Г
Грејвдигер
Гостин
Не знам што како, ама клубот ми е еден од поомилените уште FA менаџерот 2001/02 кога клубот играше во Конференцијата, па го качував клубот до Премиер лига и играв во Европските купови. Исто клубот IRL за неколку сезони се искачи да игра во Чемпионшипот, а оваа година пак влезе, откако лани испадна во Лига 1. Најдобар успех што го имале е 12то место во Чемпионшип во 2009/10 и освојувањето на FLT во 2006/07.
Сезона 2012/2013
Трансфери
Одлични се покажаа двете позајмувања од Саутемптон, Butterfield (DR) и Isgrove (AML/R), по грешка Butterfield го позајмив само 3 месеци, па играше до полу сезоната, после морав да ги ротирам тие што ми останаа во одбрана, бидејќи никој не сакаше да дојде. Исто одлично изигра Carruthers (CM) од Астон Вила. Овие тројца ми беа стандардни, другите што се позајмени ги вртев низ одбраната.
И не знам зошто го немам Hume (ST) на листата, го земав од Preston, многу добар напаѓач.
ТактикаСега не може да се види со кој играчи каде сум играл, пошто ги тргнав после завршување на сезоната. Најчесто играв на контри, барем со подобрите корисници или зависи од позицијата во која се наоѓав, додека со другите најчесто или ја контролирав или напаѓав. 4-3-2-1 и уште една тактика имав 4-4-2, што не ја користев баш многу.
Резултати
Лош почеток додека се навикнам, дур ги најдам што и како, но брзо се опоравив и сврзав една долга низа без пораз во лигата, ама пак имав доста нерешени. Исто бев избран за тренер во Октомври.
Табела
И за крај табелата. Имав шанса да завршам прв и цело време ги контролирав натпреварите со Portsmouth, Notts Co и Preson, ама изгубив. Па морав малку да им викнам да се стават во ред играчите и да даваат голови, пошто искрено имав шанси, особено Hume и Rob Jones кој си газеше на глава од корнер.
Потпишав нов договор со клубот, ми дадоа 1,9M за трансфери во летниот период, па ќе видам како ќе се засилам на напаѓачката позиција и морав да си најдам барем уште еден дефанзивец, а можеби и среден ред. Ако имате предлог некои играчи за во Чемпионшип, слободно Исто Њукасл ми е перент клуб, па може од кај нив да позајмам некој.
И ондах то