Имате ли обичај кога првпат ќе се запознаете со некого или, воопшто, кога седнувате на кафе со некој другар/ка или познаник да го анализирате?! Тука, пред се`, мислам на психоанализа: според она што го носи, што го зборува, какви ставови има, да донесете заклучок и суд за каков човек станува збор. Врз основа на неговите интереси и ставови, врз основа на неговото однесување да дојдете до заклучок за каков човек се работи?!
Неколкуте тестови кои Бибика тука ги постави можат да служат за таа цел: површна и моментална проценка на човекот, неговиот карактер и неговата моментална состојба и листа на животни приоритети.
Морам да признаам дека порано повеќе се задлабочував во такви анализи (девицата - како хороскопски знак - е позната по анализите и „цепидлачењето”
), а во последно време не се мачам толку длабоко да навлезам во психата на оној со кого контактирам. Едноставно, веќе не се трудам да го извлечам од него и тоа кое не сака да го каже. Премногу напорно е, а има стручњаци на кои тоа им го препуштив. 
Сепак, посилно е од мене и секогаш си имам по еден подготвен мој профил и психоанализа на оние со кои имам некаква комуникација.
Вие?!

Не знам, но со тие работи многу се замарам.Иако за мене, тоа е само како уште едно искуство повеќе.