Дали може да сакаш две личности во исто време?

  • Креатор на темата Креатор на темата SLaCk
  • Време на започнување Време на започнување
Не можам да кажам за дали можат да се сакаат две жени во исто време,ама можам да дадам мислење за тоа,и да кажам дали јас можам да сакам двајца во исто време.Секако дека може.сепак,се работи за љубов кон суштества,различни суштества кои ги сакаме заради различни работи,имаат различни карактери,различни доблести и маани...не може да се каже дека во моментот можеш да имаш чувства само за една личност.нелогично е тоа.постои љубов према родители,брат/сестра,другар/ка,дечко/девојка.и сите тие ги сакаме на различен начин.на пример,дечкото/девојката најверојатно се сака и како другар (некој кој ти е потпора кога имаш некој проблем,некој што ти дава сила и помош да го решиш) и како сексуален партер.итн.Тоа е мое мислење,јас мислам дека може да се сакаат две личности истовремено.
 
Според мене истовремено и подеднакво не може да се сакаат 2личности секогаш има нешто повеќе што те привлекува кај едната од тие 2.:smir:
 
Прочитајте го ова.

Според текстов, со самиот муабет за некои поинтимни теми, како што се сексот, порнографијата, итн, можат да предизвикаат нагон за интимност со некого. Со други зборови, ако со истополов пријател (со/без налевање со пиво/вино/итн.) правите муабет за некои такви теми, ќе ви се појави нагон за интима. Не исклучувајќи и со истиот пријател.

Тоа ли се смета за љубов на темава? Ако тоа го сметате за љубов, во тој случај, сите оние што пишуваат на подфорумот Љубов и секс се веќе заљубени во сите останати и сакаат :sekss: со сите нив.

Ова мене ми делува логично - човек може да развие такви интимни нагони од повеќе извори („Дали ќе се отвори“, рече градникот на Lisca на билбордот, _________________________ - жени, дополнете со настан кој ве тера да кубете коси и влажните вагини, зашто не ми е познат таков), но, според мене, за љубовта да биде целосна, треба тие нагони и физички да се остварат. Ова подразбира секс со повеќе личности, се разбира, но и љубов кон истите, т.е. и емоционално внесување во тој секс.

Но, барем според мене, скоро невозможно е човек целото свое битие да го оддаде на *повеќе* работи. Претпоставувам дека ние луѓето сме такви: му се посветуваме на *едно* нешто. Ако на човек му е најважно само да се секса со кого стигне, тој всушност никому не му се предал, туку е сепак сам.

:oftopic: Многу е веројатно предавањето на *едно* нешто да е причина за монотеистичките религии (еднобоштвата), но ова е за друг подфорум... Сепак, морав да го кажам како идеја :smir:
 
EDIT: Може ако си Шмекерот! Тој ги сака сите :pipi:
Точно! Ако се сака може да се има љубов за секого. Но сепак...Томисслејер....секогаш една ке ти биде најмногу при срце :)
 
Mozes da sakas i sto dusi ali mislam deka postoi samo edna koja stvarnoooooooo ja sakas
 
Зависи од сакањето.
Можам да сакам 5 одеднаш како другарки, можам да сакам 2 одеднаш како симпатии, можам и 2 да засакам ама неможеш и со двете. Мора една да се одлучиш, а сигурно мора да те завлечи повеке на една страна.
 
едно е да се заљубиш, сосема трето е да се затрескаш во некого.
ако си заљубен во слисла на зборот тогаш неможеш да љубиш 2ца.
секогаш помилата личност ќе ви лежи на срце.
 
Сигурно многу пати сте гледале филмови, чија главна тема е љубовниот триаголник. Дали такво сценарио е возможно и во реалниот живот, дали е возможно да сакате две личности истовремено и со ист интензитет?
 

Среда, 04 Јануари 2012 23:05
Сигурно многу пати сте гледале филмови, чија главна тема е љубовниот триаголник. Дали такво сценарио е возможно и во реалниот живот, дали е возможно да сакате две личности истовремено и со ист интензитет?
Сигурно многу пати сте гледале филмови, чија главна тема е љубовниот триаголник. Дали такво сценарио е возможно и во реалниот живот, дали е возможно да сакате две личности истовремено и со ист интензитет?

ljubov500.jpg
Психотерапевтот Тони Колман, смета дека ситуацијата во која жената сака двајца мажи, може да се објасни со тоа дека најчесто едниот и е партнер, а другиот најдобар пријател.
-Најтешко е кога ќе се заљубите во најдобриот пријател, бидејќи тогаш почнувате на сосема поинаков начин да ја набљудувате вашата емоционална поврзаност. Ако згора на тоа имате и постојан партнер, тогаш сте во голем проблем, смета тој и додава дека никој до крај не може „да седи на две столици“.
-Најчесто во такви ситуации мора да донесете одлука кого ќе ставите на прво место. Во тоа може да ви помогне и фактот дека најверојатно во вашата врска нешто не е како што треба, поради што и сте се заљубиле во друга личност, објаснува Колман.
Секако, прво треба да расчистите сами со себе, бидејќи таквите работи можат да бидат многу тешки. Дали да ја слушате главата или срцето?
-Правењето на свесни избори, зависи од тоа за која опција ќе се одлучите. Секогаш следете го она чувство кое ви изгледа правилно, без оглед на луѓето кои ве опкружуваат или личноста во која сте заљубени, смета Колман.
Понекогаш „втората љубов“ е онаа која одамна од некои причини ви „избегала“, дури можеби и некоја поранешна љубов. Во секој случај, за да донесете правилна одлука, најдобро е да направите пауза од врската во која што сте и да размислите убаво за се.

Доколку ви недостига партнерот и сакате повторно да бидете заедно, можете да се смирите со него. Ако не, можеби најдобро решение е да се откажете од двете опција и да си побарате некоја трета која ќе биде вистинска за вас.
-Најчесто едната или двете личности, заклучуваат дека „новата љубов“ не е за нив. Затоа најдобро е,освен ако не сте целосно сигурни дека врската со постојаниот партнер не ви одговара, не се впуштајте во размислување за врска со друг кој и да било, смета Колин.

VIA KURIR.mk http://www.kurir.mk/magazin/zivot/55894-Dali-mozete-da-sakate-dve-licnosti-istovremeno
 
На две столици не се седи ама на три може да се прилегне;) Шега на страна невозможно е да сакаш две личности на ист начин,психотерапевтов ја објаснува искрата која се појавува према пријателот/пријателката во тој случај некогаш страда врската некогаш пријателството.Едниот го губиме.
 
Не е можно.Можеш само да ги посакуваш повеќе личности, не само две. А да сакаш, и особено со ист интезитет? Не е возможно.

п.с.Има една поговорка: Од кол на кол, ама колот на крајот в г*з.
 
Можеш да „сакаш“ две личности доколку чувството спрема двајцата не е вистинска љубов туку нешто како зацапаност или приврзаност. Вистинската љубов и припаѓа на една личност.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom