Дино Марлин повторно растури во Скопје
Понеделник, 20.09.2010
Македонска сцена
Балканската легенда Дино Мерлин растури во Метрополис арената во Скопје. Повеќе од три часа, Мерлин, ја забавуваше неколку илјадната публика.
Концертот, нешто по 21 часот, го започна со песната „Испочетка“ од истоимениот албум. Мерлин не застана на сцената на едно место. Очигледно добро подготвен и кондиционо и тонски, Мерлин одушеви во Скопје.
Од новите хитови Да шутиш, Десет Млаџа, Недостајеш, до Годинама, Све је лаж и Супермен, публиката пееше во еден глас. Минатогодишното гостување на Мерлин на стадионот Билјанини извори во Охрид, не ги спречи илјадниците повторно да пеат заедно со легендата.
И овој концерт потврди дека Мерлин во Македонија е добредојден во секое време. Македонската публика ќе остане меѓу најверните.
Покрај многубројните членови на бендот, Мерлин сцената ја збогати и со жонглерски настап, со пластични чаши за пиво.
Српските медиуми кои беа ве Метрополис арената во сабота, овој момент го коментираа како поддршка за локалниот фестивал на пивото, Пиволенд на Скопско Кале.
По завршувањето на концертот, публиката не знаеше за крај. Побара уште. И доби. И не еднаш. Го врати големиот Дино Мерлин на сцена уште два пати.
По трите биса, сите хитови, многу емоции и желба за следна повторна средба, Мерлин ги остави илјадниците со спомени од саботниот концерт на легендата, во Метрополис арената во Скопје.
еве и неколку слики
http://backstage.com.mk/sites/default/files/merlin%203.jpg%201111111.jpg
http://backstage.com.mk/sites/default/files/merlin 1.tga publika.jpg
http://backstage.com.mk/sites/default/files/merlin 5.tga samo merlin.jpg
http://backstage.com.mk/sites/default/files/zonglerite.jpg