Продуцентите на „Downton Abbey“ ја носат приказната на Грофот Дракула на малите екрани во британско-американска продукција, со Џонатан Р. Мајерс (The Tudors) во главната улога. Во серијата, Дракула пристигнува во Лондон каде се претставува како американски бизнисмен кој сака да ја донесе модерната наука во Викторијанското општество. Но, неговата реална намера е одмазда над луѓето кои го предале во изминатите векови. Не се сомневаме во квалитетот на серијата, а во однос на тематиката, иако има многу серии и филмови за вампири, оваа не би ја ставиле во иста категорија со нив. Треба да ѝ се даде шанса, бидејќи сепак, Дракула е оригиналниот вампир. Серијата ќе започне да се прикажува на 25-ти октомври.
Извор: Кајгана
ИМДБ
До 25ти октомври има време, ама да ве информирам.
Какви се вашите очекувања од серијава?
п.с. Колку само е погоден Џонатан за улогата на Дракула, мада треба да има погусти веѓи