Etsy

Член од
9 јуни 2017
Мислења
12
Поени од реакции
3
Etsy https://www.etsy.com/ Дали може преку оваа страна да се продава од Македонија,зошто знам дека преку Ebay и други страни беше забрането,ако некој знае или има искуство нека пише како оди сето тоа, за данок и слично.позз
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.056
Поени од реакции
13.554
негде по сајтовите прочитав пред некој месец дена некоја наша дизајнерка продава плетени фустани...сутвари не е најлесно да им пишеш да прашаш да ги прочиташ правилата? гарант има пишано се ;)
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.552
Поени од реакции
2.130
Ако има некој etsy store профил, нека ми пише ПП, би сакал да го купам.
Од пред 2 месеци etsy ја тргнаја Македонија од листата на поддржани земји, но профилите креирани пред тоа сеуште функционираат.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk
 
Член од
27 јуни 2018
Мислења
218
Поени од реакции
609

А да подобјасниш ако имаш искуство како можам да продавам од Македонија бидејки никпј ништо не кажува, било тука било во пп.
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.552
Поени од реакции
2.130
А да подобјасниш ако имаш искуство како можам да продавам од Македонија бидејки никпј ништо не кажува, било тука било во пп.
Моментално никако, освен ако имаш стар профил.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.843
Поени од реакции
7.624
А да подобјасниш ако имаш искуство како можам да продавам од Македонија бидејки никпј ништо не кажува, било тука било во пп.
Од Македонија само преку глупавиот Casys или платежниот процесор на Комерцијална (мислам дека и тие имаат свој направено).

Потребно е да имаш фирма, да ти пуштат податоци и да го пишеш нивинот код во твојата веб страна.

Или да почекаш до 2040г. кога ќе ни дозволат да користиме Пејпал, Страјп, Етси и слични.
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.552
Поени од реакции
2.130
Од Македонија само преку глупавиот Casys или платежниот процесор на Комерцијална (мислам дека и тие имаат свој направено).

Потребно е да имаш фирма, да ти пуштат податоци и да го пишеш нивинот код во твојата веб страна.

Или да почекаш до 2040г. кога ќе ни дозволат да користиме Пејпал, Страјп, Етси и слични.
Ништо не е точно од ова што си пишал. Никогаш не требало фирма за етси, само пејпал или сметка во банка.

Но ни тоа не важи повеќе бидеќи не може да се отвори продавница од Македонија.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.843
Поени од реакции
7.624
Ништо не е точно од ова што си пишал. Никогаш не требало фирма за етси, само пејпал или сметка во банка.

Но ни тоа не важи повеќе бидеќи не може да се отвори продавница од Македонија.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk
Не за Етси, туку сопствена веб страна ако имаш и сакаш да имплементираш македонски платежен процесор.
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.269
Поени од реакции
970
Имам одамна отворено уште ми стои. Кој сака соработка нека пише у дм.
 
Jam

Член од
12 јануари 2015
Мислења
46
Поени од реакции
41
Дали некој пробал, со новите правила на Етси, да отвори банковна сметка во Бугарија, и да проава на Етси како државјанин на Бугарија?
 
Член од
26 мај 2018
Мислења
26
Поени од реакции
9
Дали некој пробал, со новите правила на Етси, да отвори банковна сметка во Бугарија, и да проава на Етси како државјанин на Бугарија?
Не мора во Бугарија. Ете отвори сметка во DukasCopy Bank. Швајцарска. Плус има земја Швајцарија како дозволена за трговија на etsy. Тоа не е проблем.
Најголемиот проблем е верификацијата на seller-от бидејќи банковата сметка ти е во една држава, а на личната карта ти пишува друга држава, која патем не е дозволена за трговија на etsy.
И втор проблем е IP адресата. Слушам дека некој само што се вклучил на хотспот му ја банирале, не па да се вклучиш од друга држава. ОК, ќе речиш ќе користам VPN, ама не можи секој еден пст бе друже. Еднаш ќе се случи, ќе го заборавиш... плус, нема да смее да се користи мобилна апликација за побрза комуникација... или и на мобилен нон-стоп VPN да се вклучува?
Една недела гледам туторијали, читам форуми, обично не сум некој што се откажува, ама за ова мислам дека стварно нема чаре.
Да, можеш да отвориш, и со Payoneer... ама при верификацијата по тиква ќе удрат.
Ако грешам, нека ме поправи некој. Камо да грешам :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom