- Член од
- 1 март 2010
- Мислења
- 7.885
- Поени од реакции
- 14.366
Дојде време повторно да се мобилизираме бидејќи не чека уште еден албум за пополнување.
Албумот е веќе излезен во продажба во западните земји, кај нас би требало да стигне до крајот на месецот. Оваа година има повеќе промени, па така класичниот изглед на кој навикнавме долги години ќе биде променет. За целосно пополнување ќе бидат потребни 680 сликички распределени на 96 страни. Стадионите и градовите нема да имаат свои сликички, туку ќе бидат претставени преку фотографии. Пред страните за секоја група ќе има посебна страна на која ќе треба да се залепат официјалниот амблем и заедничка фотографија во момент на славење за секоја репрезентација од таа група. Ќе има и дупли сликички(освен за "главниот играч"), но не како тие на Саудиска Арабија и Гана во 2006та , туку ќе бидат две одделни сликички на едно картонче(бројчињата ќе им бидат на пр.125А и 125Б), кои потоа ќе треба да се залепат на вакво чудо од страна.
Цената низ ЕУ е порасната оваа година од 0,6 на 0,7 евра, кај нас ако остане 25 ќе биде екстра. Јас не можам да дочекам да го купам и да ги кинам пакетчињата . Споделувајте инфо за излегување на албумот во продажба и понатаму за собиранки, групни размени и фејсбук групи за размена.