EHF Champions League - VELUX Handball Manager

Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Па таман си е направено, да се види кој како игра, кој играчи се во форма ќе се форсираат итн. Таман си напрајв еден тим, сеа ќе видам кој како ќе изигра во второ коло па може и ќе сменам нешто пред да го затворам тимот. Инаку засега:

голмани Металург​
Дибиров - Димовски - Манасков​
Рутенка - Вујин - Душебаев​
 
Член од
7 јули 2010
Мислења
1.695
Поени од реакции
828
Голмани Металург
Рутенка-Илич-Ненадич
Абало-Агуинагалде-Дибиров
:cool:
 
Член од
30 ноември 2010
Мислења
120
Поени од реакции
66
Ај и јас да си го претставам тимот па ке видиме:
Голмани:Металург
Манасков-Тоскиќ-Дибиров
Лазаров-Рутенка-Густафсон
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.239
СПОРЕД ИНТЕРНЕТ-ИГРАТА НА ЕХФ, “ХАНДБАЛ МЕНАЏЕР“, НАУМЧЕ МОЈСОВСКИ Е НАЈСКАПИОТ МАКЕДОНСКИ РАКОМЕТАР.

26.09.2013 16:29

Најдобриот ракометар на Металург и прв стрелец на тимот за минатата сезона во Лигата на шампионите, а вкупно четврти, Наумче Мојсовски, е трет според вредноста (10,5 милиони виртуелни евра) во играта на Европската ракометна федерација (ЕХФ) „Хендбал менаџер 2013/2014“, која се игра преку Интернет.
Минатата сезона по завршувањето на натпреварите од групната фаза ЕХФ ја почна оваа игра во која преку логирање на линкот http://manager.handballenergy.com, сите вљубеници во игрите во кои се менаџира екипа добиваа по 50 милиони виртуелни евра за да состават тим од учесниците во завршната фаза од ЛШ (осминафинале, четврт-финале и фајналфор). Сите играчи имаа одредена цена и можеше да се состави само тим од различни екипи и кој не надминува 50 милиони (на пример голман од Барселона, лево крило од Кил, пивот од Киелце и сл.). И сезонава принципот е ист, но сега се почна од 1. коло на ЛШ.
По секој одигран реален натпревар од фазите, цената на играчите во селектираниот тим расте или опаѓа во зависност од прикажаната игра. Целта на играта е да се состави тим од играчи што добро играат во континуитет на секој натпревар, за да профитираат по секое одиграно коло како менаџер на својот тим. Најдобриот менаџер на крајот од сезоната ќе добие две ВИП-влезници за фајналфор-турнирот за сезоната 2014/2015. Второпласираниот ќе добие една влезница од втора категорија, а третиот, четвртиот и петтиот ќе добијат ракометна топка со автограми од најдобрите.
Според нивните процени, највредни ракометари се Ханс Линдберг (Хамбург) и Микел Хансен (ПСЖ), со по 11,5 милиони евра, следуваат Гаспар Магус (Цеље) и Андреас Егерт (Флензбург) со по 11 милиони. Домагој Дувњак (ПСЖ), Михаил Јурецки (Киелце) и Мојсовски (Металург) имаат вредност по 10,5 милиони, а Кире Лазаров (Барселона) и Ренато Вугринец (Металург) по 10 милиони. Најскапи се голманите на Барселона (тие се вреднуваат во пакет, а не поединечно) 9,5 мил. Најскапо крило е Линдберг (Хамбург) со 11,5 милиони, најскап бек е Хансен (ПСЖ) со 11,5, а кај пивотите најмногу вреди Бјорт Мурхол (Левен) 8,5 милиони.
Според ЕХФ-цените за оваа игра другите играчи на Металург, според вредноста, се: Павел Атман 7,5 милиони, Дејан Манасков 6,5, голманите вредат вкупно 6 милиони, Гоце Георгиевски 5,5, Филип Миркуловски пет итн.
Кај вардаровите играчи највисока цена има Тимур Дибиров со 8,5 милиони, Михаил Чипурин шест, Матијаж Брумен и Алем Тоскиќ по 5,5, Филип Лазаров четири, Стојанче Стоилов 3,5 милиони, итн. Топ 10 по вредност:
Ханс Линдберг (Хамбург) 11,5
Микел Хансен (ПСЖ) 11,5
Гаспар Магус (Цеље) 11
Андреас Егерт (Флензбург) 11
Домагој Дувњак (ПСЖ) 10,5
Михаил Јурецки (Киелце) 10,5
Наумче Мојсовски (Металург) 10,5
Кирил Лазаров (Барселона) 10
Ренато Вугринец (Металург) 10
Филип Јиха (Кил) 10
—————————————————————————————————–
Тимур Дибиров (Вардар) 8,5
Павел Атман (Металург) 7,5
Дејан Манасков (Металург) 6,5
Голмани на Металург 6
Михаил Чипурин (Вардар) 6
Гоце Георгиевски (Металург) 5,5
Матијаж Брумен (Вардар) 5,5
Алем Тоскиќ (Вардар) 5,5
Филип Миркуловски (Металург) 5
Филип Лазаров (Вардар) 4
Стојанче Стоилов (Вардар) 3,5
Сезонава ЕХФ ја прошири играта и со листа на популарност, па така од играчите, Никола Карабатиќ (ПСЖ) ужива најголеми симпатии кај публиката, а голманите на Металург (Дарко Станиќ, Никола Митревски и Раде Мијатовиќ) се најомилени меѓу чуварите на мрежата.
Топ 10 по популарност:
Никола Карабатиќ 31,27 %
Жулен Агуинагалде 30,59
Голмани на Металург 30,33
Уве Геншхајмер 22,91
Момир Илиќ 21,11
Серхеј Рутенка 19,75
Лук Абало 16,66
Ласло Наѓ 16,32
Кирил Лазаров 15,82
Мануел Штрлек 13,97
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.239
Абе што е ова со поканиве? Преку 100 покани добив? И кај вас е исто?
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.239
јас капитен сум го ставил :)
и како е ова сега гледам од Вујин вчера и се качува вредноста на тимот со секое постигнување на играчите?
Да, се собира постигнувањето на сите играчи и ти додаваат пари на сметка. Лошо за нас двајцата е што Рутенка нема да има никакво постигнување :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom