Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга,

Филипче ќе пиел кафе со Лиде, чим помине кризата.
И така се потврдува по којзнае кој пат она што во потпис го имаше твој член на времето - Не ебат убавите, ебат упорните.
 
Драа и официјално на ноќта помеѓу 18 и 19 мај 2020 ,успешно транзитирав од оперативен систем виндоус 7 на 10 ....
Операција траеше од полноќ до шест сабајлео ..... Јебем ти десетка .... :popce: Сум барал асална пиратерија два саата ....Се сам средував мењавање ....
 
Кајганке :love:

Што велиш да аплицираме за нов Гинисов рекорд, во 2 категории, за „најгрупна оргија“ и за „најдолго времетраење на групњакот“.
Цели 30 години, 30 луѓе, дупат 2 милиони народ и никако да им дојде памет.:oeoeoe:
 
Драга,

му земав пари на клиент по грешка. Пишав мејл до менаџерот, да го рефундираат типов и сега ме боли глава, како мене да ме некој заебал вака.
 
Кајг,

Првпат после долго време имав три фул оброци....значи таков апетит ми се отворил денес.....уф! :P

Некој беше спомнал бурек тука пред некој ден.....епа денес лапнав четврт бурек со месо и 500 мл јогурт! Тоа беше доручек.

Ручек.......пилешки стек со салата!

Вечера....штрудла со јаболка! :rolleyes:
 
Ми иди од мадево да си каснам оти сум најглупо и најнеодговорно копито. Не одев на предавања на факс и ко требаше да одберам изборен предмет од цел факс одбрав некој си предмет индустриски менаџмент а јас као демек ИТ ориентиран. Никош не сум учел дефиниции, секош го учев за со свој зборој да го раскажам. Имаше дефиниција: Предвидување е она шо ние мислиме дека ќе се случи во иднина, и планирање е она шо би требало да се случи во иднина. Јас од то заклучив дека предвидувам односно мислам, ако не го положам испитов со 500 страни книга и економска математика во нејзе со формули и ајнштајн шо подзинува, планирам да се обесам во близина на локалното прилепско езеро.
 
ДК
секогаш ме плашеле жени што носат бисери...некако по дефиниција ми се педантни, со уредно собрана коса, костум... Замислувам како гарант дома се е под конец и совршено организирано.
Децата прописно исчешлани, испеглани....
И така денес чекам пред банка пошто не си го знам ПИН-от на картичката и до мене еден таков примерок.
Витка става, влакно не штрчи, салонка со „офис“ висина... Чека на ред и се обраќа на обезбедувањето:
„Лепотанче, де ако сакаш да ме убуташ нек'ко многу сум во фрка“.
Ми го скрши филмот за госпоѓа излезена од католичко училиште во близина на Сасекс...
 
За никаде е чувството кога некој со своите постапки ќе падне ептен ниско во твоите очи. Уште позезнато чувство е кога ќе размислиш и ќе ти текне дека тоа на некој начин цело време ти било пред очи ама свесно си го игнорирал...
 
Кајги...
Денеска ми текна на сцената каде Итан и кажува на Винона...you and me and five bucks, and a little bit of conversation...толку едноставно и моќно.
 
Многу битно у животот е да ти се погоди екипата.
Другари срце планина, и за софра и за совет и за ќотек и за поддршка абе за се!
 
Му посакувам од шолја да не станат на научниците што ги направија овие хибриди од домати без никаков вкус и со структура како гума :mad:
До пред некоја година ги имаа зезнато само црвените, ама последниве години успеаа и розето да ги „пластифицираат“.
 
Драга Кајгана
Што прави член на кајгана форум кога ќе деактивира фејсбук?
-Па нормално доаѓа тука да се пофали :love:
После 11 години прв пат деактивирам фејсбук. Колку и бришиш пријатели, да ставаш unfollow, да блокираш се е џабе, само ова е решение.
Инстаграм деактивирам после 8 години.
Само деклариран зависник сум и од двете, а повеќе од Инстаграм.
Целта ми е барем 1 месец без нив, за понатаму ќе видам.
Чувството е феноменално, се надевам ќе потрае :cool:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom