Фичово e модифицирано во предницата, фаровите и барникот напред, назад и штоповите (неможам да препознаам од што се фаровите и штоповите ама имаат некој кул изглед), има мотор од тико, а и маската внатре комплет е од тико. Во секој случај квалитетна работа направил тој што го правел (едноставно за ова да го направиш треба да се убиеш од работа само моторот да го монтираш да не споменувам за друго, а гарант има и предница комплет од тико а тоа е многу работа). Би сакал да видам и како изгледа багажниот простор позади сега без оригиналниот мотор од Фичото. Штета што го нема на сликите. Во секој случај алал да му е на дечкото кој што добил ваква идеја. На ова би додал... Да беше фичото од Тарзан моделите (оние што им се отвараат вратите обратно) ке беше уште поголема атракција
.
А замислете се продава... Незнам колку е цената во евра, ама ако знае некој (мислам дека овие 200.000 што ги бара се словачки пари) нека пише.