ESTIEM LG Skopje со отворен повик за ИТ волонтери и тренери!

Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
IT SchoolSkopje според својата структура и тип на настан преставува еден вид на мини академија по основи на информатички технологии. На овој настан ќе присуствуваат околу 18 странски студенти за кои ќе имаме организирано различен тип на тренинзи и предавања од страна на познавачи на информатичката технологија. Особено ни е драго и чест што ја имаме таа можност да го организираме моментално еден од најпрестижните настани во ЕСТИЕМ и настан кој е во својот подем.

За таа цел, отвараме јавен повик на кој може да се пријават апсолвенти, како и ентузијасти кои би сакале да одржат тренинг во склоп на IT School Skopje. Темата на овогодинешниот настан е Web Development и се очекува од тренерите да пренесат основни и корисни информации од HTML, CSS, ASAP и MySQL.

Тренинзите ќе се одржуваат во современите лаборатории на University American College.

Периодот за аплицирање за тренери е до 29 декември.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

ШТО ДОБИВАТЕ ?

Секако, со тоа што ќе посветите дел од вашето време, секој од тренерите ќе добие сертификат за одржан тренинг на интернационален настан. Сертификатот е важечки и е доставен од централно ЕСТИЕМ.

И секако многу дружба и запознавање на студенти од Европа.

Доколку имате прашања, слободно контактирајте не на skopje.board@estiem.org или погледнете ја нашата Фан Страна

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

ACADEMICAL CONTENT for IT School Skopje
  1. HTML
  2. CSS
  3. ASP
  4. JavaScript
  5. MySQL

Нивото на тренинзите треба да биде на некое основно ниво, бидејќи станува збор за партиципанти од машински факултет.


Времетраење на настанот: 3 – 10, декември, 2015



Подетални информации во ПП.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom