EuroBasket 2017 [ Квалификации ]

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
И дочекавме Финска од аматери од пред неколку години, денеска да ја тепаат Франција. :eek:
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Ренесанса се случува во Финската кошарка последните 7 години.
И на ЕП 2015 Финска за малку ќе ја плеснеше на далеку по амбициозната Шпанија.
Замислете таа репрезентација загуби од нас во 2011 , сега тие плескаат фаворити а ние губиме од факинг Косово..:facepalm:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Богами и Грузија ме изненади со победата над Литванија.
Еј, пред 10 години Литванија беше сила, откако ја победивме кај нив дома изгледа почнаа да паѓаат и они. :D
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.486
Поени од реакции
16.122
И дочекавме Финска од аматери од пред неколку години, денеска да ја тепаат Франција. :eek:
Финска ги има Џамар Вилсон, оној младиот од НБА и Копонен, нас ке не прегазат како плиток поток
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.226
Поени од реакции
6.707
Од прва група понатаму одат Грција,Франција,Словенија и Финска(мислам дека Словенија ќе бидат први у група,Кокошков е многу добар тренер,а и солиден тим имаат). Франција се испукани пушки веќе,џабе...максимум 1/4 да стигнат. Грција ги загледав преѓеска,на мускули тепаа. Не ме импресионираа ама баш ич против Исланд,иако на крај 30 разлика тепаа. Втора четвртина 14 разлика изгубија од полуаматерска репрезентација како Исланд. Финска домаќини,ќе има притисок на нивни утакмици,башка многу важен брејк направија со Франција.

Втора група,не знам зошто сте изненадени од игрите на Грузија,посебно ако го пратевте подготвителниот период. Ги тепаа Грција и Србија на овој турнирот у Атина,имаат искусни играчи(Пачулиа,Шермандини шо кога видов преѓеска дека е 28 години се изненадив...типот цела Европа ја помина,мислев 34-5 е некаде...секаде играше од Макаби,Олимпијакос и Панатинаикос во Грција,Олимпија,па во Италија Канту мислам дека беше и последно шо знам со Војдан у Андора беа :D ). Понатаму,Маркоишвили гнасниот шо играше у Дачка и Шенгелија од Басконија. Литванија ќе поминат исто така,Италијаните пак со големи очекувања,пак максимум 1/4 финале :D . Уште едно место ми е тотална дилема,искрено очекував повеќе од Израелците и се изненадив кога гледав дека жабариве го бришеле паркетот со нив,20 разлика изгубиле. Веројатно Германија би го потполнила тоа место,интересен и млад состав имаат...Шродер,Војтман центарот...не знам зошто ги нема Зипсер и дрвото Тибор Плајсс( Pleiß да му ебам грдото презиме :D )

Трета група-ХрваЦка,Монтенегро и Шпањолска сигурни. За останатото место ќе се тепаат другите 3 репрезентации-Романија,Унгарија и Чешка. Предност би му дал на Маџарите искрено. Како прво,Чешка се многу ослабени со неиграњето на Весели,вака сите конци ќе треба да ги влече С(Ш)аторански,тука е и Јири Велш,овој 100 години уште не е пензиониран,ццц...Романија да не беа домаќини НИКОГАШ нема да се квалификуваат,од 1987 година нема играно ЕП што доволно кажува за нивниот квалитет,и остануваат уште Унгарија. Имаат неколку искусни играчи(Ханга,Војвода,Келер),башка и се игра во Романија што му е блиску и очекувам притисок од трибините.

Последната група во Истанбул-нема да бидам изненаден искрено ако Србите завршат на 3-тата позиција. Мислам дека се во состојба да изгубат од Латвија,овие да изгубат од Турците и да се направи некој круг,каде што овие би имале полоша кош разлика :D Ама секако од 1/8 финале убацуваат у друга брзина,така да очекувам сигурен пролаз понатаму. Оваа група ми е најизедначена,не знаеш од кого/што да очекуваш. Дури и Британија што се тотални аутсајдери сметам дека се во состојба да замрсат некоја сметка. Имаме 1 репрезентација шо е фаворит на првенството(Србија),1 тотален аутсајдер(Велика Британија),1 репрезентација што е можна да ги помати сите сметки(Латвија,од кого патем очекувам и висок пласман,можеби дури и полуфинале). и 3 други тотално изедначени репрезентации. Турците се во состојба на еуфорија да победат секого,ама и да се лизнат. Русија ја нема веќе таа страшна селекција,сега Швед му ги влече сите конци со помош на Мозгов,кој не е веќе млад. Ги нема лидерите како Кириленко,Кријапа,Моња,па и Саврашенко кој што се повлече малце порано. Белгија може да биде изненадување,доколку Лоџески е на ниво,со помош на Ертел и компанија би можеле и тие да се протнат. Едино тука имам 2 дилеми,понатаму одат Латвија,Србија и не знам уште кои 2,ќе почекам утре да се завршат утакмиците па да кажам првични впечатоци :)
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Финска ги има Џамар Вилсон, оној младиот од НБА и Копонен, нас ке не прегазат како плиток поток
Ние не сме во ситуација да се споредуваме со ниту една репрезентација која игра на ЕП, а Финска за нас е идентично како да споредуваш слон со мравка.
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Moже да се преселиме на темата, не бев при компјутер па не можев да ја довршам, сега ја објавив :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom