Од ова што до сега имам разгледано пак Франција мислам е #1 фаворит за титула.
Од изненадувања очекувам Унгарија да земе пар поени, а можеби и да не биде последна во својата група, таму некој да киксне.
Мислам Украина и Турција се екипи со најголем потенцијал за изненадување.
Нели, нашиве не ги рачунам, не сум објективен за нас.
Ама мислам Украина и Турција имаат најголем потенцијал да се носат со било кого од екипиве и ако им се поклопат коцките може да стигнат далеку.
Не верувам дека на првенствово има апла отепана екипа против која сите ќе билдаат гол разлика, сите се некако способни да пробаат нешто.
Нели, ние и Финска сме најслаби според рејтинг, ама не е невозможно за Финска да освои некој бод, што да не, Русија и Данска не се велесили.
Има тука и други екипи како Велс или Словачка што не се нешто предобри, ама во нивните групи мислам дека можат да создадат проблем на пар екипи.
За нас би било предобро ако не завршиме последни од целово ЕП, се друго е бонус.
Освен Франција, апсолутно ниту една екипа не делува како сигурна екипа што не може да изгуби против било кого...
Шпанците имаат ептен чуден состав еден од послабите во овој милениум дури би рекол, уште се проект, не верувам и тие да имаат некои огромни желби и очекувања.
Англија има одличен тим на хартија, можеби едни од фаворитите исто така... ама сепак, Англија е, никогаш не се знае со нив.
Германија... кој ги знае, глупаво би било да не очекуваш резултат од нив.
Белгија, Холандија и Италија од сенка исто имаат некаква шанса за титула, ако им се поклопат коцките, иако Холандија без ВВД, малце тешко...
И горе доле..тие се тие.
Хрватска и Португалија некако не ми делуваат како екипи што би можеле далеку, ама ајде, ќе видиме...
Сигурно ќе има пак некоја екипа изненадување да стигне до 1/4 или 1/2 финале, пошто сепак, без разлика што сака да ве тера Флорентино Перез да верувате, се е возможно во фудбалов.
На предикторов ги стаив Французиве да тепаат, чинам во финале со Англија играа, ако не се лажам