Email Маркетинг - Понуди и опции

Член од
28 август 2009
Мислења
779
Поени од реакции
873
После долг период од работење со различни бази а и плаќање по различни сервиси, имам за идеја да почнам да нудам ваква опција.

Веќе имам моја веб страна која ја користам како портфолио и на неа ќе ги објавам пакетите, но предходно би сакал да видам што ќе кажете.

Моментално на работа користиме 3 сервиси кој нудат емаил маркетинг, каде 2 даваат некаква статистика, која искрено не ми држи вода и еден сервис кој воошто не дава статистика. Баш ради овој факт а и делот каде плаќаме солидни, да не кажам високи цени, би сакал да пробам да пуштам една реклама и да видам фидбек. (ако ви интересираат кој се, ќе ви ги пратам у порака).

Низ годиниве имам квалитетни (под квалитетни подразбирам интерес кон отварање) емаил адреси (95% се компаниски - и тие меиолови што се на физички лица, претставуваат некоја фирма), бидејќи сите кампањи што сме ги воделе биле B2B, а тоа се околу 11,000 адреси,сите Македонски.

Би сакал да видам што мислат другите? Дали вие би прифатиле вакво нешто? И која цена би ја платиле за рекламирање од ваков тип?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
10.417
Поени од реакции
9.202

Па тоа не е баш легално, колку што се разбирам јас...
 
Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.321
Поени од реакции
29.050
Не би прифатиле, зошто:
a) Не е легално. Освен што ќе ме окарактеризираат како спамер, можам и да го јадам од законот;
b) Треба да се таргетираат релевантни е-маил адреси, како на корисници кои сами се претплатиле на сервисот, а не на рандом теткици од кадрово.
 
Сите меилови ми се корисници односно адреси кои низ годиниве се сабскрајбнале (ако бидам искрен, од 3 различни вебови).

А веруј, на ова што плаќаме и што го има во Македонија (освен Групер, зошто имаат реални корисници) на тој принцип работат. Собираат меилови од нет, ги вметнуваат во бази (некои во зависност од категорија) и ти наплаќаат.

А и да, не бев комплетен.. Поврзаноста на корисниците е од браншата на ИТ, електроника, безбедност, безбедносна опрема... Ако воопшто почнам да го користам, нема да има поента да пуштам меилови за незнам, тура во Банско.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
10.417
Поени од реакции
9.202
Баш ме интересира дали знае некој како се движат цените на активини мејлови на црна берза во Македонија ..
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
8.940
Поени од реакции
10.290
Пропадна бизнисот со апаратите по пицерии? :icon_lol:
 
Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.321
Поени од реакции
29.050
Сите меилови ми се корисници односно адреси кои низ годиниве се сабскрајбнале (ако бидам искрен, од 3 различни вебови).
Они се сабскрајбнале за едно, ти ги користиш за трета работа која нема врска со таа што се пријавиле.
Зошто мислиш дека тоа е дозволено и не спаѓа во непосакувана пошта (спам)?
А веруј, на ова што плаќаме и што го има во Македонија (освен Групер, зошто имаат реални корисници) на тој принцип работат. Собираат меилови од нет, ги вметнуваат во бази (некои во зависност од категорија) и ти наплаќаат.
Велешани и глупи копиљаци кои мислат дека ќе направат инстант милионче од жнеење адреси - да. Групер и мал милион сериозни фирми - не. Тие работат како што треба и користат е-маил адреси од корисници кои сами се претплатиле за да ги добиваат релевантните информации (а не спам).
 
Последно уредено:
Член од
28 август 2009
Мислења
779
Поени од реакции
873
Велешани и глупи копиљаци кои мислат дека ќе направат инстант милионче од жнеење адреси - да. Групер и мал милион сериозни фирми - не. Тие работат како што треба и користат е-маил адреси од корисници кои сами се претплатиле за да ги добиваат релевантните информации (а не спам).
Не си користел македонски сервис за ваква потреба па затоа мислиш дека вака функционираат. Ако некад имаш прилика, ќе пробаш и ќе видиш дека не е така сјајно како што мислиш.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
81.578
Поени од реакции
182.793
Не си користел македонски сервис за ваква потреба па затоа мислиш дека вака функционираат. Ако некад имаш прилика, ќе пробаш и ќе видиш дека не е така сјајно како што мислиш.
Мојата фирма е една од тие што го нуди сервисот (bulk mail & sms) и баш онака функционираат како што опиша Ацид, барем сериозните фирми.

Нема да добиеш мејл или Вајбер порака со промоција од еден Спорт Вижн на пример еве ако не си одобрил на каса, па мајка Јана нека е.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.102
Поени од реакции
7.057
Ниту една сериозна фирма не би купила имејл адреси за да им праќа понуди и newsletter-и кога не се претплатиле за таа услуга. Во Германија важи со новиот закон од лани double opt-in, не само што треба да стегнат Subscribe на твојата веб страна, туку истиот мора и по втор пат да го потврдат по добивање на confirmation email. Ако ти дојде инспекција и не им покажеш во базата на податоци кога и како се претплатиле, отидоа милионски казни.

Ова е во најмала рака нелегално и гадно. Ама во вукојебина ко МК може и ќе пројде.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
779
Поени од реакции
873
Глеј, не сакам да се убедувам, чисто информативно ја отворив темава ама некако немате искуство со наши сервиси. Ја спомињате Германија човече..

Ниту една сериозна фирма не би купила имејл адреси за да им праќа понуди и newsletter-и кога не се претплатиле за таа услуга.
Ова ти го праќам колку за пример:
http://thinkbig.mk/

Нудат емаил маркетинг. Не ни личи на веб.. А знаеш ли какви компании/бизниси го користат? Од банки и салони за бела техника до сендвичарава у населба. Баш би сакал да знам од каде им се базите , а тврдат дека имаат над 20к - статистика не даваат. Ако сакаш, ќе ти пратам утре скриншот ќе видиш кој све им плаќа за меилови (зборам за приватни лица). Тоа што го зборите е така, ама не во Македонија.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
23.384
Поени од реакции
36.444
Зошто баш тебе да ти кажат од каде им се?
Тие може платиле, ама добиле мејлови од корисници кои претходно дале одобрение за тоа.
Сериозна фирма нема да ти прати ништо. Еве пример пишано Спорт Вижн, јас никогаш немам одобрено и ми нема стигнато ништо од нив. Одамна што имам оставено мејлови кај неколку други поголеми компании и само од тие добивам.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.321
Поени од реакции
29.050
„Гомното е вкусно, пробајте“
„Човече, има луѓе што пробале и верувај ми - гадно е!“
„Не бе, во Германија е може гадно, тука е вкусно и многу луѓе имаат пробано гомца“.

Така некако се одвива муабетов до сега.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
81.578
Поени од реакции
182.793
Од банки и салони за бела техника
Кои? НЛБ, Стопанска, Тутунска, нема шанси да го користат, јас ти кажувам. НЛБ ем ти даваат на лист да штиклираш дали сакаш њуслетери ем и откако ќе ти го земат листот пак усно те препрашуваат.

А ликовиве што ги збориш е прашање на време кога ќе го наебат, дури и по изгледот на сајтот знаеш дека ќе биде гадно.
 
На врв Bottom