Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга,

Од секаде само некакви знаци да си ја пуштам Сопранови. :D
Си ја симнав пред одење од торенти, знаев дека кога тогаш ќе и дојде пак времето. Па и сега неделава крај на месец, ќе ми се качат на глава со цифри и факинг глупи, неточни естимации, таман ќе се фати паралела со желбата да скичмиш некој.
 
Драга Кајгана

Непознат феномен ме гони со години. Тоа е феноменот на скептичност за едно ново место, но откако ќе се навикнеме на него па ќе го загубиме, почнува да ни фали.

Прво кога отидов во градинка, инстантно ми фалеше домот. Плачев многу таму, но се навикнав.
Кога отидов во прво одделение, почна да ми фали градинката. Сепак, се навикнав.
Кога се префрливме во 6-то одделение од одделенска настава кон предметна, почна да ми фали одделенската настава и единствената наставничка. Гледам нови предмети, класен и си викам оо Боже. Како и да е, се навикнав.
Кога отидов во средно, почнаа последните години од основно да ми фалат. Чудна атмосфера и професори ама се навикнав.
Денеска како бруцош, прв ден на факултет почна да ми фали средното.

Си викам јас добар ли сум?
Дали тоа значи дека кога ќе отидам на другион свет дека ќе ми фали овој живот, особено животов во нашава страдална земја?!
 
Размислувам да направам профил на тикток и да ги размавам на "културен начин" со "демократски средства и оружја" тие проклетии од жени кои скоро сите носат слични тетоважи и ми делуваат као секта организирана на кои главна тема им е јадење гомна за мажите во брак и оние другите среќно неженети...:kafence:
 
Последно уредено:
Од денес официјално невработен.
Од една страна ми е лесно затоа што излегов од токсична култура на работа. Од друга страна ми е тешко зошто работам од 18 години и сум научен да не зависам од никој. Тоа што ми се допаѓа е што сум научил да препознам токсична култура и однесување и кога за претходна работа ми требаа 5 години за да дадам отказ и да се охрабрам, сега ми требаа 3 месеци.
Не знам дали сум храбар или глуп. Во март заебав работа што ја работев 5 години, работата не беше ништо посебно, ниту платена ама беше „сигурица“ и знаев дека на 15ти ќе ми стигне плата. Во 5 години имав неколку почакувања за со празници и саботи/недели/трети смени да стигнам до 30+. За некого смешна сума, за некого одлична, за мене доволна. Проблемот ми беше што не напредував, ниту индивидуално, нити професионално, си тапкав во место.
Следната работа ми беше за америчка компанија базирана кај што живеам, од 3 до 10, интересно беше, одлична атмосфера на работа ама за брзо време ја укопчав работата и не ми беше ни предизвик. Проблемот бидна кога требаше да ми покачат плата според перформанс и време, а они одолговлекуваа и ме тапшаа по рамо.
За 2-3 дена најдов веднаш друга работа, сега веќе со искуство во америчка фирма, одма те примаат. Најхаотична работа која што сум ја работел, некогаш. Американски диспеч. Газдата го болеше онаквото за работата, секој месец една фирма доаѓа, друга си иде, апсолутен хаос. Работиш со неколку фирми, ни ред ни крај да им фатиш, сите незадоволни од бројки, пари а никој не е свесен во каква криза е маркетот, целиот терет е на тебе, не си направил доволно, не си истерал добра недела/месец. Бројки и бројки. Све тоа филувано у класично американско лицемерие и љубазност. Платата иако беше повисока од двете претходни работни места, доцнеше секој месец, за минатиот месец ја земавме на 28ми. Решив да не си губам време во таква средина и окончав во петок, неможев повеќе да издржам, сакам организација, ред и сигурност, од сите три немаше ништо, колку и да сакав да се лажам.

Од денес решив да бидам храбар и упорен и да пробам да исправам грешка направена пред 10 години, кога запишвав Филолошки наместо ФИНКИ, иако знаев што ме влече и интересира. Дозволив страв од пуста математика и немање храброст да го направам полесниот избор и да запишам англиски јазик, пошто добро ми одеше. Сега на 28 години, си ги знам грешките, не знам дали е доцна или не, дали е паметно време да се оставам невработен или не ама решив да почнам да го учам тоа што сакам да го работам. QA. Пишав на една академија дали можам да почнам, кога имаат часови и да ги дадам последните пари и да идам all-in. Ако ме примат, добро, ако не, седнувам машки пред компјутер и ќе учам, купив неколку курса на udemy, најдов еден куп материјали, бев испринтав доста и секој ден греење столче, среќа имам неколку другари што се во тој сектор па кога ќе дојде време ќе ги прашам за насоки, за пракси ако знаат, додека не научам солидно, не сакам да ги тормозам.

И така драга, на цела среќа имам прекрасна фамилија и девојка, опкружен со луѓе што ме сакаат и во оваа „неизвеност“ да ме гураат напред и бодрат.
Дали сум храбар или глупав, времето ќе каже.
:coffee:
 
Драга Кајгана,
Еве ме пак во Белгија, ама ќе цитирам еден великан на кој што овие од екс-ју „рок“ не можат ни да му плукнат под прозорец: НЕ СЕ ЖЕНАМ НЕ

Инаку имаме смена во менаџментот, од бааги опуштен шеф кој кур го боли за се затоа што после 11 години ја напушта фирмата, добивме амбициозен индиец кој сака да работи според standard operating procedures. Како ќе биде следното крстарење... ќе видиме. Понекогаш се мислам дали Park West е фирмата за мене, Скоро 2 месеци сум на бродов кој патем е најтерсене брод од сите на кои сум бил. Енивејз, уште 10 дена ќе мрзнеме околу велика британија, па после тоа фаќаме накај г'рчка да згрееме коски малку пред да фатиме залет за 'Мерика.

За крај да пишам дека тука на терминалов у Зибруж у секјурити има една преслатка дадичка, плава, убава стои 3 метра десно од мене, а на 3 метра лево од мене има еден србин кој што цело време гласно збори на телефон со роднини и пријатели од дома, пара уши повеќе од музиката на копчињата и јагодите заедно а јас си ги заборавив слушалките на брод...

п.с. Си ги симнав новиот спешал на Ендру Шулц и интервјуто на Холи Рендал со Адријана Чечик :love:
 
Кога си Македонец во Италија и на рандом луѓе им збориш српски затоашто мислиш дека се Словенци, за на крај да испадне дека се Македонци :вонзем:


нема кловн емоџи
 
најиритабилно ми е кога некој ќе ме праша у врска со нешто што работам или правам на дневна база и јас ќе почнам да му објаснувам како иде процесот или како се прави одредена работа, за истиот да ме прекине у сред моабет и да ми тврди дека не било така, туку било онака како што он кажува.

ок брат, тогаш што ме прашуваш ако не сакаш да ти објаснам туку сакаш да ти го валидирам тоа што ти го мислиш, а не е така?
 
Ти го дадов срцето..ми викаше една пред некое време.И ја да проверам(чиста формалност) го наслонив увото и пригушен звук на чукање ми доаѓаше од нејзиното меѓуножје.Чудна жена беше,ко да е од друга планета...
 
Kајг,
ај овие пишуваа за во странство, ами во сопствена држава да го нема знамето аааа,
во моментот сонце грее, а мене студени морници ми пројдоа кога го видов јарболот без македонско знаме, не онаа старото знаме со многу краци, туку ни ова новово знаме не смее да се виори на Стража :facepalm:

20221005_135342.jpg

П.С.
...ај ќе се тешиме, може македонското знаме од Стража е на перење или го шијат од силен ветар раскинат! :D
 
Кајги, ме плаши иднината.Но и сегашноста не ми се допаѓа, па и покрај стравот имам и надеж за подобро утре.
 
Последно уредено:
Добро сум .... Добро.
Само чекам да ми кренат бурек од 100ка и шарската да е 300та .

Ќе се бунам со фејсбук коментари. :LOL:



FB_IMG_1665078262913.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom