E3 2017

Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Еве тема за дискусија за сите новитети што ќе бидат претставени на овогодинешниот Е3 саем во Лос Анџелес кој се одржува наредниот месец од 06.13 до 06.15 како официјални дати но ќе има настани и пред тоа. За сите оние кои не знаат што претставува овој саем за гејминг индустријата еве едно кратко видео на кое е објаснето:
Секако овој е можеби најочекуваниот Е3 саем во последните неколку години, бар јас откако го пратам, еве го водичот во кој се наведени сите конференции како и наслови кои се очекува да бидат представени, прочитајте го за да не ги копирам овде и за почиста дискусија:
http://www.hcl.hr/game-special/sto-mozemo-ocekivati-od-e3-2017-sajma-106428/
Бидејќи веќе почнаа да летаат информации на сите страни околу некои игри, мислев дека е време да ја почнам дискусијата. Па еве ќе почнам со моите очекувања, веќе и птиците знаат дека Мајксрософт ќе ја претстави Шкорпио конзолата и дека тоа ќе заземе голем дел од нивната конференција, како и некои џиџи-миџи ствари за него. За игри не очекувам премногу кога ќе се земе во предвид кои студија ги поседува, за разлика од Сони нема некои екстремно квалитетни студија, како што се Ноти Дог, Сакер Панч, Сони Санта Моника, Квантум Дрим, Герила Гејмс, СИЕ Јапан итн. Од Сони очекувам многу да признаам, минатата конференција беше најдобро што сум видел, зборење на минимум, само голем филмски екран, музика во живо со диригент, и удри брате трејлер по трејлер. Секако тука ќе бидат и големите паблишери како ЕА, Убисофт, Бетесда, Нинтендо, како и посебните настани ПЦ Гејминг Шоу во организација на порталот ПЦ Гејмер, и Е3 Колисеум евентот. Да не пишувам во детали имате во водичот, па ете започнете ја дискусијата со игрите што вие ги очекувате на Е3, без разлика дали се нови, или веќе видени со нови материјали и гејмплеј.

P.S Еве некои вести кои испаднаа пред Е3
http://www.hcl.hr/vijest/beyond-good-and-evil-2-nece-se-pojaviti-ni-na-ovom-e3-sajmu-107069/
http://www.hcl.hr/vijest/halo-serijal-u-2017-ce-potpuno-zaobici-e3-sajam-106571/
http://www.hcl.hr/vijest/sljedeci-need-for-speed-vodit-ce-kolonu-electronic-artsovih-igara-na-e3-sajmu-104958/
http://www.hcl.hr/vijest/nintendo-e3-2017-konferencija-105864/
 
Член од
7 септември 2010
Мислења
1.166
Поени од реакции
1.262
Се надевав дека Убисофт пријатно ќе не изненадат со Beyond Good and Evil 2 ама 10 година по ред ништо.За Сони е јасно дека како и на прошлиот Е3 така и на овој ќе бидат топ тема на настанот.За Мајкрософт немам некои големи очекувања.Ќе ја претстават само новата конзола Шкорпио и пак со ексклузивите ќе ја покакаат.Нинтендо мислам дека ќе бидат интересни и се надевам дека покрај Mario oddysey ќе претстават и нешто друго(можда Paper Mario :love:).
btw. dace@mkd ти си DRAGAN(MKD) na hcl?
 
Да да јас сум, го пратам тој портал одамна уште пред 5-6 години, најдобар портал за гејминг новости во поширокиот регион. Морав да ставам МКД за да не ме гњават за јазикот и граматиката. Инаку се сложувам со тебе, јас мислев ќе ја покажат Фар Крај на крајот како шлаг на тортата, како што им е традиција секоја година така да ја затворат конференцијата, но сега ме замислија која ќе биде друга игра на крајот, можеби принц оф персиа, одамна немаме продолжение, кој знае. А мајкрософт и да сака не може ништо да направи во поглед на ексклузивите, го нема тој капацитет како Сони со неговите СИЕ студија, а видовме дека не е способен ни да плати да му направат игра, после дебаклот со Скалебоунд и платинум гејмс.
 
Малце офтопик,дефинитивно hcl hr и goodgame hr се едни од подобрите,ако не и најдобри гејминг портали во нашиве региони,со то што хцл има боље комјунити,гоод гејм скоро и да нема ни коментари,дискусии и слични работи.Додека пак рецензиите и на двата портала им се интересни и горе доле реални.Така да кој сака да читне нешто за гејмингот му ги препорачувам двата портала подеднакво.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom