- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.579
- Поени од реакции
- 10.608
Јас пак не ги разбирам овие нашиве тазе иселеници и нивната потреба јавно да се пишуваат нивните мотиви за напуштање на државата, правење на цели есеи од нивните "голготи" и како тоа сега се препородиле од кога стапнале во нивната нова "татковина". И трендот тоа да се објавува по електронскиве медиуми и мрежи, да се праќа по портали, по објави на фејсбук и што ти јас знам. Океј, знаеме сите оти овде е срање и не ја бива работата бе луѓе, јасно ни е и без тоа, не мора некој од швицарска, австралија да ни кажува надолго нашироко како им било овде и како им е сега таму, знаеме за тука од прва рака какви се работите. Па и за странство има доволно информации за тој што сака да се информира.
Таквите клишеа обично одат по следниов редослед:
-тазе дипломец крајно разочаран од системот по сите обиди да се оствари тука како персона еден ден се му доаѓа преку глава, пакува куферите и решава да замине да си ја бара среќата по белиот свет, исто како на приказнине, толку едноставно било киднувањето во странство.
-нагласува оти тој како "капацитет" бил деградиран тука. Иако земал задоволителна плата тоа не му било доволно.
-еднаш кога ќе стигне таму прави паралели со овде, цени на прехрамбени продукти, плата, комуналии, живот...растура стереотипи за западот и докажува дека сите ние овде живееме во заблуда и поим немаме што е живот.
-за крај пишува дека ептен си ја сака државата, акцент става оти народот не го бива и оти е овца. Му недостига дружбата со пријателите и семејството и дека никогаш повторно не би се вратил назад.
Тоа е во кратки црти е стандарното клише, денешниот идеал и успешната приказна кон која се стреми секој млад човек кај нас. Под објавата има илјадници допаѓања, пофалби и по некој обид за демант од некој залутан неуспешен печалбар.
Ништо спорно во потрагата за подобар живот, секој кој е во можност (па и јас кога би бил) би се обидел да формира живот некаде надвор ако смета дека ќе му биде подобро, јас не осудувам, секој во оваа држава се снаоѓа како знае и умее и секој различно го дефинира она што за нив претставува успех. НО од тоа да се создава епска приказна за срадање и пронаоѓање на светиот грал, да се игра на сентимент измешан со контрадикторни елементи на сакање и омраза кон државата, народот...небаре избегале преку граница од С. Кореја, за мене лично е патетично, уште повеќе што тоа се прави јавно, по портали. Ко божем ние овде сме мутави па не знаеме оти не ја бива па бегањето надвор е спасот.

Последно уредено:
Многу глупа работа ми се, сериозно. 
Кога се разбудив едно пет минути ми требаа да сфатам кај се наоѓам и што направив сега. Блеев ко теле у шарена врата и на крај се префрлив во друга соба да спијам, ми дојде премногу за размислување.
Најдов идеја за ручек, мајка ми ми вика па има уште од гравчето од петокот, чекај да се изеде прво тоа. ТугооООоо моја. Па не е интересно вака.
Имам 460 слики у телефон со идеи за јадења, па кога ќе ги испробам сите? А? А? А? Башка у букмаркс колку рецпети имам...
Вака морам да учам бе, нема смисла. 
Тие прошетки на Водно, тој чист воздух на Водно, таа прекрасна шума, тој преубав крст, тој преубав снег на врвот на Водно кој додека сум го газел сум уживал и сум бил среќен, тоа седење на чаршав под некое дрво на врвот на Водно за втори авуст