Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
sweetness...sho vaka single??!
nie treba edno kafe godisno da terame za da bideme vo tek so slucuvanjata
1f609.png
vaka ne ide, da te gledam SAMO po net......pisi
love ya!

Ова ми го пиша пред 14 години една привлечна млада дама, што убава работа ова ФБ Меморис :)
До помладите, ова е од времето пред да постојат ДМ на ФБ, се се пишуваше на ѕид :)
 
Братов над мене ме врати назад у времето коа на рандом пиче му се убацуваш на ЧЕТ на фб со
lepotice kako si na MSN ? (L)
 
Последно уредено:
Ми фалат деновите кога во вака тмурно време, со темни облаци на небо и послаба фреквенција низ чаршија, ќе избегав на пола сат до кај баба ми (која живееше зад канцеларијава), која ќе ми свареше кафе во едни бели филџани со сина трака на средината, па ќе го испиев онака лезетски без брзање, додека на телевизор бичеше некоја рандом утринска програма.
 
Битолчани барем ставаат плескавица во бурекот.

Скопјани со лепче во бурекот ќе ги излажеш. Леаале луече симит пугача еј, многу јака ствар, жими сФе, ти текнува? Е, така.

После ќе имаме дискусии дека провинцијалците биле сељаачаана.

Ама тоа е.
 
Господе боже какви комплекси од скопјани има овој кадаифов, секаде ист муабет. Дали женска му се пукала со скопјани или групно го силувале во Скопје, стварно не знам како може толку искомплексиран да биде...

пс: Пугача во Скопје може да рече само гевгеличанец.
 
Скупје ахаха скупје, врв хумор. По сите теми истово, врска нема ништо со Скопје, битно скупје брате. Флеш мислам дека не е од Скопје, ама комплексите си го прават своето :kafence:
 
Земав кисело млеко и лук, си викам сега дома ќе си направам еден таратур и ќе се напијам со него две ракии, арно ама доаѓање дома и текнување дека краставици не земав, додека така пак текнување на едно комбо (кисело млеко со дробен чипс) од искусен покоен пијаница (тетин ми), сега уште дебела постара комшика ми фали за денот да е цел.
IMG_20220921_160421.jpg
 
Исланѓанец на Балкану...
Во целина, храната и народот му се допаднаа, мада се гледавме строго со најблиски. Единствена примедба беше што не се храниме здраво, премногу процесирано месо, зејтин и леб, па на крај доби и стомачни тегоби и не беше навикнат на таква интензивна дружба, па морав да го оставам сам во соба да си дојде на себе.

Хоророт почна откако дојдовме во Бугарија. :icon_lol:
Имено, се разболевме сите тројца уште во Македонија, јас и малиот добивме антибиотици, а мојов сакал да оди на лекар во Бугарија, затоа што била европска држава и бил осигуран таму. Освен тоа, беше исплашен од приказните што му ги кажував за македонското здравство.
Доаѓаме во болница(во Бугарија), во брза помош, НЕМА ЛЕКАР. Како бе нема лекар?!? Не можеше да поверува. Па ајде некако со врски и милион повици се најде нечиј матичен лекар да го прегледа. И ајде крв да му земат, ама не тука, во друга болница. Ајде трчај натаму... За изгледот на болниците нема да коментирам.
Каде е лабораторијата? Ме упатија по скалите надоле. Тргнавме, се симнавме буквално во подрум. Човеков почнува да ми паничи, вика како да се наоѓа во некоја хорор игрица во Чернобил. Пишува да заѕвониме по потреба, излегува еден лик облечен чудно, внатре си дремат и си гледаат френдс. Ликов изненаден што нѐ гледа, рече ај седнете тука во ходникот, ќе дојдам. Од шок почнав да се заебавам, реков тоа е чистачот, тој ќе ти провери крв.
Му земаа крв буквално во ходникот, во подрум, со ликот што беше облечен како чистач. Хигиена никаква, ниту дезинфекција со алкохол, какви нараквици, какве пичкематерине!

Цените, нормално, си ги извадија од газ, нит ценовник, ни бутур!

Човеков мој, благо шокиран, едвај чека да си замине дома.

И да, обожава ајвар, мрази бугарска лутеница, ја нарече очаен обид заајвар. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom