Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Која безвезна работа.
Пред некој ден снимав видео со GoPro, до 10 метри под вода (толку може камерата).
Хоби ми е нуркање, се симнав со фул опрема 20 минути доле, после уште една тура од 15 минути. Другиот ден пак доле, се на се видеото е речиси 1 саат.
Фантастично видео, прекрасно е доловен подводниот свет. За своја душа снимано.

Го едитирав сабајлево во Premiere, со сите салтанати, но не го погледнав preview рендерот (Render Effects In to Out) и го пуштив на Export media. 3 саати компјутерот го вадеше видеото.
Кога што да видам, два ефекти на транзиција сецкаат, насловот на почеток само до пола се прикажува. Нешто закркљало при рендер. Моја грешка, прво прегледај рендер па вади видео надвор.

Сега му направив нов рендер, океј е се на preview, еве го веќе тргна да се експортира. НО тоа ќе го чекам ПАК добри 3 саати, и покрај тоа што машината е звер. Се работи за 4К резолуција.
Се надевам ќе го имам додека си отидам од работа, па да си го направам меракот дома на ТВ да уживам.
 
Катастрофа сум на дуќан денеска имам обрт на средства само 550 денари, ако не се другите извори на приход банкрот. Ама тепа психички маме му ебам, готови сме како град со најголема смртност од Ковид и најмногу затворени мали фамилијарни бизниси до Пролет Чернобил.
 
Денес избегнав неколку директни судари ....фала ти боже...ама сега затвори очи и уши!!

Господине пијандуре ...Петре клукајдрвчето..Шилегов бруко една :cujte:ако ја имаш таа несреќа да се сретнеме очи у очи, фејс ту фејс, ќе те фатам како партал и ќе те џитнам у тие контејнерите огромни што си ги турил на сред пешачка и вело патека.
Абе ѓубре едно, народ се испотепа....ТРГАЈ тоа од патека, сунце ти јебем!!!!!:boksix::boksix:

ДК
Морав гневот негде да го исфрлам, инаку огномет ќе правев ...се извинувам за пцовките.
 
Морам да ти пишам, не барам тука никакво разбирање ама морам да те искористам како издувен вентил.
Во животот мислам дека можам се да поднесам, освен да немам контрола врз некои работи, а логично не можеме да контролираме се. Ама ме убива тоа што давам се од себе за некои работи во животот и пак не функционираат. Не знам како да го доловам последниов месец, ама сериозно првпат во живот мислам дека ме фаќа депресија. Сум изгубил многу драги личности, и татко ми ама секогаш сум си викал дека "така требало да биде". Ама еве последниов месец 2 личности не се веќе дел од мојот живот и не можам да се помирам со тоа.
Да не бидам сунѓерот боб, ама животот треба да се живее ко да ни е последен ден. Џабе си правиме планови за утре/задутре, за 1 месец за година. Преку ноќ се се менува.
Толку многу планови и желби имавме, а на крај... ништо.

Некои денови сериозно мислев дека останав сам и дека самотијата убива, ама па не можам да кажам дека сум сам. Себично е да кажам ама не сакам прашања од луѓе што не ми се драги и блиски. Што фајде да ти објаснам што ми е кога не ми ја разбираш болката?

Обично кога ми е тешко се затварам со работа и не ме интересира ништо друго, бар дур не се вратам у нормала. И сега пробав, ама не иде. Земав на работа обврски што мислев дека ќе можам да се носам со нив, ама уште поголем проблем си направив. А, не сум карактер што ќе прифати пораз, не сакам да користам зборови како не можам. Терам, по цена на ментално здравје. Се вратив у канцеларија после година и 5-6 месеци од дома работење, само за да не седам дома.
Најтешко ми е кога треба да глумам дека се е океј, само за да избегнам глупави прашања иако претпоставувам веќе сите знаат дека нешто не е во ред.
Фала богу до сега сум бил океј и не сум имал никакви здравствени проблеми, ама почнав последниве 2-3 недели да добивам панични напади, што од памет ме извади.

Не гледам некој излез од проблемов, и во моментов за ништо не сум заинтересиран. Деновите ми поминуваат гледајќи "смешни" видеа по фејсбук и инстаграм.
Веројатно од ова нема подоле...
 
Комшикава слави во моментов роденден 22, 23 така нешто. Рокнале до даска селско, се дерат: тако млада, тако млада, зашто ме у образ љубиш, опуштено, опуштено биче твоје што је њено, и овај шток што пијем ја од тебе је знај старији, плачем мишо мој, пола сам пијана а тек је пола два, дани су без броја, ови зидови, дрска жено плава, плавог слона, какво тјело селма има, абе нема една песна што не е 10+ години стара. Ни турбофолкот не е тоа што беше, младиве немаат ни асална шабанарија на што да се отчукаат па мораат на песни што се појавија во моја младост.

Иначе Dead Can Dance од утре карти во продажба, нит цени пишале, се јавувам по телефони по продажните центри што им се наведени никој појма нема, на социјални мрежи не одговараат, во ебаниот МНТ ќе го организираат концертот. Ама затоа ќе биде Око мене лете, лете сви, ајде барем и ти полети во мај кога Лиза Џерард ќе не лансира како ДМТ во 7-ма сфера на универзумот каде и жиците на Мичио Каку ја свират Анабасис:

 
Драга,

Годинава Ноќта на вештерките ја поместиле на 17 септември.Ама денски!

 
Слика6884[1].jpg.taka ti e taka tie e,koga si nemas drug balkon vo Rosoman ili Miravci.
 
Кој разбира океј, кој не, пак океј, нека си тера понатаму со животот. :)

"Тој што ќе постави прашање и ќе праша, можеби изгледа глуп, но само минута. Тој што не прашува и се прави дека се знае е глуп за цел живот."

- Конфучије
 
Во Македонија се живеело поквалитетен живот од Шведска, ете и тоа го слушнавме.
Мизерна била Шведска, ете ако не знаевте да ви кажам :D
 
Драга пошто станав сега само про наука, најнова студија. Не се чудете ако женската не ве запознава со сите пријателки/другарки :D

Women with large breasts were rated as more attractive, fertile, reproductively successful, likely to befriend, threatening, and they were rated as less likely to be introduced to a current partner.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom