Драга Кајгана, дали навистина двајца министри во Словенија си поднеле оставка(на што се палат Македонциве) заради обично убиство или позадината и контекстот е многу поголем?
Најпрвин не обрнав некое големо влијание на веста дека дека Словенец е убиен пред бар во градот Ново Место во Словенија , но брзо потоа искочи вест дека и министрите за правда и внатрешни на Словенија си поднесоа оставка. Што на големо воодушевување најде кај Македонеците и веднаш почнаа коментари од типот гледаш ли што е држава убиство се случува веднаш паѓаат министерот за внатрешни и правда на Словенија. Но кога ќе почнат да се повторуваат исти фрази како папагали, нешто најверојатно не е ок.
И прво што ми текна е дека на 2 октомври овој месец дека 20 годишен Словенец уби Македонец во центарот на Љубљана. И види министрите за внтарешни работи и правда таму не си поднесоа оставка. Земав малку да прочепкам колку убиства се случуваат во Словенија годишно и најдов дека бројката во просек се движи меѓуи 13 и 15 убиства годишно. Ама не видов 15 пати во тек на една година министрите таму да поднесат отавка и да им биде прифатена.
Сепак мал дел од медиумите во Македонија се осмелија да дадат наредните денови повеќе детали за настанот, а тоа е дека синот на убиениот Словенец добивал закани од група Роми и не се чувструвал безбедно и го повикал татко му да го земе пред барот, притоа таткото од самото искачње од автомобил на тоа место е претепен и убиен. Но за разлика до други убиства словенечката јавност жестоко се дигна од политичари,градоначалници, новинари до локални жители. Не видов ниту еден од нив да каже да не даваме етничка и верска димензија на случајот, убиство е убиство.
Изјави и рекции освен од министрите имаше дури и од претседателот на Врховниот Суд во Словенија: -судството е „последно на ред“ во вакви случаи. „Прво, потребно е добро и ефикасно законодавство, потоа полицијата, обвинителството и дури потоа судството“, објасни тој.
Премирот на Словенија Голуб изјави ,, насилството не се случува преку ноќ. Се раѓа во средина каде што казната не го следи делото, каде што правдата се одложува и каде што одговорноста ја губи својата смисла“,.
Градоначалникот на Ново Место беше уште пожесток „Овој настан јасно покажува дека владата и одговорните не ги препознале ниту ги решиле проблемите што се присутни долго време. Луѓето претрпеа доста. Ова беше последната капка во чашата. И оние во Љубљана мора да разберат дека нема враќање назад“.
Значи нема македонски изјави од типот да не го политизираме случајот да даваме етничка ваква таква димензија бла бла, како што се случува во Македонија кога жртва е Македонец е стортел припадник на друга етничка димензија.
И на крај доаѓаме до школуваните политичари, новинари и експерти поминати низ школи на УСАИД, Сороси и Конрад Аденаруи и слични, кој како папагали повторуваат дека насилствата, кримналот итн немаат верска и ентичка коменомнента и не треба да се делат на такви дека тоа само примитивни народи и луѓе го прават дека треба да гледаме напред и да се огледаме на Словенија со која во иства држава живевме пред 35 години.
Да и јас велам да се огледаме на Словенија но Словенија не е тоа што си го замислува прогресиното урбано либерално граѓанство на Македонија. Таму сепак Словенците и словенечките животи имаат цена за разлика од Македонија, каде македонските животи се вест од црна хроника а министрите спијат мирно и се недопрливи без разлика која партија на власт била кај нас овие 35 години.