Dark ambient,Drone,Atmospheric ambient, space/cosmic ambient

Член од
26 јуни 2013
Мислења
2.443
Поени од реакции
10.366
Ајде фали вакво нешто на темава се надевам дека има фанови

Се работи за еднаш го прочитав изразов па така и ќе го пренесам се работи за Насилна поцрнета бука а ако веќе треба со свој зборови наместо копи пасте се работи за патување се работи за планина се работи за мир спокој движење умствена состојба се работи за многу повеќе нема зборови,нема гитари се состојките се електроакустична музика исполнета со синтисајзер музикава највеќе корења влече од амбиент музик пост рок пред да се навлечам на ова музика главниот кривец за тоа е пост-рок од типот на моно,екслпозион ин тхе скај,могваи,и спел ин натуре да не ги редиме

Ако сте за нешто повеќе ја имате вики http://en.wikipedia.org/wiki/Dark_ambient ,http://en.wikipedia.org/wiki/Ambient_music

Слушајте уживајте не се работи за хорор(ќе стаев уше ама ај да начнеме малку)



 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
2.443
Поени од реакции
10.366
Види види ја мислев дека на овој план сме биле тапа а тука албум има компилација Јес

сеа најдовај најди ми довнлоад линк нешто или ако го имаш прикачи го на медиафире,зипишер на било што само смести го некаде

Across the mountains е доживување. Соничен пат низ префинето доловените предели на природата и внатрешните предели на умот на слушателот, каде што звуците ги разоткриваат длабоките слоеви под кои лежи парче незагадено себство од сивилото на градот и секојдневието.

Седум автори на амбиентална музика од Македонија со својот префинет и специфичен музички сензибилитет го пронајдоа своето место на компилацијата Across the Mountains: a Macedonian ambient music compilation издадена од американската издавачка етикета Silber recordings.

Артистите доаѓаат од различни градови на државата и континуирано творат во амбиенталните и експериментални музички води како поединци или преку меѓусебна соработка во заеднички проекти. Некои од нив се веќе добро етаблирани како имиња на светската сцена на амбиент музика. На Across the mountains можеме да ги чуеме: Шерифидан Курт, Димитар Додовски и проектите Amplidyne Effect, Airless Project , Fydhws, Post Global Trio и Sound_00.

Оваа компилација е одлична можност конкретнава линија на артисти да се презентира пред странската и домашната публика. За слушателите пак, кои што веќе ја следат македонска продукција во овој жанр, компилацијава е прекрасна можност да ги преслушаат на едно место најистакнатите артисти обединети преку концептот на ова музичко издание.

Инаку, изданието е реализирано преку комуникацијата на македонската етикета Post Global Recordings на Тони Димитров и американската Silber Recordings на Brian John Mitchell. Целта на соработката е да се придонесе кон градење на една покохерентна музичка сцена на конкретниов жанр и да се промовира квалитетот и потенцијалот на македонските артисти. Компилацијата официјално се појави во август 2014, а може да се набави преку веб страната на издавачот или преку сајтови како iTunes, Spotify, Amazon.

Во вибрантните звуци на македонскиот амбиент можете да запловите на Bandcamp профилот на Silber Recordings, каде што оваа компилација е во целост достапна за бесплатно преслушување.
 
Последно уредено:
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.891
Eве нешто од мене, што сум открил не знам како, ама сум ги скапувал слушање на времето(иако еден албум е само снимен)
За спиење измислени се.


Јако е ова. Скроз забеган и генијален правец.
Ова се албуми за кои еднаш се живее, а не 10 пати. :D
 
На врв Bottom