Во моментов имам потреба да сум во стар воз кој сообраќа на линијата Скопје-Кочани.
Тргнуваш околу 16 и 20, дремеш во стар вагон, читаш пораки што ги пишувале дечишта по седиштата. Гледаш пустелија насекаде, станици на кои никој не се симнува. Ораници кои ги наводнуваат прскалки кои достигнуваат до возот и ако не е затворен прозорецот, ќе те направат жива вода.

Арно ама, на работната маса во око ми паѓа едно тањирче, полно со ванилички. Не палам светло, да не ги разбудам моите. Распаднати беа поприлично, зимам едно топче, одам над лавабо да си апнам, a таа цела ми се срони на земја, како ја фатив така се распадна. Ијј си викам ама мека била ваниличкава. 