Постапката е иста за сите Linux дистрибиции. Ти требаат 2 партиции за Linux едната за инсталација и друга за swap фајл...Туку да не филозофирам многу имаш на
http://www.linux.net.mk Упатства и многу решени работи за и како да инсталираш Linux. За почеток еден извадок токму од сајтот LINUX.NET.MK
Подготовка на партициите за инсталација на Linux
Пратено од ufo на 13 Август, 2002 - 22:42 Упатства
Значи конечно решивте да инсталирате Linux. По прегледувањето на документацијата одлучивте дека Linux си заслужува сопствена партиција но сегане сте сигурни како да го направите тоа. Низ следниот текст ќе се обидам да ви ги појаснам партициите и начинот на партиционирање на вашиот хард диск за инсталација на Linux. Најпрво да почнеме од вашиот хард диск. Која големина има вашиот хард диск ? Моја лична препорака е да имате барем едно 2 Гига Бајти на хард дискот за да може да функционира Линукс со некој друг оперативен систем како што е Windows. Значи на вас останува дали сакате сите ваши податоци да ги задржите или сакате се да избришете и да почнете се од почеток (што и не е лоша идеја знаејќи дека Windows многу често паѓа, нестабилен е и многу нормално дека ќе примените форматирање на вашиот хард диск (кога тогаш). Е сега, ако сте доволно среќни да го имате програмот Partition Magic, тогаш сортирањето на партициите ќе биде многу полесно. Или пак ако имате некоја дополнителна партиција на дискот, тогаш сте завршиле пола од работата. Во секој случај ние ќе го разгледаме потешкиот начин. Значи немаме некои посебни програми за партиционирање, немаме одвоени партиции и нормално, сакаме да задржиме дел од податоците на дискот. Еве да речеме на рпимер, имаме еден диск од 1 гига бајт и веќе иматеи нсталирано Windows 95. Го подрасчистивте колку што можевте и ви остануваат 500 мега бајти слободен простор на дискот. Може да направиме две работи сега. Првата работа е да го пуштиме Disk Defragmenter на Windows. Овој програм ќе ги премести на еден дел блоковите кои се искористени а на друг дел блоковите кои не се искористени. Потоа шуштете го Flips (можете да го најдете на:
http://www.igd.fhg.de/~aschaefe/fips/fips.html) и пратете ги инструкциите да го раздвоите слободниот простор од 500 мега бајти во своја партиција. Како и да е, запомнете дека Fips не работи добро со компресирани партиции и не работи воопшто со Windows NT. Исто така има проблеми со шемата за форматирање на OSR2 FAT32 и со некои SCSI адаптери. Проверете ја документацијата за Fips за да бидете целосно сигурни. Но сепак можете да го пуштите fdisk и да си направите партиција (но сите податоци ќе бидат избришани) и потоа да инсталирате Windows и Linux. Primary, Extended и Logical (какви партиции ви требаат?) Значи, дозволено е да имате 4 примарни партиции и една од нив може да биде заменета со extended партиција. Extended партициите можат да состојат колку што сакате logical партиции. Во наједноставен случај, компјутер кој ќе има dual boot (два оперативни системи) како што е Windows и Linux ќе ви бидат потребни три партиции и тоа една партиција за Windows една за Linux и една партиција за swap просторот за Linux. Пред инсталацијата на Linux Откако партициониравте слободен дисковен простор, подготвени сте да го стартирате компјутерот со Linux диск. Меѓу првите работи што Linux ја прави е да ве одведе до некој програм за партиционирање на хард дискот како на пример Disk Druid на Red Hat дистрибуцијата или cfdisk. Сепак, која и да ја одберете дистрибуција ќе треба да направите посебна партиција за Linux и за swap простор. Root партицијата под Linux мора да биде од типот ext2. Ова е таканаречена native Linux диск партиција која е брза и доверлива. За тоа колку простор би требало да се одвои за партициите, па зависи од тоа колкав хард диск имате и од тоа што планирате да инсталирате. За swap просторот би препорачал да биде два пати поголем од RAM меморијата, што значи ако имате 64Мб. RAM тогаш направете ја swap партицијата 130Мб. Програмот fdisk Го користите fdisk за да направиме некои нови партиции. Ако ја имаме верзијата со командна линија тогаш притискаме n и даваме број на партиција. Потоа задавеме тип на партиција (primary или extended) и конечно задаваме цилиндри или мега бајти. Цилиндрите се low level мерки за дисковниот капацитет. Заради ефикасност најдобро е да ги задавете големините во цилиндри. На пример, компјутерот пред кој седам јас ми вика: Disk /dev/sda: 255 heads, 63 sectors, 275 cylinders Units = cylinders of 16065 * 512 bytes Значи секој цилиндер содржи околу 7.8 мега бајти. За да се направи партиција од 500 Мб ќе треба да одвоите приближно 63 цилиндри. Најлесниот начин да го направите ова е да притиснете p за да ја видите вистинската големина. Ако ептен сте погрешиле тогаш притиснете d за да ја избришете партицијата. Наскоро ќе направите root партиција и swap партиција со адекватна големина. За да ги направите овие промени вистински ќе ја употребите w командата. Ако нешто тотално сте погрешиле, излезете од програмот и повторно вратете се. Инаку програмот нема да ги зачува и да ги имплементира промените се додека вие не му кажете да го направи тоа. Откако ќе ги направите потребните партиции ќе можете да започнете со инсталација на Linux. Запомнете дека најдобро е пред се добро да испланирате а потоа да работите. Поздрав до вас: S3bastian