David Guetta 8-ми септември Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата nE0n1nja
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа што можев да забележам е дека на младинава очајно и требаат вакви настани. После трагичните случувања во Кочани и затварањето на речиси сите дискотеки, се создаде празнина за ноќен живот кај младите. Истата празнина ја искористија дечките што организираат ноќни искачувања на Водно, па можам да кажам дека веќе допирна точка немаат оние дамнешните нежуркачки ноќни искачувања организирани со Трбогазов, па ни оние журкачките организирани од Хајкинг, овие организираниве од ова лето беа скроз друга приказна, бројка х20 од вообичаено, се гледаше дека дошле луѓе само за журкање, а планина и спортска активност во заден план.

Да се вратам на Гета. Алките тие се вадеа, така да ако беше муабетот да нема препродавање на карти, скроз благе везе си немаше. Прво можеш да отидеш и да му кажеш да не ти ја стега, нема да ти ја стегне. После самите на многу луѓе не им ги стегаа и можеше без проблем да се извади. А и самите алки може со вртење на црното да се извадат без употреба на сила. Можеш комбинација да пратиш скриншат од картата и да си извади некој алка, а и ти да ја земеш со карта алката и да му ја дадеш на некој. Единствен начин да се превенира препродажба е да има закон кој пример забранува продажба на карта со цена повисока од таа со која била купена. Па на лице место во обид за препродажба да се фаќаат, ама не верувам дека некој ќе се замара. Гужва немаше апсолутна никаква ниту на влез ниту на подигање карти, а ни внатре немаше, секој имаше простор културно да си се движи, да шиза. Имаше на излез, тесни грла се излезите, но и тоа не беше страшно.

Него друго ми беше муабетот. Приметува ли некој колку ова ние културно го изведовме? Не само 8ми, туку сите настани кои претходеа. Земи ги сите Екс Ју држави и што се случува моментално кај нив (океј сите освен Словенија, они се приказна за себе). Се караат луѓе дали Младиќ бил херој или злочинац, очи ќе си извадат. Пеат таму песни на Хиподром со милион луѓе од типот “Запаличу 2-3 српска штаба за да нисам долазио џаба“. Графити со националистички пораки насекаде никнуваат. Овие годишници/родендени се повод за национализам, фашизам, што ти знам јас не. И одеднаш ја имаш Македонија, која буквално лекции оддржува. Ти никнуваат графити од типот “Кога ја љубев Дениција“, инспирирани од македонска поезија. За роденден музичкиот избор ни се филхармонија, Жозе Карерас, Гета... Разлика е бог и шеширџија, сум хејтал апсолутно се што може да се хејта и од оваа влада и од сите минати и ќе продолжам да критикувам каде што треба, но нека остане запишано дека лекции оддрживме за тоа како треба нештата да се организирани за овој 35ти роденден.
 
Не само ова што го организираше владата туку општо годинава мрднаа македонските артисти и имаше повеќе настани од нивна страна. Имаше за сите генерации и сите жанрови.

Едино фалат повеќе дискотеки ама мене ми е сеедно, на овие години сигурно нема да се заакам во нив. Повеќе за младиве што искачање им е Силбо.
 
Но има и такви луѓе на кои среќата на другите е нивната мизерија :
Оваа од сабајле се хејта самата па после тоа цел свет ... од вакви гнаси народот пати па уште и титула новинар.
 
Српска компанија работеле на пиротехника и останати ефекти.

Eве и на бината и на озвучувањето

Последно уредено:
Српска компанија работеле на пиротехника и останати ефекти.

Eве и на бината и на озвучувањето

Берар од времето биле инстуција на балканот, гледа дека сега мн повеќе напреднале со техника.... браво.
 
IMG_20260913_195917.jpg

... не знам зошто сите коментираат околу ,,Авалон", а всушност концертот на Д.Гета на владин тендер како единствена понуда била од фирмата „Стардаст ДООЕЛ. :toe:

...по смртта на Даниел Милошески во 2014 година, неговиот сопственички удел во „Авалон продукција“ (како законско наследство) преминал кај неговото потесно семејство (сопругата и децата), така да семејството на починатиот брат ги задржале правата врз одредени сегменти и правни субјекти поврзани со брендот „Авалон“.

... фирмата „Стардаст ДООЕЛ“ била формирана во 2021 година и била заведена на име на Миа Милошевска, иако во јавноста и на терен проектите ги менаџирал Бобан Милошески, правно оваа фирма е независен субјект со што му овозможува на овој дел од семејството да работи на нови државни тендери, концерти и спонзорства независно од оригиналната корпоративна структура на „Авалон“ каде што сопственички удел имаат и наследниците на починатиот брат Даниел.

...едно се пишува, а друг е правен застапник! :toe:
 
Последно уредено:
Прегледај го приврзокот 487151

Ajде ова ама што е филмот со концертов со Каролина и Елита 5 во Тетово што е 15 септември. После свадба тапани што се вика.

Како тоа бил згуснат распоредот и не можеле периодот предвиден да го реализираат?
 
Најрасфрлување пари до сега у историјата на МК. Цел месец славеа ден на независнот за да на крај ДРЖАВНА лотарија на Македонија ипере 5,5 милиони.
И тоа у моменти кога владее најголемата светска криза у новиов милениум.
 
Back
На врв Bottom