EFT Прва машка ракометна лига

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Значи вака, со темава каснам пола сезона, али се решив да ја отворам сега на сред полусезона знаејки дека има некој што ја прате или игре оваа лига, се надевам ке има по некое мислење за утакмиците. Најпрво да им честитам првото место на Драчево, кој го земаа сосема заслужено. Се одиграа 14 натпревари, од кои Драчево доби 12 со победа, 1 играше нерешен резултат и имаат еден пораз кај Преспа.

Во Супер Лига, влегуваат првите два тима кој ке имат најмногу бодови а мисламд ека 3тиот и 4тиот ке играт бараж за влез, така добив информација така ви кажувам.
Еве како изгледаа резултатите од последното коло на EFT Првата машка ракометна лига:

ОВЧЕ ПОЛЕ МИ – МЕТАЛУРГ ЈУНИОР 32:22 (13:11)
МЛАДОСТ – БИТОЛА 31:42 (15:19)
ПАРТИЗАН – ПРЕСПА 2010 27:28 (18:15)
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 64 – ЛАЗАРОВИ 35:22 (19:10)
МЛАДОСТ 09 – РИНИА М 10:0 службено
ДРАЧЕВО – ЗОМИМАК М 35:26 (14:09)
РАДОВИШ - ТЕКСТИЛЕЦ 40:33 (20:16)
СТРУГА ИЛИНДЕН - слободен
ТЕКСТИЛЕЦ – РИНИА М натпревар од XI коло 27:20 (14:11)

Еве како изгледа и табелата после оваа полусезона:





Следното коло почнува на 26 Февруари, се надевам дека ке биде интересно понатака.
Бујрум!
 

Attachments

Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
ја следам првата лига пасивно, до пред некое време играв за драчево.

влегуваат првите 4 тима од прва лига, а 5-тиот игра бараж со последниот тим од супер лига, оваа година никој не испаѓа од супер лига(освен последниот ако изгуби во баражот), само се проширува лигата, со тоа што вардар и металург нема да се натпреваруваат во неа се до крајот на сезоната кога ќе се игра плеј офот, дотогаш ќе се концентрираат на балканската(регионална) лига и европските купови.

неофицијални информации велат дека кавадарци 99% ке го нема до година, од причина што немаат газда и нема пари, истата судбина им се надзира и на ресенчаните, како и на рк куманово....додека борец велес уште одамна се знае дека е кандидат за испаѓање

драчево е добра екипа, втора сезона се во оваа лига, со доста промени од лани оваа година успеаа да дојдат заслужено на врвот и се сигурни учесници во супер лигата до година...на полусезона се појачуваат со уште 1-2 играчи од супер лига...поточно од р.к. куманово...
 
M

MrzaRules

Гостин
неофицијални информации велат дека кавадарци 99% ке го нема до година, од причина што немаат газда и нема пари, истата судбина им се надзира и на ресенчаните, како и на рк куманово....додека борец велес уште одамна се знае дека е кандидат за испаѓање
Па и не би рекол дека Борец е сигурен за испаѓање... види тука ,а незнам и од кај ти е информацијата дека Рк Куманово ќе го нема,напротив,Рк Куманово го засилува тимот на полусезона и прави доста солиден тим за продолжението на сезоната...
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
Па и не би рекол дека Борец е сигурен за испаѓање... види тука ,а незнам и од кај ти е информацијата дека Рк Куманово ќе го нема,напротив,Рк Куманово го засилува тимот на полусезона и прави доста солиден тим за продолжението на сезоната...
ок, го немав прочитано ова искрено, глеам една недела пред нова година излегло и во тоа фрките ми се промакнало некако...ок супер да се решат финансиските проблеми само, за другото не е проблем за велешани, голем град со големо познавање ракометно кај народот...своевремено имаше и 2 клуба, само пари се проблем....скоро кај сите клубови освен вардар и металург....знам добро колку добри играчи произлегле од велес и колку се тешки гостувањата таму, што за разлика од струмица, која е одбојкарски град неможе да се каже...(знам дека иксфајр сеа ке реагира ама :) )

- куманово нема пари да ги плати засилувањата надвор од градот затоа одпушти 3 играчи кои дојдоа како позајмица од МРК Вардар...ги испуштија пошто и така немаат шанси да се борат за некое место погоре, и без нив ке ја догураат сезоната до крај...а со кого се засилиле на полусезонава?
 
Член од
9 август 2010
Мислења
105
Поени од реакции
27
Куманово мислам дека имаат земено 1 или 2ца играчи од В.В. Тиквеш и тој русинот што го имаат,а од Мрк Вардар е останат само Цаци(Славиша) мислам.
Во Борец се очекува да пристигнат неколку играчи(Караиванов,Клинчаров и Јовчевски од Вардар Про) Љупче Игнов кој е од Велес,а играше за Куманово до зимскава пауза е сигурно нов играч на Борец,Игор Тодоровски(има играно во В.В.Тиквесш,во Грција и нез на кои др места) од Велес е исто нов играч на Борец,Горан Паунков од Богданци(голман) е сигурен играч на Борец,исто така Виктор Гигов повратник од Исланд,тренира со Борец и можно е да застане на голот на Борец оваа полусезона.
Мое мислење е дека Борец нема да ја напушти Супер Лигата и како што кружат муабети низ велешката чаршија другата сезона Борец можно е дасе бори за горниот дел на табелата.
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
Куманово мислам дека имаат земено 1 или 2ца играчи од В.В. Тиквеш и тој русинот што го имаат,а од Мрк Вардар е останат само Цаци(Славиша) мислам.
Во Борец се очекува да пристигнат неколку играчи(Караиванов,Клинчаров и Јовчевски од Вардар Про) Љупче Игнов кој е од Велес,а играше за Куманово до зимскава пауза е сигурно нов играч на Борец,Игор Тодоровски(има играно во В.В.Тиквесш,во Грција и нез на кои др места) од Велес е исто нов играч на Борец,Горан Паунков од Богданци(голман) е сигурен играч на Борец,исто така Виктор Гигов повратник од Исланд,тренира со Борец и можно е да застане на голот на Борец оваа полусезона.
Мое мислење е дека Борец нема да ја напушти Супер Лигата и како што кружат муабети низ велешката чаршија другата сезона Борец можно е дасе бори за горниот дел на табелата.
супер чим така, ралунајки на уште 5-6 души од постоечките играчи ке имате супер екипа за во супер лига...од овие засилувањата шо ги набори едино гигив незнам у каква форма е али на времето беше добар, уствари колку има сега години тој? од другиве играчи освен караиванов, но само ако тренира јако, другиве и не се ништо подобри од велешките деца...а тодоровски искрено не ми е познат
 
M

MrzaRules

Гостин
Тодоровски настапуваше за Борец,па отиде во ВВ Тиквеш и од таму отиде во Грција,Турција и сега повторно се врати назад во матичниот клуб...инаку Гигов е во одлична форма бидејќи ако не се лажам до пред месец два настапуваше во некој тим од Кореа.... 37530_1537263393989_1307001921_31491173_5254926_n.jpg 37710_1537261353938_1307001921_31491172_848301_n.jpg еве 2 слики од него во дресот на тимот од Кореа.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Добро забегавте малце, говориме за Првата лига, не за играчите или трансферите.

Инаку, ДА, Драчево се една од најквалитетните екипи и сигурен сум дека ке одат во Супер Лигата, мада никој не може да ги победи на домашен терен иако сите екипи се многу добри на домашен терен, сепак со овие резултати сигурни се. Имаат само еден пораз во Ресен од Преспа, таму искрено да кажам нон-стоп судат тие двајца судии и дали се платени или нешто незнам ги убиваат гостите, едноставно мора да си победат домаќините, и затоа го имаат овој пораз Драчево. Ах тие тие.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Редовно ги следев настапите на РК Битола во Првата Лига...
Екипа која е составена претежно од бивши младинци на Пелистер,кои не добиле (поголема)шанса да играат во прв тим,со исклучок на десниот бек Томе Георгиевски,кој неколкуте последни сезони беше стандарден во Пелистер....Фарук Мемиќ е еден од поискусните ракометари,Бале Бојчевски е главен бек шутер на екипата...
Најверојатно Пелистер ќе им позајми неколку играчи за пролетва ,се спомнуваа ветеранот Кире Атанасовски,голманот Ѓоргиевски...
Имаат неколку млади и доста талентирани играчи,кои можат да имаат добри кариери...
Тренер е поранешниот прославен играч на Пелистер,Томе Петрески...
Зависи од парите шо ќе ги имаат на располагање,ќе зависат и амбициите дали ќе влезат во Супер лига или не....
Имаат помош од неколку поситни спонзорства(БИ-МИЛК,ЦЕРМАТ::некои иселеници....:)...ќе видиме дали ќе најдат пари...за да направат подобар тим за Супер Лига..
Не ми се верува луѓето од РК Битола,на чело со Петко Босеовски.(бивш играч на Пелистер од старата гарда)....да влезат во експериментот СУПЕР ЛИГА,и да бидат топовска храна..
Ќе влезат само ако имаат услови....
Добро ќе биди...Битола да има два клуба...
Засега имаат доста солидна екипа...
Со мали корекции,зошто да не се пробаат во Лигата...

Од екипите шо гостуваа во Битола,ниту една не ми остави некој поголем впечаток....
Овче Поле гостуваше во првите кола...уште во септември,изгубија со 3,4 разлика....
Не ми остави впечаток Овче Поле...посебно не нивните бекови...ТОТАЛНА НЕДИСЦИПЛИНА ВО ИГРАТА....
Таа беше понеизвесна утакмица...другите Битола ги доби убедливо....
Околу другите екипи во лигата...
Кичево имаа неколку добри деца доста талентирани,посебно средниот бек....
Текстилец имаат неколку добри млади таленти..
Преспа е истата екипа веќе неколку години предводена од Никола Тасевски..
На гостински терен беа тврд орев и за екипи од Супер Лига...камоли за некоја екипа од Прва Лига...
Голем притисок има во Ресен,и врз судии и врз гостински играчи..одсекогаш...
По кажувањата на луѓе од РК Битола,Драчево е најквалитетна екипа...предводена од Битолчанецот Игор Котевски...
Тие се сигурни супер лигаши...за другите,пред се мислам за РК Битола,се ќе зависи од парите...
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Има некаде ститистика за како играат некои играчи?И има некаде да се најде детална статистика за суперлигата?
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Атанасовски не оди Битола, нема да игра нигде!!!
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Значи, на 19/20.02.2011 започнува пролетниот дел, односно другиот дел на сезоната од Првата лига во Македонија.
Еве ги двојките кои треба да играат овој викенд :

Сабота 19:00 РК Овче Поле - РК Битола

Недела 13:00 РК Младост - РК Преспа 2010

Сабота 18:00 РК Партизан - РК Лазарови

Сабота 19:00 РК Ѓорче Петров 64 - РК Ринија

Сабота 14:00 РК Младост 09 - РК Зомимак М

Недела 14:00 РК Драчево - РК Текстилец

Сабота 16:00 РК Радовиш - РК Струга Илинден

Металург Јуниот - слободен


Ова би било првото коло од оваа година.
Што ке предложите вие, како ги гледате овие утакмици, има некој фаворит што сигурно победува, може да се коментира. :Р
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Резултати имам само од следнива парови, што се одиграа овој викенд во Првата Македонска Ракометна Лига:
РК. Овче Поле 34:33 РК Битола
РК. Ѓорче Петров 64 39:29 РК. Ринија
Младост 09 20:13 РК. Зомимак М

другите уште немам информаирано.
Овче Поле се изнамачиле со Битолчани, имаат многу добар состав и двете екипи.
Младост и ЗомиМак цврст натпревар сепак фаворитот победи.
Горче петро убедливо против Ринија, ги зназија сега гостуваа на домашен терен кај Зомимак М.
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
Резултати имам само од следнива парови, што се одиграа овој викенд во Првата Македонска Ракометна Лига:
РК. Овче Поле 34:33 РК Битола
РК. Ѓорче Петров 64 39:29 РК. Ринија
Младост 09 20:13 РК. Зомимак М

другите уште немам информаирано.
Овче Поле се изнамачиле со Битолчани, имаат многу добар состав и двете екипи.
Младост и ЗомиМак цврст натпревар сепак фаворитот победи.
Горче петро убедливо против Ринија, ги зназија сега гостуваа на домашен терен кај Зомимак М.
Драчево на домашен терен го победи текстилец 26-23 (8-11)
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Е, така. Чим дознајте резултат или нешто друго пишете.

Инаку не очекував дека толку многу ке потпри Текстилец, дури се водиле на полувреме!
Не се во форма сега баш првото коло изгледа Драчево :Р.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom