Dogme 95 / Scandinavian movies

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Dogme 95 е проект или движење (movement) креирано од данските филмски режисери Томас Винтерберг и Ларс фон Триер. Целта и идејата на Догмата е враќањето на традиционалните вредности на снимање, раскажување и глумење без користење на специјални ефекти и техники односно што помалце пост-продукција а што повеќе слобода на режисерот и актерите.
Истотака Догмата некои ја гледаат и како враќање во мода на нискобуџетните филмови.

Некои од правилата на ваквото правење на филмови се:
  1. Shooting must be done on location. Props and sets must not be brought in (if a particular prop is necessary for the story, a location must be chosen where this prop is to be found).
  2. The sound must never be produced apart from the images or vice versa. (Music must not be used unless it occurs where the scene is being shot.)
  3. The camera must be hand-held. Any movement or immobility attainable in the hand is permitted.
  4. The film must be in colour. Special lighting is not acceptable. (If there is too little light for exposure the scene must be cut or a single lamp be attached to the camera.)
  5. Optical work and filters are forbidden.
  6. The film must not contain superficial action. (Murders, weapons, etc. must not occur.)
  7. Temporal and geographical alienation are forbidden. (That is to say that the film takes place here and now.)
  8. Genre movies are not acceptable.
  9. The film format must be Academy 35 mm.
  10. The director must not be credited.
Од 1995 година па се до 2002ра година се снимени 31 филм што влагаат во оваа категорија и се објавени на веб-сајтот но подоцна истото е на некој начин баталено со оглед на тоа што не добива на некоја популарност па така во 2005та година манифестот престанува да постои.

Дел од овие правила се прекршени уште на првиот Догма филм кој го носи името The Celebration/Festen на Томас Винтерберг кој уште на почетокот ужива голема популарност па дури е предложен и за номинација за Оскар за најдобар странски филм но не влага во конечниот избор на номинирани филмови.

The Celebration/Festen (1998)


Раскажува приказна каде Хелге го прославува својот 60ти роденден и на прославата во неговиот замок ги собира пријателите и семејството.
Семејството е сочинето од најмладиот син кој е најмалце успешен и живее со цел да ги задоволи татковите очекувања за него, немирен и конфликтен лик, да речеме сељак. Ќерката е таму нешто историчар или биолог. Најстарите двајца се брат и сестра близнаци од кои братот има ресторан во Франција а сестрата неодамна извршила самоубиство.
Пред почеток на забавата таткото Хелге му се обраќа на Кристијан (близнакот од Франција) и го замолува на говорот да ја спомне и сестра му. Овој прифаќа. И кажува. Све.

Она што ми се свиѓа посебно кај скандинавците а сум зборел и претходно за истото е тоа што директно го гаѓа проблемот у срж, без многу кружење, без да внимава да не те шокира и изненади, те мава да се чудиш па на моменти и да се згрозиш од самата тематика.

Е сеа, вакви Догма филмови и нема баш, фон Триер има еден Идиот, кој уште не дошол на ред да го глеам а другите и не се нешто познати, ниту пак гледани од многумина, зборам по рејтинзите и самата гледаност на имдб.

Па така ова нека биде тема за филмови од Скандинавија, од скандинавски режисери, без разлика на јазикот кој се зборува или продукцијата во чија сопственост е филмот.

Правилата нека бидат микс оф Предлог филм, Последен гледан филм, и Генералната тема за филмови што значи рецензија каде секако ќе се внимава на спојлери со тоа што тука ќе бидат дозволени и дискусии за филмовите.
Целта е да се соберат и дискутираат Скандинавските филмови.

Се надевам ќе наиде на добар прием темава ко што е случај со Македонски филмови, Корејски филмови, Суперхеројски филмови и слични активни теми.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.477
Поени од реакции
7.284
Го учевме ова на школо :D , @Zlatikevichius мислам ти го стави тогаш линкот за онлајн курсот за филмови и серии од Скандинавија..

Како и да е, ги обожавам Скандинавците, добредојдени се сите предлози, еве од мене една листа со 7чиња и погоре.

И не е филм, мини серија али да ја спомнам док се гледа сеа на почеток темава, плус Догма 95 стил, ја глеав одамна баш коа беше курсот, прејака ми беше, а слабо позната.. Твин Пикс вибрации у Ларс фон Триер стил, The Kingdom
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Од скандинавски филмови едeн од ретките што ми се свиѓал е Jagten (The Hunt).

Festen сум сакал да го гледам, али ради ужасната снимка никогаш не го изгледав.

П.С. И Македонија има коњ за трка.
"Боли ли" е единствениот македонски догме филм досега, а можда и единствениот балкански (не сум слушнал за друг балкански филм во овој стил).
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Festen е одличен филм, штета што е правен по оваа догме доктрина и не доаѓа до израз квалитетот. Ќе беше многу подобар класично да си го снимеа.
Добро што истераа и до два-триесет филма. Повеќето гледачи се откажаа после вториот :). Ама тоа е, пустa желба за авангарда и слава. Демек ќе бидат предводници на новот талас во светската кинематографија. Само докажаа дека уметноста не може да се стави во административни рамки.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Уште пред да ја отворам темава се закачив со Ларс фон Триер и од ова што го изгледав до сеа нема ништо скандинавско освен што тој самиот е Данец, али ок рековме дека у темава влага све што е скандинавско без разлика на јазикот, локациите, продукцијата.

Одбрав едно 4-5 филмови што имаат најголем рејтинг според имдб па така прв го изгледав Dancer in the Dark ама овој ќе го спомнам друг пат. Втор беше Melancholia и тука разбрав дека повеќето негови филмови спаѓаат под трилогија проекти.

Dancer in the Dark спаѓа во друга категорија па затоа ќе го оставам на крај коа ќе ја комплетирам таа трилогија наречена Golden Heart.

Depression Trilogy е составена од 3 филма каде фон Триер обработува теми на ментални состојби (болести, проблеми, како сакате) како што се депресија, анскиозност, тага, осаменост, сексуална зависност или нимфоманија и сл.
Самиот режисер страдал од депресија па филмовите се еден вид негово страдање и искуство кое го проживеал борејќи се со истото.
Како што кажав централна тема на сите 3 филмови е тоа, секој раскажан на различен начин.

Во Antichrist имаме брачен пар којшто доживува тешка семејна трагедија и запаѓа во криза каде Таа го извлекува подебелиот крај односно потешко се справува со ситуацијата. Едно време ми беше интересен за гледање, после почна да ме замара, да ми кружи, да ми филозофира и некако не ми легна ич. Приказната ја поштувам и приказот беше океј али мене ме нервираат филмови кои премногу филозофираат и со тоа ми ствараат еден вид на досада.
6/10.

Melancholia e нешто подруг и попријатен филм за гледање, каде имаме 2 приказни кои прикажуваат две различни ситуации на ликовите, депресија и анксиозност. Добра драма измешана со сај-фај моменти во втората приказна. Тука нема многу филозофирање и кружење, чист приказ на едно депресивно-анксиозно однесување.
8/10

Nymphomaniac е филм составен од 2 продолженија со 2 различни времетраења. Првично е изваден 5 ипол часовен материјал поделен во Vol.1 кој трае 2:30 и Vol.2 кој трае 3 часа. Подоцна се скратени на по 2 саати.
Јас Кецот го глеав во таа рамка од 2:30 и многу убаво ми легна целата приказна и тоа раскажување на една жена нимфоманка која себеси се смета за лош и ужасен човек, сето тоа откривајќи му го на еден човек кој случајно ќе ја најде претепана на улица и ќе ја прибере во својот стан.
Вол.2 е нели продолжение на приказната ама тука веќе почна да досаѓа, ептен да навлага у филозофии и да замара, крајот малце од малце ја вади ситуацијата ама у главно ми беше ту мач сево ова. Филм со доста експлицитни сцени и материјали со буквално прикажување на целиот тој секс. Стелан Скарсгард вика дека ова е всушност лошо порно каде со тек на гледањето баш и не обраќаш внимание на деталите.

Некако добивам впечаток дека превише сака да објаснува и да го тупи, начнува доста теми, се закача и провоцира иако централен дел у приказната е нимфоманијата, справувањето и живеењето со истото и последиците од тоа. Осаменоста не можноста за врзување и чувствување љубов преовладува низ целата приказна.

Во минатото имав искуство со ваков профил, кратко траеше тоа, и вака гледајќи го филмов препознав доста сличости и патерни у понашањето и делувањето.

Vol.1 - 7/10
Vol.2 - 6/10

Charlotte Gainsbourg е главна актерка во целава трилогија. Вчера гуглајќи дознав дека е и пејачка покрај тоа што е актерка и има стварно добри песни, ми се свиѓа.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Првиот дел на Nymphomaniac мене ми беше стварно добар. Настрана експлицитните сцени, приказната веднаш ти привлекува внимание и гледаш со интерес што ќе биде следно. Плус и обработена е една малку табу тема која ја немам сретнато во друг филм на ваков начин. Уживав на моменти во дијалозите меѓу девојката и стариот.

Ама со вториот малку ја отупеа работата и имав впечаток дека како приказната одеше кон крајот така стануваше понапорна и на моменти и претерана, за да кулминира со еден од најглупите краеви на филм што ги имам видено. Океј, беше неочекувано и иронично. Ама на ваков тип црн хумор не му е местото во ваков филм.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Breaking the Waves (1996)

Ако добро разбрав ова е прв филм снимен по склучувањето на Догма манифестот мада воопшто не се придржува до правилата, освен рачната камера, а и нема таква намера.

Прв филм од трилогијата Golden Heart на Ларс фон Триер, со извонреден дебитантски настап на Емили Вотсон за што има и Номинација за Оскар, Стелан Скарсгард и девојка му од Лондон на Александар од Пред Дождот.

Во едно религиозно градче негде у Шкотска, младата и наивна Бес се заљубува и мажи за Јан, кој иначе работи на нафтена платформа. Брзо по венчавката Јан доживува несреќа и останува парализиран а со тоа е спречен да ги извршува сексуалните задачи за кои верува дека го одржуваат во живот.

Спора драма која ни прикажува еден љубовен однос и границите до каде може да се оди во истиот. Наивна, малце ментално нестабилна, но како што ќе каже докторот на крај, сепак добра душа обземена од љубов и спремна на се, само за да му помогне на саканиот.

Глеј, глупи ми се овие рецензии пошто не знам да ги пишувам и не ни верувам дека некој ќе се одлучи или па се одлучил да глеа филм по мое пишано, дали у темите Последен и Предлог филм или у Генерална или па тука, плус ова се и филмови што повеќето ги имаат изгледано. Ми е гајле.

Гледајте го тие што го немате, има доста теми на кои може да се разговара, поставува некои прашања вредни за размислување.

9/10

Ми се свиѓа ЛФТ коа не филозофира напорно и кога не замара туку ќе го раскаже филмот у еден пријатен и гледлив тон.

Истото важи и за Dancer in the Dark (2000) , третиот филм од трилогијава. Снимен по истиот полу-Догма концепт. Тука е раскажана малце поинаква љубов, не на маж-жена како овој погоре туку на родител-дете. И Бјорк е наивна и добра душа спремна на се. Прва нејзина улога у филм, каде се покажа и повеќе од добро. Не го сакала многу многу Ларс пошто овој ја замарал сексуално.

Овој ми е емотивно боље филм пошто скроз сочувствував и ја оправдував Бјорк, односно Селма Јежикова и се согласував со сите нејзини одлуки и делувања. У генералната тема пишав замерка за зборувањето нејзино на британски акцент а глумеше лик од Чехословачка. И песните меѓу сцените ме замараа, пошто нејќам мјузикли и ме нервира пеење у сред филм. Али не е страшно, може и да ви се свиѓа на повеќето.

На овој 9ка му дадов на летербокс.

 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Доека го чекам Најлошиот човек на светот да искочи на торент и со тоа да ја комплетира Осло трилогијата, годинава 2 пати го глеав Реприза, а веќе одамна го имав изгледано Осло, 31 Август.

Станува збор за Јоаким Триер, норвежанец, кој ваљда највеќе е познат по Телма од пред некоја година или холивудскиот Louder Than Bombs, не знам, овие два сеуште не ми дошле на ред.

Reprise
Е негов дебитантски филм и наидува на позитивни критики уште на самиот старт.
Спора, меланхолично депресивна драма која раскажува приказна за двајца млади пријатели, писатели и нивниот успех по објавувањето на книгите, своевремено. Љубовта влага у игра, борба со притисокот од самиот успех, поддршка, мотивација, депресија, навика.
Малце е спор, ама е далеку од лош филм, на летербокс глеам никој го нема глеано, може ќе го предложам у клубот коа ќе ми дојде ред пак. Сакам да видам и другите што ќе кажат.
7/10

Oslo, August 31st
Истотака спор филм, драма за еден бивш зависник од хероин кој има слободен ден од клиниката за одвикнување и треба да се види со семејството и да оди на интервју за работа.
Комплетно разочаран од животот и од самиот себе, со суицидални мисли, тешко наоѓа мотивација да продолжи да живее, отфрлен од фамилијата односно сестра му, без некоја особена поддршка од старото друштво со кое се среќава на една забава во потрага по бившата му девојка, некако завршува последниот ден од осмиот месец.
8/10

Сега да видиме што има да каже Најлошиот човек на светот за кого кружат доста позитивни критики.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Blind (2014)


Ескил Вогт е најпознат по неговата работа со Јоаким Триер како главен сценарист во сите досегашни филмови на режисерот.
Blind е негово режисерско деби, истотака е и сценарист на оваа мирна и спора драма каде главна тема е самотијата, покрај стравот и несигурноста.
Се работи за една жена која останува слепа и се што прави е седење сама во станот, пиење вино и пишување нешто као книга. Освен неа, во филмот се појавуваат уште 3 ликови, нејзиниот сопруг, еден воајер и млада самохрана мајка доселена од Шведска.

Во еден мирен и пријатен тон се прикажани секојдневијата на Ингрид, нејзините мисли, нејзиното привикнување со хендикепот, борбата со самата себе, стравот од што е следно, темницата и пишувањето на книга.
Не ни можеш да бараш динамика во филм каде слеп човек е главен протагонист. Можеби има некои конфузни моменти ама брзо се сфаќа што е поентата и потоа само се следи и набљудува. Ова е филм што се гледа сам, максумум со уште еден до тебе, некој којшто знае да гледа филм. Може да се праи муабет за филмов и би бил добар предлог за филм клубот.

Јас ги сакам скандинавците и нивното правење на филмови, општо ми одговара ваквиот стил. Вогт и Триер досега се покажале како топ тандем кај мене. Верувам нема да ме разочара The Worst Person in the World којшто следи во текот на следните денови.

Не ми е јасна оценкава на имдб за филмов.
Јас 4ка му ставив, од 5, или 8 од 10.
_______________________________________________________________________
The Innocents (2021)
De uskyldige


По сценарио и режија на Ескил Вогт.
Кога ги бирав филмовите што ќе ги гледам ова недела, ова девојче страшно ми личеше на актерката од претходниот филм, Blind. После видов дека и е ќерка. Таа и е мајка и во филмов.

Психолошка хорор драма сместена негде во Норвешка во летен период каде децата се на распуст и секојдневно си играат во паркот меѓу зградите.
Ида е ова девојче на сликата, Ана е нејзината сестра со аутизам, Бен и Ајша се деца што живеат со нивните мајки. Се запознаваат, почнуваат да си играат како и сите деца и приметуваат/знаат дека имаат натприродни моќи. Сето тоа делува интересно на почетокот се додека не почнат да се случуваат и пострашни работи.

Никогаш немој да викате дека се сте виделе од скандинавците. Секогаш со нешто ќе ве изненадат, згрозат и зачудат. Не го пишувам ова затоа што фрлија мачка од 100ти спрат за после да ја бараат таква искршена и беспомошна па да и ја згазнат главата. За друго ми е.

Првиот час трае прилично споро, се наметнува мистеријата, децата си играат и ништо посебно не се случува.
Потоа добива на динамика, се отвараат картите, има некои доста шокантни моменти и на место е тој психорор тек.

Јас не обожавам супернечурал ствари во филмови ама ги почитувам истите ако најдам поента и крајна цел во тоа. Ова тука беше добро и задоволен сум поради тоа пошто ако не беше така и останеше на безвезна хорор приказна ќе добиеше единица.
Не е ова хорор филм за да те плаши.
Не е ова мистерија за да очекуваш плот твист на крајот.

Се мислев меѓу 3.5 и 4, ама ќе му дадам 4ка, ради харизматичното девојче, добрата поента и идеја, и прекрасното место каде се одвиваше драмава.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
The Worst Person in the World (2021)
Verdens verste menneske



Со Јоаким Триер се запознав пред неколку години кога го гледав Осло, 31ви Август и ми остави многу добар впечаток. Reprise лани го гледав 2 пати во иста година. Добар режисер кој очигледно си ја знае работата.
Не сум сигурен колку Најлошиот човек на светот е подобар од Осло. Не дека има со што да се споредуваат ама чисто онака, на некоја ранг листа на филмови на Триер. Небитно.
*Ова е трилогија всушност, неповрзана директно ама има една тема што е заедничка во сите три филмови - егзистенцијална криза на млади луѓе во своите (околу) триесети години.

Да ме прашаш да ти кажам 5 добри и 5 лоши суштински ствари у филмов ќе не знам да ти одговорам.
Би се глупирал со вакви детали, на пример, од 5 добри би издвоил 3 - девојкава е преубава, Андерс Даниел Ли е прејак актер и Норвешка е преубава земја за снимање филмови. Од негативни, дека е малце досаден и му фалат емоции.
Не дека до толку му фалат емоции, пошто ги имаше на крајот ама ете ај, ни тоа не знам да го објаснам. А и не е баш до толку досаден.

Фактички јас не знам што да пишам за филмов, не сум доволно паметен а и од едно гледање не можам баш детално да го анализирам пошто има доста ствари за анализирање, детализирање, разговарање и слично. А ми се свиѓа, и не ми се свиѓа.
Ко Џули што му рече на Аксел кога раскинуваа - I love you, and I dont love you.

Филмов најблиску до тоа што го мислам го има пишано девилко на почетокот на страницава а јас пишувајќи вака се осеќам исто како Џули, поима немам што сакам да кажам и направам со ова што би требало да личи на рецензија а не мои изгубени мисли.

Мада, самото тоа што паметот ме влече да му стаам 4ка а не 2ка очигледно говори дека филмов ми се свиѓа. А и сигурно ќе го глеам неколку пати.

*
____________________________________________________________
Thelma (2017)


Телма е студентка израсната во строго католичко семејство со традиционални вредности и строга контрола од својот татко. При едно сосема нормално запознавање со една нејзина соученичка, Телма добива (епилептичен) напад. Ова во заграда намерно е ставено пошто подоцна ќе се увиди дека девојката нема епилепсија, класична.

Спомнав во претходниот филм дека не обожавам супернечурал ствари ако немаат добра поента и крајна цел. Ова ми беше превише, ептен одење во крајност со надреалните ствари.

Еден дел од поентата е во ред, состојбата на притисок, стрес, запознавање со сопствени нови чувства и емоции, страв од искачање од плакарот - не само во сексуална смисла, религиско воспитување и слично. Ама имаше и делови кои не можам да ги објаснам, многу нејаснотии и се некако конфузно ми делуваше. Претерале другарите малце.

А убаво беше за гледање, добро е напраен филмов. Девојкава е убава, другарка и истотака. Татко и и мајка и се брачен пар и во Blind.

3/5 за Телма.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Open Hearts (2002)
Elsker dig for evigt

во продолжение, Yes Patagonia, yes, haha. Мало хуморче.

Отворени срца е ако не се лажам втор Догма филм, режиран од Сузан Биер, еден од најдобрите скандинавски па и европски режисери. Или режисерки ајде, да не ме замараат феминистките. hh
Имам гледано едно 3-4 нејзини филмови и кај сите може да се најде една иста тема на муабет.
Врски, луѓе, нивниот однос у разно разни форми.

Млад пар дечко и девојка се верат, почнуваат да планираат заеднички живот, брак, се што следи понатаму во животот, еве патување у Пелагонија меѓудругото.
Но, дечкото доживува сообраќајна несреќа и комплетно им се менуваат животите и на двајцата. Не знам како поинаку да го објаснам филмов без да го раскажам цел, најубаво си пишува во description-от на имдб.
Доста добар, емотивен, малце тежок, онака баш скандинавски филм. Си имаат нивен печат, на страна ова Догма концептов.

За Мадс Микелсен кажано е веќе се, можеби најдобар европски актер.
И ова дружево е истотака јак актер, иам преку 10 филмови изгледани кајшто глуми.

8/10 оценка.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Land of Mine (2015)
Under sandet


По ослободувањето на Данска од германската окупација на крајот од Втората светска војна, многу германски војници остануваат заробени во Данска. Во договор помеѓу Германија и Данска, германските војници треба да го исчистат целото западно данско приморје од мините кои самите ги имаат поставено.
Група германски војници предводени од еден дански генерал се упатуваат кон плажите кои треба да ги чистат во времетраење од отприлика 3 месеци.

Генералот на почетокот е строг, агресивен, и полн омраза кон нив и тоа отворено им го става до знаење. Но набрзо ќе сфати дека си има работа со група исплашени и неискусни деца, испратени на милост и немилост каде среќата е нивниот единствен сојузник. Ако таа ги напушти, летаат на парчиња.

Филм по вистинска приказна. Добар, јак. Недостигаше акција, ама затоа имаше тензија и напнатост низ целиот филм. Впрочем тоа е и целта и поентата на филм каде се деактивираат мини. Споро и напнато.

Се мислев измеѓу 7 и 8, ама знам дека за некое време ќе ми спадне оценката а ќе го памтам како добар воен филм.
Така да,

7.5/10 нека биде.



The Guilty (2018)
Den skyldige


Полицаец кој е суспендиран и го чека утрешното судење е ангажиран во службата за итни повици како диспечер. Една вечер при крајот на смената ќе добие повик од вознемирена жена која се плаши за својот живот и која е киднапирана од својот поранешен маж.
Полицаецот Асгел нема никакви други информации освен дека жената се вози во бело комбе.
Само телефонот му е сојузник и се впушта во потрага по повеќе информации и обид да ја спаси ситуацијата но набрзо открива нешто во кое најмалце се сомневаше.

Интересен напнат трилер чие дејствие се одвива во една соба, со само еден лик, овој на сликата. Нешто слично како Локе со Том Харди. Има и римејк со Џејк Гиленхал, на Нетфликс ама тоа се подразбира дека е срање. Имаше дискусии на форумов.

Данците се мајстори за вакви ситуации и сценарија, нема што повеќе да се додаде. Уживам у нивните шокантни приказни.

8/10 оценка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom