Eволуцијата на Т‘га за Југ

Подобар начин на затворање и заштита?

  • Плутена тапа

    Гласови: 28 80,0%
  • Навојни ‘капачиња‘

    Гласови: 7 20,0%

  • Вкупно гласачи
    35

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Виното за прв пат произведено пред 40 години во чест на Струшките вечери на поезијата, со тек на време стана симбол за нашето вино надвор и бренд во национални рамки, а и во околината.Секогаш важело за различно од сите други вина, се до пред некое време, кога почнаа многу промени околу етикетата, дизајнот, вкусот, квалитетот и слично.
Етикетата од почетокот на производство, се до 2003 год. со назнака /врвно вино/

Од секогаш на цена и глас, а цената особено скокна по влегувањето на М6 во 2003 (фирма на Свето Јаневски) во Тиквеш.Истовремено квалитетот како да стана променлив, а во истиот период дојдоа и неколку промени на амбалажата.Според мене знак на несериозност на една реномирана фирма, посебно на (дотогаш) најпознатиот производ.
Од лево на десно, етикети на берба 2003, 2004 и 2007 како /квалитетно полусуво вино/

И дојдовме до последната промена на амбалажата, пред година - две, како /полусуво црвено вино/.Освен етикетата, најголемата промена е во начинот на затворање на виното.

Голем број љубители се жалат на новиот ‘практичен‘ начин на отворање, со капаче, истовремено со замерки на вкусот на виното и се поголемата цена од година во година, иако според Тиквеш:
‘‘Промената во тапата е со цел да се подобри квалитетот на виното односно следење на светските трендови??? во производство на вина кои не се наменети за стареење во шише, туку се пијат во првите две години по бербата‘‘.

И вториот дел од објаснувањето:
‘‘Од друга страна пак, врвните вина, за кои е потребно подолго одлежување, се затвораат со квалитетни плутени тапи.
Навојните (scrеw cap) затворачи ја спречуваат несаканата оксидација, заштитуваат од контаминација која знае да се случи поради природните плутени тапи, поотпорни се на температурни промени, помагаат во задржување на оригиналните карактеристики на виното, овозможуваат поедноставно отворање‘‘.

Ако е вака според Тиквеш, логични прашања се:
  • Зошто до вчера одеше класичниот начин со тапа и немаше никакви проблеми со подолго чување на виното во шише?
  • Дали до лани сите беа убедени дека пијат вино со врвни карактеристики, а пиеле производ нестандарден во вкус и квалитет (посебно последните неколку години)?
  • Ако навојните затворачи се поефикасни во спречување на оксидацијата, зошто ‘врвните‘ вина (очигледно Т‘га веќе не е во таа категорија) уште се останати на тој принцип?Пологично е нивните својства да се задржат на подолг период ако се со својства за стареење во шише, отколку едно обично вино.
Дали е ова само некаков начин за скратување на трошоци?

И капак на се дојде новото освежување на Т‘га за Југ.

Ако не е за посебна тема, модераторите слободно нека ја спојат со општата тема за вино.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601

и јас како љубител на вино, пред некое време полудев кога видов на виното обично капаче. ама буквално полудев. но морав да се помирам со тоа дека сме отишле у К.. и дека веќе нема да можеме да пиеме убаво вино од тиквеш. жално но вистинито. затоа сега и да не купувам вино од нив.
таа нивна пропаганда дека обичното капаче било поарно од тапата, ...... у задникот да си ја набијат, ко божем цел свет да е луд и ненормален и сите тие вина со такво капаче се продаваат по најефтини цени, а сериозните вина се со плута. но трагедијата е во тоа дека ова срање почна уште пред неколку години кога почна да се продава во “буренца“. да не е тоа вино случајно? ако некој мисли дека Е, ........... БИИИИИП, ГРЕШКА. тоа е ѓубрето/остатокот/комињето од вистинското вино.
ај да не забегувам, пошто ќе ја однесам темава на друга страна, ......... ПЛУТА!!!
 
Член од
24 мај 2010
Мислења
2.048
Поени од реакции
4.640
Проблемот со тапите е очигледен и глупаво е да се каже дека следат светски тренд. Одговорот е мноооогу едноставен. Немаат квалитетна плута и од лоша плута тапа не бидува затоа што на виното му штети без разлика колку е или не е квалитетна бербата.
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Квалитетна плута кошта и тоа доста кошта. Ама што сака нека зборат вино со метално капаче не иде. Плутава зборува за виното, утре да ти се скрши шишево преку плутава ќе можеш да го одредиш фенолниот состав на виното, прво нешто што правам кога отварам вино ја мирисам плутава, што знам, лош потег направија, откако го сменија пакувањето немам купено.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Вино ми треба за во парк кога сакам на раат да си се начукам.Ако не се зима тролитарка во кутија,онда боље ми е без тапа да е.......
Кој ќе иде до рестроаните и да бара му отвараат виното :P
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
105
Поени од реакции
91
овие од тиквеш може да издадат книга " како да упропастиш успешен бренд "
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Нешто за производството на плутени затворачи кои се добиени од дабови дрва од видот Quercus Suber (Cork Oak).
Три водечки земји се производители.Португалија е носител на 60% oд светското производство на плута, Шпанија 29% и Италија 6% и останатото во медитеранскиот дел на Франција, Малта и дел од Северна Африка (Тунис, Алжир, Мароко).

Над 80% проценти од светското годишно производство на вино е пакувано во шишиња со плутени затворачи.
20% од целата преработка на овие дрва одат за вински затворачи, истовремено носејќи 2/3 од заработката.

Плутените тапи можат да бидат рециклирани.Годишно 60% од плутените затворачи на вино одат на рециклирање*.

*Дел винарии во Македонија нудат на ресторани и хотели (поточно келнерите) надоместок за зачуваните тапи од секое шише.
 
M

mordekaj

Гостин
Абе кавадаречка направија...си го уништија најубавото вино шо го имаа....:mad:
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Незнам дали знаете за оние синтетички тапи од некој нафтен дериват се прават...попрактични се од плутата не се кршат на отварање. Што се однесува на мене се исто ми е...ако викаат боље ОК и онака тапите се паин и ди арс. Инаку кога сме кај тапа пакувања тоа е „новите“ Милка чоколада на Нестле...го смија алуминимуот со некоја пласитка...не дека е лошо чувањето ама си имав навика да си кинам од фолијата за да го држам чоколадото онака похигенско беше старото алуминиумско пакување.
Он топик тапите само се во основа моден детал...не гледам зошто да ми продваат скапо шпанско дрво кое тешко се вади кога ми се пие вино?
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Незнам дали знаете за оние синтетички тапи од некој нафтен дериват се прават...попрактични се од плутата не се кршат на отварање. Што се однесува на мене се исто ми е...ако викаат боље ОК и онака тапите се паин и ди арс. Инаку кога сме кај тапа пакувања тоа е „новите“ Милка чоколада на Нестле...го смија алуминимуот со некоја пласитка...не дека е лошо чувањето ама си имав навика да си кинам од фолијата за да го држам чоколадото онака похигенско беше старото алуминиумско пакување.
Оф топик, Милка чоколада на Нестле не постојат, да не си се збунил :) Инаку Милка се такви од кога почнаа со производство во Бугарија.Сигурно е дека помалку се платени во Бугарија отколку во Австрија и Полска, ама цените останаа исти, а грамажата мислам дека е сега 85 место 100 :cautious:
Он топик тапите само се во основа моден детал...не гледам зошто да ми продваат скапо шпанско дрво кое тешко се вади кога ми се пие вино?
Не се во основа мода, туку во основа примарна цел им е заштита на виното од надворешни влијанија, т.е. оксидација и негово расипување, скиселување.Па поради ова имаме можност да пробаме вино од пред 20 години на пример.Пробај држи 2 години вино со обично капаче и види каков вкус ќе е тогаш.
Секундарно важно е модниот детал или луксузниот момент со тапата.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.190
Поени од реакции
21.333
До некаде се од Тиквеш во право со тапијата. Но тој проблем кој го опишуваат се појавува на многу мал дел од вината и секако зависит од квалитетот. Значи на крај работата е да се заштеди пари. И тоа е ок. Само пак како бренд ете да речам помеѓу Македонските вина тапата е прашајне на имиџ и со метално капаче виното губи на имиџ, добива етикета како „ефтино“ вино пошто тие ефтините вина се дефинираат само преку цената па затоа ставаат метално капаче. Иначе Тга за Југ е добро вино но секојпат сметав дека Александријата од Тиквеш е доста подобро.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.263
Поени од реакции
27.675
Вино без плута ко пица без кечап.
Ама знак дека еден бренд пропаѓа е кога од екслузивен, возвишен бренд, се продава во тетрапак.
Ја Кратошија пијам или Т'га?
 
F

FARANG

Гостин
Во Австралија 10% од виното со плута се фрла ради оксидацијата. Со тапа тој проблем се избегнува.

Мислам дека си го преценуваме квалитетот на Тгата. Тапа е ок за тоа вино. Далеку е Тгата од остварување 20-30 долари од флаша за да ја оправда плутата и 10% загуба.

Самиот факт дека сега го призведуваат во кутија ви кажува колкав квалитет е виното... За балканот Вранцеот е специфичен и ценет ама низ светот се бараат Merlot, Shiraz, Cabernet Sauvignon (85% од пазарот е овие 3 вина со Melbec и Pinot Noir 95%), вранецот им е само интересен за смена не за секојдневна конзумација.
 
M

mordekaj

Гостин
Вино без плута ко пица без кечап.
Ама знак дека еден бренд пропаѓа е кога од екслузивен, возвишен бренд, се продава во тетрапак.
Ја Кратошија пијам или Т'га?
Немој да ми ја вреѓаш Кратошијата....:cautious:
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
И дојдовме до последната промена на амбалажата, пред година - две, како /полусуво црвено вино/.Освен етикетата, најголемата промена е во начинот на затворање на виното.

Голем број љубители се жалат на новиот ‘практичен‘ начин на отворање, со капаче, истовремено со замерки на вкусот на виното и се поголемата цена од година во година, иако според Тиквеш:
‘‘Промената во тапата е со цел да се подобри квалитетот на виното односно следење на светските трендови??? во производство на вина кои не се наменети за стареење во шише, туку се пијат во првите две години по бербата‘‘.

И вториот дел од објаснувањето:
‘‘Од друга страна пак, врвните вина, за кои е потребно подолго одлежување, се затвораат со квалитетни плутени тапи.
Навојните (scrеw cap) затворачи ја спречуваат несаканата оксидација, заштитуваат од контаминација која знае да се случи поради природните плутени тапи, поотпорни се на температурни промени, помагаат во задржување на оригиналните карактеристики на виното, овозможуваат поедноставно отворање‘‘.

Ако е вака според Тиквеш, логични прашања се:
  • Зошто до вчера одеше класичниот начин со тапа и немаше никакви проблеми со подолго чување на виното во шише?
  • Дали до лани сите беа убедени дека пијат вино со врвни карактеристики, а пиеле производ нестандарден во вкус и квалитет (посебно последните неколку години)?
  • Ако навојните затворачи се поефикасни во спречување на оксидацијата, зошто ‘врвните‘ вина (очигледно Т‘га веќе не е во таа категорија) уште се останати на тој принцип?Пологично е нивните својства да се задржат на подолг период ако се со својства за стареење во шише, отколку едно обично вино.
Дали е ова само некаков начин за скратување на трошоци?

И капак на се дојде новото освежување на Т‘га за Југ.

Ако не е за посебна тема, модераторите слободно нека ја спојат со општата тема за вино.
Во изјавите нема ништо спорно. Не сум некој експерт за вина, само по игра на случајот последниве години имав прилика да посетам 5-6 производители на вино во Словенија/Хрватска. Покрај потврдата дека се работи за цела е...а наука, втора работа што ми остана во глава е дека сите тие без исклучок тврдеа дека за вината за брза потрошувачка подобри се затварачите со навои.
Не очекувам дека во две страни ќе се сложиме кои чепови за вино се најдобри, за тоа цел свет војна води, само забелешка дека „тапите„ (крунски чепови) никогаш не биле одлика на „врвно вино„.
Да пробам да одговорам на прашањата, аматерски:

1. Затоа што немало подобар (а исплатлив) начин на затварање.
2. И ако биле убедени тоа си е нивна грешка. Врвни вина не се штанцаат на лента како лимови во Железара.
3. Пак, Т'гата а и останатите македонските вина никогаш не биле врвни. Отсекогаш биле вина за „раја„ и масовна потрошувачка.
4.И трошоците ќе ги земам како прашање. За очекување е секоја приватна фирма да оди на намалување на трошоци. Викаат дека добра плутен чеп е минимум 1 евро. Нема логика такви чепови да одат со (најголем дел) од нашите вина, посебно ако се знае дека рокот им е 6 месеци до година а бараат и посебни услови за чување.
Еве неколку интересни линкови околу чеповите, да не го оптеретувам постот:
http://www.jutarnji.hr/template/article/article-print.jsp?id=217306
http://www.vinogradarstvo.com/forum/index.php?action=printpage;topic=27.0
http://www.sveovinu.com/index.php?topic=146.15
http://www.veleri.hr/files/datoteke/nastavni_materijali/k_vinarstvo_2/6__cepovi.pdf
Инаку интересна тема(y).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom