Dark

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.364
Поени од реакции
7.293
Го симнав семејното стебло на сите од Винден и со тоа можам да разберам кој е кој. :ROFLMAO:

Првата сезона ми беше феноменална, вторава е како долго објаснување на првата.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Леле, леле, леле, леле, леле, леле, леле, леле, леле, леле, леле, леле, леле, леле...

Што по ѓаволите јас штотуку изгледав?

suicide.gif
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Малку ни беа 5 временски тајмлајни за следење, па сега ни додадоа и паралелен универзум or so it seems.

Серијава е најавено да финишира со 3 сезони, па последнава очекувам да биде комплетно ебење.

Со среча.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.317
Дали ги запазивте сцените/кадрите пред крајот на секоја епизода што идат комбинирани со песна? :shook::shook::shook:

Во серијава заедно со The Killing се имам најмн пати наежено, каква атмосфера,музика,фотографија.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Не ми се репризираше 1 сезона, ама кога пуштив втора се изгубив скроз во хаосот од ликови. И фино си отворив word да ги запишам, еве ги овде, се надевам на некој ќе му биде од корист „каталогов“.






Уникатна серија во секој поглед, религија, филозофија, концепт за времето што ве изместува од ум. Вреди напорот при гледање.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Феноменална втора сезона.
Stranger Things треба да учи од оваа.
Dark е Stranger Things за сериозни гледачи.
Inb4 nz zosto lugeto ja sporeduvaat so ST blabla
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
Ги изгледав двете сезони за десетина дена. Првата сезона ми беше доста добра, налик на Твин Пикс мистерија со тајм травел. Втората сезона се посвети целосно на тајм травел и веќе нема поента да се бара логика во она нешто.
Е сега, од трилер мистерија (што ми го зема вниманието) се претвори во малку сај фај малку љубовна приказна, па после премина целосно во сај фај, за буквално последната сцена да отвори ново поглавје односно нов жанр според мене и само што го спомнаа паралелниот универзум, станав скептик дека ова ќе заврши како што треба... Третата сезона (читав дека ќе биде последна, не знам) или ќе биде ремек дело или тотално фијаско, не може да има средина, ова ќе биде love or hate до самиот крај.

Инаку тотално ја препорачувам, уживав во неа а немам баш време за серии. Супер изработена серија, со сите нишани. Кој го правел кастингот треба да му се даде 13та плата.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
Серијава е прав мастерпис. Една од подобрите во последно време.
Иако мислам дека стана ептен сложено и малце сум скептик дека ќе можат да ја завршат ко што треба во една сезона.
Како и да е, дефинитивно вреди да се погледне.
 

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Не ми се репризираше 1 сезона, ама кога пуштив втора се изгубив скроз во хаосот од ликови. И фино си отворив word да ги запишам, еве ги овде, се надевам на некој ќе му биде од корист „каталогов“.






Уникатна серија во секој поглед, религија, филозофија, концепт за времето што ве изместува од ум. Вреди напорот при гледање.
Па сакам сега да прегледам двете сезони со белешки при рака да видам шо сум пропуштила. Сликиве ти се топ.
 

TRICKO

LEGEND
Член од
2 јули 2019
Мислења
416
Поени од реакции
326
изгледа ги ичера 2 сезоне , серија е феноменална , препопука за свите што гу немав гледано.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Ги изгледав двете сезони една по друга. Одлична серија, најдобра мистерија од Lost наваму. Одлична приказна, тајм травелот во главно добро изведен без да си наметнува некои комплицирани правила. Еден куп шок моменти, посебно ова на крајот со Шарлоте и Елизабет скроз ми го разнесе мозокот. Ни на крај памет па не очекував да вметнат алтернативни универзуми и уште толку да ја искомплицираат приказната.

Инаку мислев дека приказнава ќе ја вртат во повеќе сезони. Ама еве читам третата ќе била последна и многу ми се бендисува тоа. Ваква приказна ако ја влечеш 6-7 сезони само повеќе ќе се заплеткува и на крај ќе настане каша попара. Вака три сезони се доволни. Само не знам дали ќе успеат во осум епизоди се’ да заокружат како што треба. И јас како џимеј мислам дека ова ќе биде или masterpiece или катастрофа.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.313
Поени од реакции
2.834
До сега како што глрдам Германциве секоја чест за оваа серија што ја направиле. Мислам дека нема да разочараат затоа што сепак се Германци. Се надевам дека не решам.

Значи ханан се врати назад и сака да почне нов живот баш додека збореш со Егон. Заборавив што се имаш случено со мајката на Клаудија и мислам дека всушност Клаудија испаѓа дека му е полусестра на Јонас. А Ноах син на Магнус и Франческа. До сега едноставно ме маѓепса серијава. Толку некако се соживив со музика сцени итн. Браво за Германците....
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.724
Поени од реакции
9.759
Најверојатно на 27. наредниот месец ќе излезе последната, 3та сезона, т.е. барем такви се најавите и шпекулациите. Официјална потврда и трејлер за жал нема. Сепак, кој планира да ги гледа првите 2 сезони пред новата сега му е мајката да се почне со тоа. Со оглед на комплексноста на серијава, друг избор нема. Ако ме разочара и серијава со крајот се откажувам од нови серии :cenzura:
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.581
Поени од реакции
13.214
Ја почнав одново 1 сезона па ќе ве стигнам, со youtube recap и wiki synopsis не збркав работа. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom