Дали можете да издржите 2 дена без благо?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мари
  • Време на започнување Време на започнување
Jaс можам и повеќе. Ми се случува ама многу ретко да ми се пријаде благо ама не сум некој голем љубител!
 
Можам околу 3-4 дена, за повеќе ќе треба да трпам.
 
Можам и многу подолго. Јадам благо понекад ради друштво, неам потреба. Едино некад кеф ми се прај за сладолед..
 
2 дена? Да не мислите 2 минути:)?
Какви 2 дена, за 2 дена ќе изедам цел тон благо. Уште па ако сум во ПМС, мх мх мх, ќе треба да им речам на доставувачите на роба на продавницата кај мене да го пратат камиончето, јас да си го земам благото. Навика е пред се`, навикната сум пред и после тренинг да јадам чоколадо за мускулите и не можам да го отарасам:)
 
Можам и повеќе, не сум благарка ич.
 
Па кога ќе размислам, веќе 4 дена немам каснато ништо благо. А зошто, не знам, оти многу сум си по чоколадото, слаткото, мармалади... Чудо некое.
 
Без благо? Слабо тоа, можам на пример неколку саати, после рипам на првото нешто со благ вкус, независно дали е чоколадо, колачи, торта, мармалад, џем...
 
Апсолутно можам да издржам без благо, во смисла кондиторски производи.

Но не можам без шеќер. Овде подразбирам праски, јаболки, млеко итн., значи храна што природно содржи шеќер.
 
Два дена да, ако ми ја пуштат брзината на нетов и да имам енормни количини алкохол...
 
2 дена? Нема шанси на мене лошо ќе ми стане, ќе треба да одам на инфузија :vozbud:.
Незнам шо е проблемо само благо јадам, чоколади пред се милки, а нешто соленко тешка работа така да нема шанси 2 дена без благо.
 
јадам благо често ама можам да издржам 2 дена
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom