Daft Punk

Член од
23 мај 2013
Мислења
2.233
Поени од реакции
5.204
Гледам дека нема тема за Дафт Пунк и многу се разочарав :mad:
Daft Punk е дуо составен од Thomas Bangalter and Guy-Manuel de Homem-Christo
Жарнот е француски хаус,техно и диско
Тие имаат повеќе албуми
Homework 1993-1996

Жарнот во Хоумворк е хоус и техно
Јас од овој албум имам многу омилени песни на пример Around the World Da Funk и сите останати песни:D
Ахххх Discovery еден од најдобрите албуми на ДП
Жарнот е Диско ;)
Издаден 2001

Овој албум многу е интересен го препорачувам
Омилени Песни Veridis Quo Harder Better Faster Stronger One More Time Face to Face и сите други
Human After All

Издаден 2005
Жарн Електронски рок и хоус
Интересен албум
Омилени песни и кои ги препорачувам на сите The Prime Time Of Your Life Human After All and Robot Rock
Дечки нема да го ставам од Трон Легаси зошто тоа е како саунд трак на филмот

Најдобар албум според мене е
RAM
Издаден 2013
Жарн Диско Фанк и Елетроник
Најдобар албум според мене и така треба да продолжат

Омилени песни СИТЕ!!! одличен албум незнам зашто некој викаат дека е срање кога не е за мене

Покрај албуми тие имаат и свои филмови кои се
Daft Punk's Electroma одличен филм и многу интересна приказна
Interstella 5555 за жал го немам гледано филмот
D.A.F.T

Пишите доле во коментарите за нешто поврзано за Дафт Пунк пример зашто ги слушате од каде ги слушнавте и друго
Бонус
Слика каде што не носат шлемови

 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Interstella 5555 им беше најдобар "спот" едно добри 7 години.Пoтоа го направија Tron :Legacy.
И така денес потои дилемата кој е најдобар музички спот на сите времиња.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Добија греми оваа година. Јухијухи јеј. :icon_mrgr:

Ако не друго, малку од малку се над денешнава популарна музика во однос на квалитет.

Get lucky нема некој шо не ја слушнал до сеа.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
2 албума по ред им се под-просечни.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
RAM 8/10
Homework 7/10
Discovery 8/10
Human After All само овј албум е така послаб но има интересни песни ;)
Се работи за вкусови, но Homework им е далеку најдобар албум.
Новиов албум им е бетер и од Human after all, како успеале не знам.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Зависи кој кога ги зачекал. Помладиве генерации кои ги знаат по последните албуми, старите им се чудни, јас имам обратно мислење, новиве се правени повеќе за меинстрим слава, претходно беа поок.
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.233
Поени од реакции
5.204
Зависи кој кога ги зачекал. Помладиве генерации кои ги знаат по последните албуми, старите им се чудни, јас имам обратно мислење, новиве се правени повеќе за меинстрим слава, претходно беа поок.
Јас почнав да ги слушам од еден другар ме зарази
Почнав хронолошки и приметив голема разлика но сепак се супер
 
G

garthok

Гостин
Па да тоа исто ко да земеш King Crimson да ги слушаш од најнови кон најстари, ќе ти звучат чудно пошто колку и да негуваат ист правец има големи разлики во истиот.
 
Член од
23 јуни 2013
Мислења
132
Поени од реакции
244
Роботите не само што заслужено си направија места во историјата на dance музиката, туку створија армија следбеници на овој вид продукција и звук. French house, Disco house, Electro house, New disco па дури и досадниот Dubstep се жанрови на клубска музика кои изникнаа од влијанието на Daft Punk.

Кога го слушнав Homework, според мене најдобриот албум, ме освои. Збир на техно, хаус и диско мелодии, заразни бас линии, репетитивни ритмови и есид твикови кои те наежуваат.

Discovery е албум со кој доживеаа ултра комерцијален успех, ориентирајќи се повеќе кон мелодични поп-рефрени и диско семплови компресирани до даска, но и посложени аранжмани.
Двајцата техно-фрикови од Франција, на преодот од едниот кон другиот век ја сфатија моќта на поп-културата и технолошка револуција, па од Daft Punk си визуелизирале да направат бренд, а од себе поп-икони маскирани како роботи.
Со голема маркетинг кампања го промовираат Discovery, проследена со аниме-видеа, кој е практично цел филм. Памтам дека кога и да пуштам MTV One more time вртеше барем еднаш на секој саат.

По вториот албум, овој звук стана толку популарен што на секоја песна имаа барем по 10 ремикса, а младите продуценти почнаа да ги копираат. Мене ме заситија и престанав да ги следам.

Третиот албум им беше fail. Ништо ново не слушнав.
Саундтракот на Tron: Legacy ми се допадна. Дури и самите се појавија во филмот.

За Random Access Memories, можам да кажам дека е добар албум и нивен логичен прогрес враќајќи се кон поп музиката и диското-нивните најголеми влијанија. Звукот на 70-тите е доминантен. Имаат посложени аранжмани, живи инструменти и гости им се музичари кои тие ги сметаат за највлијателни во dance музиката од 70-тите до денес.
Генерално се бенд кој го заслужува респектот заради квалитетната музика што ја оставиле. Иако можеби го изгубиле шмекот на „андерграунд“ клубски бенд по првиот албум, со скапите маркетинг кампањи и претенциозноста на имиџот на роботи, но не може да им се одземе признанието на еден од повлијателните бендови или брендови во популарната музика.


Некои мои фаворити:
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.233
Поени од реакции
5.204
Незнам зашто сите него сакаат 3 албум
Мене баш ми е добар ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom