Dirty Sexy Money

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
P.S Променете го насловот, во Валкани секси пари!



Американската серија „Валкани, секси пари“ од 17 февруари ќе почне да се емитува на програмата на телевизија „А1“, а ќе се прикажува секој вторник, во терминот на „Очајни домаќинки“. Првата епизода ќе биде прикажана од 21.00 часот, а од наредните недели, терминот ќе се помести во 20.00 часот. Драмата со комични елементи „Валкани, секси пари“, која на американските ТВ-станици се емитува од 2007 година, говори за адвокат што е принуден да се грижи за едно од најбогатите семејства во Њујорк, старите клиенти на неговиот покоен татко. Во главна улога на оваа комична серија се појавува Питер Краус (адвокатот Ник Џорџ) , додека главата на семејството Дарлинг, Патрик Трип Дарлинг на малите екрани го оживува Доналд Сатерленд. Во серијата игра уште еден холивудски актер, Вилијам Болдвин. Во различните епизоди, адвокатот Ник се обидува да ги реши легалните (и некогаш нелегалните) проблеми на членовите од семејството Дарлинг.

 
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
Ооо, Дарлингови доаѓаат на А1... :)
Баш ме изненади ова.
Супер е серијата, многу е интересна и ја препорачувам на сите. :wink: Само не очекувајте дека некогаш ќе има логичен крај, зашто ја укинаа на пола од втора сезона. Вкупно има 23 епизоди (од кои 4 не беа прикажани во САД, но сигурно ќе се прикажат кај нас).
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
406
Поени од реакции
8
Супееер.Да се надеваме дека ќе гледаме нешто асално:wink:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Нема веќе Очајни домаќинки? :nesum:

Значи интересна е оваа, само што ја прекратиле и нема логичен крај,него cut на сред сезона.
Глупости. Нешто поинтересно да откупат А1 што е доснимано :toe:

Округот Оринџ барам да го вратат им останаа уште малку епизоди.:pipi:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn

mean

:пипи:
Член од
12 октомври 2008
Мислења
587
Поени од реакции
24
Стварно! Нели требаше да продолжат со 5та сезона „Очајни домаќинки“ на А1?! :nerv:

Ај нема везе, ќе видам и ова што чудо е, ако ми текне да уклучам ТВ тогаш да гледам.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
FFS ...серија која ја прекинале :pos:

Поарно 20 епизоди на Чуму ќе гледам отколку некој на средина на интерсно дејство да ме прекине...
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Ќе ја гледам серијава, ми одговара тој термин, иначе нема да продлжат Домаќинките, од септември, здравје
А зашто е прекината серијата?
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ќе ја гледам серијава, ми одговара тој термин, иначе нема да продлжат Домаќинките, од септември, здравје
А зашто е прекината серијата?
Немам појма, но мислам дека рејтингот ваљда не бил задоволувачки. Сепак направена е од ABC (Desperate Housewives, Lost, According to Jim).
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Не ја гледам. Ја укинаа сред втора сезона во америка. Нема да и го видам крајот, нема дами е интересна.
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
310
Поени од реакции
108
Првата сезона има 10 епизоди, од втората досега има 9, последната излезе на 18 12 2008.
Ама изгледа серијата завршила неславно... сепак ке ја гледам:pipi:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Колку дебилно звучит насловов на македонски...:nesvest::nesvest::nesvest:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Серијава ми личи на оние старине Амерички сапуници со 1000 епизода само што оваа ја прекинале по 26 епизоди. Изгледа не поминува истото пак кај Американците...
 
Член од
1 јули 2006
Мислења
853
Поени од реакции
84
Реков јас дека нема да има Очајни :nesum:Не верувам дека во МК можат да откупуваат посебни епизоди, ами цела сезона кога целосно ќе излезе..така мислам и дека поефтино им се фаќа.
Инаку серијата..ќе ја гледам ваљда, прв пат слушам за неа.
 
Член од
21 декември 2008
Мислења
213
Поени од реакции
15
Реков јас дека нема да има Очајни :nesum:Не верувам дека во МК можат да откупуваат посебни епизоди, ами цела сезона кога целосно ќе излезе..така мислам и дека поефтино им се фаќа.
Инаку серијата..ќе ја гледам ваљда, прв пат слушам за неа.
И кога ќе излезе целата сезона ќе чекаат да падне цената, за веднаш не им се дава пари, алчни се.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom