Tonchie
BATTERY +
- Член од
- 15 јуни 2005
- Мислења
- 13.343
- Поени од реакции
- 7.455
Скопје Undercity Festival е уникатно и ексклузивно музичко доживување.
Младинскиот Културен Центар со својот специфичен распоред нуди еднинствена можност за паралено случување на две одделни забави во иста вечер на два посебни подиуми а со иста влезница.
На два различни музички подиуми ќе се случуваат забави и настапи на врвни дји
Техно подиум:
ALEXANDER KOWALSKI – Tresor, Berlin
Goran Kan
+ други дји
Транс подиум:
Electric Universe – Dacru, Berlin
Bushava Azbuka – Retro set
Satelitte & Navigator back 2 back progressive set
ALEXANDER KOVALSKI е еден од пионерите на техно звуците кој и по 20 години кариера сеуште го држи приматот на интернационалната музичка сцена.
Тој денес е високо респектиран продуцент,дј и ремиксер,и сопственик на издавачката куќа со непогрешлив препознатлив стил и импресивна дискографија.
4 те негови албуми се сметаат за класика во издаваштвото и омилени албуми помеѓу фановите на електронската музика.
Alexander Kowalski припаѓа на германското музичко подземје а живее и работи во Берлин.
Неговите високореспектирани настапи во живо како и исклучителните добро познати дј сетови на 4 грамафони го прават задолжителен гостин на најголемите техно фестивали во светот
Time Warp, I Love Techno, Monegros, Creamfields, Nature One, Melt!, SonneMondSterne, Wire Japan and Mayday.
Важно е да се напомене дека неговата издавачка куќа
Damage Music Berlin за кратко време се етаблира во една од најважните иновативни тригери на интернационалната музичка сцена
со јасна дистинкција помеѓу хаус и техно музиката.
ELECTRIC UNIVERSE е несомнено едно од најлегендарните имиња на транс сцената кое повеќе од 25 години ја диктира музичката транс револуцијата и експанзија.
Тоа е едно од најреспекираните имиња со огромна дискографска кариера зад себе која брои неколку албуми и 100 тина синглови помеѓу кој и неговите странични проекти и соработки со многумина артисти од неговата бранша.
Цената на влезиците ќе биде специјална за овој настан и тоа
250 ден само на билетарата на МКЦ
300 ден во 1/2 ЈУГОТОН и купикартизасе низ РМ
300 ден на влез до 00.00 а потоа 350 ден