Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кеј,

Шчо си правиш? Арна ли си?

Јас да те прашам пошто знаеш луѓево заборавија искрено да прашаат: Добар ли си? Бидејќи најчесто тоа се прашува бидејќи е во брзање и едноставно колку да се каже дека го прашал нешто.

Кеј единствено нешто добро во Скопје што остана е градскиот парк, чекам снег да падне и да се прошетам и да уживам во тишината бидејќи само таму ја има.
 
Еднаш пред 10тина години еден комшија се затурка со татко му и ќе го истепаше пред цела улица пошо овој му ги изгорел пиперките, а вечерва седи до мене на маса во пабов и со девојка му си прават бубу бу со носињата, љубовта ги менува луѓето.
 
Се би дал барем еден ден да поминам во 80-те... чудни фризури, светла облека, добра музика со глупи спотови, Стар Ворс, Атари и Нинтендо, видео касети...

Ах бре... :(

 
Посери му се.
 
КајгооОо. :D

Леле како сум учела, еј. :D 6 саати негде, алал да ми е. До душа првиот пола саат додека блеев во книга, се мислев дали да се лакирам, па станав и се налакирав. После тоа пола саат рачунав колку страници имам за учење, па уште колку време имам за учење. Колку сликички има на една страница, итн. итн... Другите два саати гледав Украден живот, Апеш, Бихтар, Ефсун... гледаш како сум ги научила? :D Наредниот саат си гледав смешни видеа со бебиња на јутјуб. Меѓу кои и ова. :X3: Следните саат ипол измислив една рецепта и ја направив. :D И последните пола саат гледав Луд збуњен нормалан. Таа е таа рутина за учење. :D
Ма како сум се изнаучила, јааооо. :sramezliv:

И така цел ден не фатив книга. Сега само што ја фатив. Па редно беше мислам, у 3 саат на полноќ. :D Леле, кога сум ја фатилаааааа... одма ја пуштив. :icon_mrgr: Утре има да ја фатам, и опаш да и' скратам.
Слабо замарам со учење, а? :icon_lol: Е ај чао. :D
 
Читајќи ги коментарите по социјалните мрежи и овде од одредени членови кои на црното викаат дека е бело, македонскиот народ заслужува и многу полошо. :свиркам:

Иначе си купив скии, значи секој викенд на планина. :cool:
 
Доаѓаат луѓе да ми го гледаат станов, го откажав и ќе се селам во нов, и сите се воодушевени од тоа како ми е уреден. Глумам лудило, им се смешкам слатко и им кажувам само едно „Фала“, уствари сум толку арогантна што ми доаѓа да им речам „Тоа поради комбинацијата од балканска топлина со вашите убави материјални нешта. Ладни луѓе, ладен дом.“ Нема да им речам ништо, не ја заслужиле вистината.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom