Дино Мерлин и Прљаво казалиште во Охрид - 1 и 2 август 2009

  • Креатор на темата Креатор на темата DimceY
  • Време на започнување Време на започнување

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.934
Поени од реакции
5.901
Легендата Дино Мерлин по пауза од 6 години повторно ќе одржи концерт во Охрид, на први август. По успешниот концерт во Скопје во лани, Мерлин својот хитовски албум "Из почетка" ќе го промовира и пред охридските туристи, а забавата е загарантирана и со старите хитови.

Хрватските рокери Прљаво казалиште на стадионот "Билјанини извори" ќе свират на втори август. Концертот е во состав на нивната славеничка турнеја "25 години хитови со Прљаво казалиште", а во Македонија доаѓаат по пауза од цели 15 години.

Особено интересно е што ниту една од двете групи, од распадот на СФРЈ, немаат настапувано во Србија, па многубројните српски туристи ќе имаат шанса да ги видат овие две групи во Охрид, велат организаторите. Влезниците се по цена од 600 денари за концерт, и 1000 денари цена за билети за двата концерти.

Влезниците ќе бидат во продажба од 20 јули, во сите салони на "Тобако" низ Македонија, во "Југотон", цвеќара "Розе" во "Веро 2", "Чув де Чув", и музичките продавници "ЗЗ топ" и "Кукузел" во Охрид. И двата концерти започнуваат во 21 часот.

извор
 
Дино Мерлин во Охрид, едноставно не се пропуштат. Таму сум! :helou:
 
Сакам кај Дино да одам ама бев на тој Скопје последниот, и плус скапо некако ми е... хммм... ај ќе видиме...
 
со оглед на тоа дека после нецела недела, на истото место, во истото време, идат Тифа, Ален и Бебек, Мерлин и Прљаво Казалиште се во втор план :) :) сеа ако не дај боже не испадне нишо од овие, тогаш може да се размислува за Мерлин или Прљаво Казалиште. ама секако Бјело Дугме и нивните песни имаат предност :) плус и цената мислам дека е истата од 600 денари
 
Да не беше фонетика ќе одев... ама вака тешко
 
О неееее....
колку ми е криво. на одмор сум тоа време. Ех, ќе пукнам од мака сеа. Не толку за Дино, иако го слушам и поштувам, ама за Казалиште......
лееле.:uvo:
 
Не ли се малку прескапи картите или мене така ми се чини.
Бјело дугме, Дино Мерлин и Прљаво казалиште по 600 денари. Па не е малку.
Порано карта за концерт беше 300-400 денари.
Во рок од 8 дена да дадеш 1800 денари е многу. А дека сите концерти ќе бидат добри не се сомневам.
Рецесија е, лето е луѓето се трошат до последен денар а концерт 600 денари, све забегало :toe:
Убаво да си поминат сите што ќе одат. Да се поевтини картите и попосетени ќе се концертите.
 
тапа толку многу настани ова лето , а ни еден нема да фатам :toe:
 
Во рок од 8 дена да дадеш 1800 денари е многу. А дека сите концерти ќе бидат добри не се сомневам.*

Рецесија е, лето е луѓето се трошат до последен денар а концерт 600 денари, све забегало :toe:**

Убаво да си поминат сите што ќе одат. Да се поевтини картите и попосетени ќе се концертите.

*Види сеа.. релативно е тоа.

** Цената ја одредува побарувачката на продуктот, а не моменталната ситуација во светот.

*** Ќе читаме рецензии, веројатно некој ќе се смилува да напише опширен пост.
 
Ааааа, изгледа нема да стасам да одам на Дино Мерлин, баш на 1 се враќам дома. Не е фер!:pishtoldz Ај, нема врска, ако не стасам, ќе си чекам во Скопје да направи концерт.:back:
 
Фонетика е на први, Казалиште на втори , освен ако мислеше за Мерлин . . .

Фонетика се одржава 2 дена:))

Онтопик:За на Дино не одам сигурно ама за на Прљаво казалиште одам сигурно веќе одамна ги чекам да праат концерт, прејако ќе е.Ах ќе се отепам од пари давање за по концерти летово:)))))))))))
 
Ќе одам..таман тогаш на одмор сум.Казалиште не ги сакам ептен али заради еден другар,па да му напраиме ќефот.
 
Јас бев на тој концертот на Дино Мерлин пред 6 години и добро се сеќавам дека влезницата беше 200 денари. Но 600:shok: што е многу многу е. Но ок лето е, на сред сезона и сигурно ќе има луѓе кои ќе сакаат да платат 600 денари за Дино. Јас би платила, но со оглед на тоа што планирам да одам на Бјело Дугме, а концертите им се во растојание од 1 недела ќе подразмислам. Сепак овие вториве ми се први на списокот:pipi:
 
Јас бев на тој концертот на Дино Мерлин пред 6 години и добро се сеќавам дека влезницата беше 200 денари. Но 600:shok: што е многу многу е. Но ок лето е, на сред сезона и сигурно ќе има луѓе кои ќе сакаат да платат 600 денари за Дино. Јас би платила, но со оглед на тоа што планирам да одам на Бјело Дугме, а концертите им се во растојание од 1 недела ќе подразмислам. Сепак овие вториве ми се први на списокот:pipi:

Инфлација ало, за колку посто покачена :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom