Пред некој ден си враќав некои филмови нешто околу патувањата на кои сум бил во животов и со оглед на тоа што потекнувам од сосема нормално и обично семејство без некој со високи примања искрено треба да сум презадоволен од аспект на тоа на кои све места имам отидено со мои 33 години. Секако, голема заслуга за ова има и кошарката со која активно се занимавав до 20 години, потоа апсолвентската екскурзија, моите родители и крајно мојот работодавач кој често организира патувања.
Од Балканов само во Босна немам отидено, а баш ми е желба Сараево да го посетам, а од Европа сум бил во Холандија, Франција, Шпанија, Германија, Словачка, Чешка, Австрија, Унгарија, Турција, стандард нели Грција на одмор ко и 99% од нас. Можеби заборавив некоја земја, али у глобала тие се земјите каде сум бил, секако Швајцарија и Скандинавија се примарни цели за периодов што следи, особено што во Скандинавија имам роднини па можам да организирам асално патување и да видам доста работи. Не знам зошто ама во Британија немам желба да отидам, единствено во Шкотска сакам да одам некогаш, а Енглезиве не ги можам, одвратен народ ми се.
Животот е премногу краток за да не ги искористиме шансите да го видиме светот така да кој има минимална шанса нека оди да види се што може, непроценливо искуство и богатство е тоа.
П.с. За Јужна Америка и Азија ќе причекам некоја година, немам можности сега, а ми се огромна желба.
