е резултат на апатијата што ја шират двете наши политички партии, за да можат да ги распродадат националните интереси, што всушност го прават последните 27 години неказнето.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
579
Поени од реакции
698
Во првите години од независноста, бевме бедни... Имавме ембарго, а со тоа и редици за бензин... буџетот беше околу 200м долари... имавме уништување на стопанството и така натаму.... љубов од државата имаше помалку отколку што имаме сега, а сепак луѓето тогаш беа колку толку поголеми патриоти.....

Денешниот став е резултат на апатијата што ја шират двете наши политички партии, за да можат да ги распродадат националните интереси, што всушност го прават последните 27 години неказнето.
Да точно. Во ред е тоа за по независноста.
Распад на голем сојуз....ограничен буџет...нефункционални институции....тешки времиња....тоа го разбирам.

Конкретно иако не наведов, зборувам за положбата на Македонија во време на Југославија...
Далеку подобри услови за живот...среќен народ....дружељубивост....здрава младина....здрава армија....ништо не ти фали....
Во овие 30 год независност, јас немам запаметено нешто добро да се случи. Нема за што да се разговара затоа што апсолутно се е погрешно, од политика па се до економија и сл.

Ездеес и лажните патриоти од ВМРО се насобраа со пари и ја доопљачкаа земјата.
Народот у гради се маваше дека Љубчо ќе ја спаси земјата од несакани народи и надворешни сили, и кога сите викаа дека Љубчо е војвода....на крај испадна дека е тежок Бугар предавник.
Па сакаа да го убиваат, да го најдат и што ли уште не....:pos:
Истото важи и за Ездеес, само што нивната политика за да привлечат гласови не одеше преку патриотизам, туку одеше на културно напредно ниво за да не осетиш кога ќе те соберат.
Ама на крајот....пред да заминат....тешка сиромаштија оставија.
Грујо исто....ништо ново.... најголема пљачка и најголем криминал во историјата.
Како и да е, се е пљачка низ годиниве и лаги. Оваа држава е една голема заебанција.
Најголемиот проблем е самиот народ. Менталитетот ни е таков. Предавнички за пари и за моќ.
А сето тоа го прави сиромаштијата. А сиромаштијата уствари сме ние...

Иако многу ќе кажат дека Тито бил ваков таков....
Тито ни даде држава....и добри услови за живот. Добри плати и еднаквост...поддршка за работната класа и закони кои денес ги нема затоа што сме банана држава.
Затоа пола од работничката класа е буквално прегазена од газди - капиталисти.
Затоа што им се може и затоа што работната снага не е заштитена со закон.
А и доколку би имало закон....би бил газен и прекршуван исто како и сите други работи во државава кои се заташкуваат. Нешто налик на тоа што пола Македонија мора да го врати регресот (К-15) на своите газди...и на крајот никому ништо. Се се заташкува....
Газдите се шетаат со коли од 300.000евра а народ уште вози Југо и Застава у 2018 год.
Разликите се огромни....тоа не е држава!
Јас повеќе ценам работник кој работи 15 саати во градежништво за 250 евра, од него некое лењаво партиско примено шеќерче кое пие кафе и се буди до 11 наутро а зима 700 евра плата.
А такви ги има многу....

На страна тоа што сега сме мешан народ. Има многу Албанци, Турци, Срби итн.
Мала земја сме....светот си игра со нас како сака. Не можеме ние ништо со тоа.
Нажалост, сеуште сме некрстено дете...затоа што светот така сака.
Попис нема...не се знае кој е жив кој умрел...за греота сме :facepalm:

Недефинирана земја сме и покрај тоа што сме 30год. независни....штета....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom