kazioX
Примерен форумџија
- Член од
- 28 април 2011
- Мислења
- 3.870
- Поени од реакции
- 10.735
На сите ни е јасно, ама јас уште не можам да се помирам со фактот дека сѐ поглупи и поглупи генерации на деца излегуваат. Се враќам вчера од продавница после работа, а пред мене група од четири деца на возраст од 9 - 10 години пробуваат да ја кажат азбуката и не можат да ја погодат. Сите заедно пробуваат и цело време фалат букви, се расправаат како треба да биде, а никој не ја знае точно. Само го пуштив чекорот за да не ме пука туѓ срам повеќе. А само кога ќе ми текне колку шамари јадеа во основно тие што не ги знаеа азбуката и таблицата множење до 10. Ама ги стануваа да кажуваат и ги шамараа секој ден додека не научат за разлика од овие галеничиња на мама и тато денес. Вратете го ќотекот во школо, инаку лошо ни се пишува.




