DKB Handball Bundesliga, Liga ASOBAL, LNH

Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.531
Поени од реакции
3.703
Кои мучки ќе ги прави ЕХФ за да го внесе Кил во ЛШ наредна година? Тешко дека овие ќе стигнат до трето место во домашна лига, Фуксе ептен е избеган, а мислам дека донесоа одлука дека најмногу три тима од една држава смеат да играат во елитни групи. Вајлд-карта за Кил во лузерските групи со Динамо Букурешт и Металург би било смешно во моменти кога германските тимови мака мачат да привлечат публика и во елитните групи, а пак нема шанси ЕХФ да дозволи ЛШ без нив. Пак ќе си ги погазуваат сопствените одлуки како во случајот Австралија на СП.
 
Член од
19 август 2017
Мислења
261
Поени од реакции
849
Ракометна одбрана на годината: Соиграчот на Миркуловски ја фрли во транс цела Германија со двојна акробатска интервенција (Видео)

https://www.dailymotion.com/video/x6j9boa

Јас трипам или ова беше чист гол? Топката не излезе во аут, а се одбива од грбот на голманот и влага во гол?
 
Последно уредено:

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
РК Шалабајзерен од готово вересија, можеби очекувано кикснаа со лисиците во Берлин, само бод со Ерланген во гости, сензационален пораз од Мелсунген дома, по ред не забележаа победа и на крај ќе ја препуштат титулата на Фленсбург.
Кои цареви:kruna:, си го заслужуваат прекарот дефинитивно, доказ колку е силна Бундеслигата, богами и Француската лига, секој може секого да изненади ако е потценет.
На крај ПЕ СЕ ЖЕ и Фленсбург со доста среќа ќе си лапнат пехарчиња.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Си ја зграби Фленсбург шансата, прва титула после 14 години. Денеска во страшен грч играа против Гепинген и ќе беше навистина штета да не победат, особено што на Гепинген му фалеше цела прва постава. РНЛ според мене си ја плати цената на лошите калкулации на Јакобсен. Го ценам како тренер, квалитетен е, но кога станува збор за поделба на минутажа воопшто не можам да му ја разберам логиката особено сезонава. Еден куп утакмици кои веќе беа добиени, на домашен терен упорно и упорно си ја форсираше таа прва бековска постава со Менсах, Петерсон и Шмид, па дури и кај крилата не ротираше многу и ултимативно мислам дека ја платија цената на тоа. А, како капак на се дојдоа и повредите на Гвардиола и Рниќ.

Ќе видиме како ќе пројде летото и кај двете екипи има огромни промени. Од Фленсбург си заминува цела една постава која со години беше столб на тимот. А, и кај РНЛ не е ништо различно: Пекелер, Баена, Рајнкинд, Ду Риц, Рниќ... Доаѓаат нови имиња, но како и за се друго потребно ќе биде време. А, исто така има и муабети за смена на Јакобсен и можно доаѓање на Кристијан Андерсон (селекторот на Шведска) на чело на РНЛ од следната сезона. Тука е и Кил, кој процесот на подмладување на екипата го започна малку порано од РНЛ и Фленс. Но, за тоа по репрезентативните обврски и одморите.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.715
Денис играше за Фуксе , победија со Магденбург
https://www.youtube.com/watch?v=dUX-25FgYvc

прашање е дали можеше Вардар да го задржи да изигра и со Порто на 22,02, овака мали му се шансите за влез во Ф8
 

Kajgana Shop

На врв Bottom