DSLR апарат за сликање во ноќно време помош

Член од
13 јануари 2015
Мислења
7
Поени од реакции
16
Препорака на објектив за истиот

Сум гледал некој од добрите апарати вадат неостри чисти слики во темно(ноќни клубови) со многу детали

Се мислам помеѓу Никон d7100 и d5200 и сум на буџет за почеток заради подобар објектив или да ме исконтактира инбокс некој што се разбира повеке од овие работи

поздрав.
 
Pance24

Мариовец
Член од
26 август 2012
Мислења
270
Поени од реакции
104
Не постои добар фотоапарат , туку постои добар фотограф .
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Препорака на објектив за истиот

Сум гледал некој од добрите апарати вадат неостри чисти слики во темно(ноќни клубови) со многу детали

Се мислам помеѓу Никон d7100 и d5200 и сум на буџет за почеток заради подобар објектив или да ме исконтактира инбокс некој што се разбира повеке од овие работи

поздрав.
јас сликам клубски фотографии во очајно светло, подобро е да обрнеш внимание на објектив, можеш да користиш и блиц (али треба да знаеш како и кога). Денес сите ДСЛР вадат пристојни фотки на ИСО 2000-3200, ако имаш објектив на 1,8 или 1,4 ќе можеш да правиш добри фотки и при послабо светло. Клубска фотографија има свој шарм и некогаш е и добра да е позаматена, потемна, јас ги правам црно бели претежно, битно е да се види акцијата при свирка или атмосфера а не колку ќе биде чиста или јасна
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
f 1.8 / 1.4 објектив
добар јак блиц да го одбиваш од таван
батери грип
било кој дслр - шо поскап поубаво

ако си на буџет иди со канон тело за да моеш да користиш нифти фифти од 100 долари и земи некој јонгнуо блиц од алиекспрес
 
Од кај да ги најдам нифти фифти ?
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Од кај да ги најдам нифти фифти ?
Во Гејлада ги имаш по цена од 100~105 евра
Во Пиксплус по цена од MKD 7,299.00 € 118.88
Моеш и на старо да го најдеш сочуван за некои 4-5000
А моеш и Yongnuo варијантата која е 50$ на алиекспрес ако веруваш во пратките дека се доволно “нежни“
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Од кај да ги најдам нифти фифти ?
Нифти фифти ти е термин за 50 mm прајм објектив. Најчесто се работи за оној со 1.8 бленда и е еден од најефтините.
Оној со 1.4 е поскап.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Од кај да ги најдам нифти фифти ?
тој ќе ти биди “тесен“ за клубска фотографија каде ќе сликаш често во гужва некогаш на неколку метра од бендот. 23 е добар избор, или 35 пошто најверојатно ќе земеш тело со кроп сензор
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
тој ќе ти биди “тесен“ за клубска фотографија каде ќе сликаш често во гужва некогаш на неколку метра од бендот. 23 е добар избор, или 35 пошто најверојатно ќе земеш тело со кроп сензор
само шо канон 35мм ф2 е 250 усд
и ја знам шо е убаво ама не веруем дека на суво му се фрлаат пари на типацов
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
7
Поени од реакции
16
Тело Никон d5300 или d3300 + објективот со него, канон-от ми делува ногу солено за опремување и не сум запознаен со нив толку или сум грешка
Објектив f1.8 35-50mm nikkor тука негде (освен ако не има подобар)
и блиц
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Да не отварам тема нова тука ќе пишам

Jaс имам Nikon 18-55mm 1;3,5-5,6G VR и во затворен простор сликав со доста светлина каде што имаше доста движење на луѓе (забава дома кај мене) и некако повеќето фотки изгледаа матни. Кажете некоја техника за да фотографиите да бидат почисто јасни за гледање

Некој техники ако има за доста светлина во просторот и слично.
 
Тоа е објективнот. Што „тело“ имаш?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Да не отварам тема нова тука ќе пишам

Jaс имам Nikon 18-55mm 1;3,5-5,6G VR и во затворен простор сликав со доста светлина каде што имаше доста движење на луѓе (забава дома кај мене) и некако повеќето фотки изгледаа матни. Кажете некоја техника за да фотографиите да бидат почисто јасни за гледање

Некој техники ако има за доста светлина во просторот и слично.
тебе ти се чини дека има доста светлина но апаратот така не мисли па намалил брзина на окинување можеби на 30 или 60 а ако биле доста раздвижени во простор - ете ти како матна фотка.
Тој објектив не е за фоткање во затворено дури и со добро светло али можеш да пробаш следно
1. Крени ИСО, не знам кој модел на апарат имаш али ете стави ИСО 1600
2. Сликај на 18мм (широко) пошто таму ти е најголем отвор на бленда па после кропнувај фотките
3.Метриката намести ја на СПОТ и мери на осветлен дел од сцената, пример немој да мериш на некоја црна блуза, одбери посветол дел каде ќе “нанишаниш“

4. купи друг објектив со отвор 1,8
 
Kajgana Shop

На врв Bottom