Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Без навреда тие што сте во мешан брак.
Ама стварно не сфаќам, нема ли Македонци у државава, па фатија со цигани и Турци? Не е така сѐ црно-бело. Поготово другата религија е pushy.
Не разбирам.
 
Кајг,
овие денови некако каде се свртам слушам ,,Елдорадо е за стаорците сметот покрај контајнерите", за ,,независните кандидат процесот на кандидирање е Елдорадо споредбено со другите, апсурд во Изборниот законик", продолжува енергетското Елдорадо во издавање на лиценци во РКЕ".

...така Кајгано тебе ти е работава Елдорадо со нас членовите што киснеме тука во текот на денот! :facepalm:
 
Последно уредено:
Никако не можам да сватам како некои се уште мислат дека војската им било нешто најинтересно шо им се десило во животот,животна лекција.Пример првите денови не однесоа во огромно купатило каде шо сите се слековме тасма и пуштија вода за да се искапиме. А од едно пенџерче едни двајца копиљаци кои ја регулираа водата почнаа да викаат -Ќе умрете гуштери и се газеа од смеење.Стварно незаборавни моменти!:D
 
Последно уредено:
За Алкалоид настапија: Веи Ју (втора табла – бели); Јангји Ју (трета – црни); Читамбарам Аравинд (четврта – бели); Александар Инџиќ (петта – црни) и Абхиманју Пураник (шеста – бели).

Па дали има појако? Мамеебам Стојановски.
 
Најубавата девојка на Аеродромот моментално е Македонка, на пуловерот и пишува: my ex still thinks about me all the time. :rolleyes:
И како да не му биди гордост после на чоек, а?
И да, платинум руса е.
 
Кајг,
види ова ти сега, забава зумба стил на брод (не кај нашиов Тончи :))на помал брод, на х релација, на преден план десно предебела разиграна женска, до неа лево преслаба такоџе разиграна женска, поентата во позадина меѓу женштуриеве двајца бродски фраери едниот белец другиот црнец, ама нивните погледи се насочени на исто место, зашто е токму тој избор за центар на внимание? ај сеа, кажи ми ти! џабе диети, вежбање, труд и жртвување од слатки задоволства со цреша на врвот!

 
Последно уредено:
Очи очи, твоје очи, као сјајне бисери у ночи. Очи очи, кад ме гледају...


Има неколку форумски ликој кој се мега кул. Нејчам да ги издвојам да не му пуштат муабет дека сум ги ебал.

Иначе кеј, тој е еден од најголемите стереотипи во врска со хомосите. Дека шом че кажиме геј, секој шо мрда сакаме да го потисниме. Реалноста е дека од 280ет оганчиња на Грајндр, ја врајчам на 3, а се срејчавам со 1но.
 
Кајг,
многу ми е жал за Агим Јонуз, еден од најдобрите политички аналитичари, народен човек, скопска легенда, почивај во мир!
 
Последно уредено:
Драга Кајгана,

Листајќи по порталите ми излезе веста „Само вистината може да им донесе мир на нашите ангели“: Во Кочани се одржа 28. „Марш за ангелите“...

Ги гледам родителите/браќата/сестрите на загинатите, како тивко и со огромна болка маршираат, со погледи кои лутаат бесцелно и безнадежно, и уште еднаш се потсетив каков пораз доживеавме не само како држава, туку и како луѓе и тоа секој поединечно од нас кој со некоја своја постапка на било и кој да е начин допринесол да сме ова што сме денеска.

Искрено, пред една-две недели на истиот марш гледав видео, каде тие маршираат а во локалните кафичи полно луѓе си пијаат кафе. И си викам во себе „Добро бе мајкаму стара, секоја недела во исто време се маршира, толку ли е голема жртвата барем тие часови да не се излегува на кафе и да се испочитува болката на родителите? Дали до толку умре човечкото во нас?

И се прашувам: Колку бргу заборавивме се? Колку брзо ни помина она горчлива плунка кога во деновите по трагедијата ќе гледавме сцени од дискотеката, од сведоци на несреќата, од се? Точно е, животот треба да ни продолжи на сите, но се прашувам која е поуката што ја извлековме после ова, и дали воопшто извлековме некаква поука од целокупната ситуација?
 
Многу сакам да почнам да вежбам кросфит за да потпрам телефон на ѕид да ме снима како правам split jert romanian deadlift со бројки со табла позади мене со напишано што ни е цел денес и едно протеинско смути на шанк. Да си бидам дел од кросфит секта да гинеме еден за друг и да идеме во Рустикана на свирка секој втор четврток со тагирање на инста со хаштагови со се.

Лажам, не сакам.
 
Сите бугари (и оние кои се чувствуваат така) на форумот, би ги однел да кршат камења на Голи Оток. На чело со она Роден шо постира слики од тоа турските шупичина од градови што ги имаат.
Готово, ме убеди со сликите од Пловдиф да се побугарам. Само ги видов сликите и си реков, у готово Бугар сум, се решив. Да ти се измочам на логиката глупава татарска, амебовидна.
 
ДК

Тажен депресивен ден....а јас, јас да бетер:(
Мразам дожд, мразам тмурно време....и...
Решив конечно да средувам фиоки, одамна им се спремам ама како да знам дека ке ми разбудат емоции и сеќавања, воздишки и....

Ехххх, оваа голема убава кутија ја имав купено мнооогу одамна, со едни прекрасни црни кожни чизми до над колена, висока тенка штикла, ептем јебозовни...ехххх..ги носев со кратко тесно сукњиче...
Бев мачка и пол, а сега :toe:...сега квачка.

Знаев дека пак ке прекинам со средување, уште не почната.
Полна кутија, илјадници слики, многу убави спомени од многу луѓе, разни предели, од разни веселби....ееехјххх

Каде ке завршат овие толку многу слики, десет албуми, касети, цедиња, усб, слики во телефон...како ли ке завршат кога мене ќе ме нема??:(
Ништо од мојата работа, толку.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom