Да се биде или не? Дилема на циникот

Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.815
Поени од реакции
3.070
Ако ве мрзи да читате, еве скратена верзија на текстот, по заслуга на другарот
Екселентие. Дилемата на циникот е што не може да знае дали околината ќе го смета за циник од надмоќ или циник од немоќ.

Ова е превод на есејот на Робин Хансен (Robin Hanson) кој се обидува да одговори на прашањето зошто циниците не се популарни, иако често има многу вистина во работите што ги кажуваат.

Што е тоа циник?

За почеток неколку дефиниции од речници. (дефинициите се во оригинал, преведувачот не е до толку храбар дефиниции од речник да преведува, заб. прев.)

Dictionary.com вели: An attitude of scornful or jaded negativity, especially a general distrust of the integrity or professed motives of others.
Merriam-Webster вели: Capitious, Peevish ... contemptuously distrustful of human nature and motives ... based on or reflecting a belief that human conduct is motivated primarily by self-interest.
Oxford English Dictionary вели: A person disposed to rail or find fault; now usually: One who shows a disposition to disbelieve in the sincerity or goodness of human motives and actions, and is wont to express this by sneers and sarcasms; a sneering fault-finder.

Од горниве дефиниции произлегува дека циниците комбинираат цинични уверувања со циничен табиет.

Циничното уверување е дека или луѓето имаат релативно „ниски“ побуди, или дека луѓето се хипокритични за нивните мотиви. (Дури и кога „високите“ мотиви преовладуваат во свесното размислување, циниците можат да тврдат дека ниските мотиви подобро ги објаснуваат севкупните шеми на однесување) Слично на ова, цинично верување за општествените институции е дека тие во суштина служат за ниски цели, иако можеби тврдат дека служат за високи цели.

Циничниот табиет е груб, несреќен и жалбен, и би требало да е предизвикан од ниските побуди и цели на другите.

Спротивен на цинизмот би бил идеализмот, добродушно истакнување на искрени високи побуди и цели.

Цинични уверувања

Циниците би можеле да веруваат, на пример, дека политичарите повеќе се грижат за сопствената моќ отколку за јавниот интерес, или дека гласачите повеќе се грижат за себе-фалење и за луѓе слични на нив отколку за јавниот интерес.

Цинично уверување за е дека мажите многу повеќе се интересираат за секс, а жените за наоѓање богат маж, отколку што тоа го признаваат. Циничното уверување за трговците е дека повеќе ги интересира профитот отколку да ви помогнат да го најдете најсоодветниот производ за вас.

Циниците исто би кажале дека кај рекламите се работи повеќе за сопствениот имиџ и за статусот отколку за дознавање на својствата на рекламираниот производ, дека кај религијата се работи повеќе за општествено поврзување отколку за натприродното или за помагање на светот, дека бракот има повеќе врска со посигурен пристап до квалитетен секс, пари и домашна работа отколку за романтична љубов, а дека медицината е повеќе поврзана со статус и покажување дека се грижите за здравјето отколку за вистинско подобрување на здравјето. Циникот го гледа светот на идеите со уверување дека разговорите се пред се прилика за зборување а не за слушање, дека високото образование е корисно бидејќи дава на знаење дека имате способности, а не бидејќи учите нешто корисно, и, конечно, дека во универзитетскиот живот побитно е помагањето на студентите и на спонзорите да се поврзат со импресивни луѓе во однос на откривањето на вистините или пронаоѓањето на подобрувања на светот.

Доколку се овие тврдења се земат во нивната апсолутна форма, на пример дека луѓето имаат само ниски побуди, или дека високите цели немаат влијание на општествените институции, тогаш циничните уверувања се очигледно погрешни. Но, доколку се толкуваат на понијансиран начин, на пример дека дел од однесувањето може да се објасни со ниски методи, или дека постојат разлики помеѓу истакнуваните и вистинските мотиви, се чини дека циничните уверувања содржат доста вистина.

Циничен табиет

Осудувачкиот, исмејувачки, исполнет со презир циничен табиет не е многу привлечна работа. Зошто тогаш било кој би усвоил таков табиет? И зошто циничниот табиет е поврзан со циничното уверување дека хипокризијата и ниските мотиви се општораширена појава?

Најпрвин, да воочиме некои закономерности во врска со циничните табиети. Младите обично се поидеалистично расположени, додека старите се поцинични. Луѓето можат цел живот да останат идеалистични во врска со општествените институции за кои не знаат многу, но тие кои познаваат дадена институција се обично поцинични во врска со истата. Водачите и успешните во дадена област обично се помалку цинични во однос на неуспешните и тие од понизок ранг во таа област. Тоа што се кажува во јавноста е обично помалку цинично од тоа што се кажува приватно. Луѓето претпочитаат младите да бидат идеалисти и се противат на учењето цинизам на младите. Цинизмот не се смета за привлечна особина.

Како сега да ги објасниме циничните табиети? Јас гледам две главни објаснувања, едно идеалистичко и едно цинично, кои се разликуваат според мотивите и способностите кои им ги придаваат на цнниците.

Идеалистичкото објаснување на циничките табиети е дека циниците имаат невообичаено високи мотиви или проникливост. Циникот е поспособен да погледне позади лажните фасади, и е пошокиран и разочаран кога ќе ги открие ниските мотиви на другите. Бидејќи не сака да биде хипокрит, циникот е помалку популарен и поради тоа е помалку успешен и поретко е водач. Најголемиот дел од луѓето не ги сакаат циниците бидејќи циниците ја разоткриваат хипокризијата на мнозинството.

Циничното објаснување на циничниот табиет е дека циниците се или невообичаено немотивирани или невообичаено неспособни. Тие подобро ги воочуваат ниските мотиви бидејќи и самите ги имаат на кило, а целта на жалбите е да се намали успехот на другите. Што ќе каже, доколку не може да победи во некоја област, циникот ќе се жали дека играта била нефер, или дека тие кои успеваат во суштина не се за фалење. Најголемиот дел од луѓето не ги сака циниците бидејќи циниците се лузери.

Дилемата

Дилемата на циникот е дека иако можеби претпочита другите да веруваат во идеалистичната теорија на неговиот циничен табиет, неговото сопствено цинично уверување би требало да го наведе да верува во циничната теорија на неговиот циничен табиет. Т.е., циникот би требал да верува дека грубите жалбаџии обично се лузери, а не алтруисти.

Понатаму, се чини дека мета-циничната теорија, дека циниците обично се лузери, подобро ја објаснува појавата дека циниците се груби и дека луѓето не сакаат да се дружат со циници или да ги изложуваат сопствените деца на тренинг за цинизам. Доколку идеализмот корелира со попривлечни својства, тогаш луѓето и институциите природно би се обидувале да изгледаат што е можно поидеалистично.

Се разбира, се чини дека и идеалистичната и циничната теорија на циничниот табиет го прифаќаат тврдењето дека циничното уверување содржи многу вистина. Овој факт, и фактот дека поинформираните луѓе обично се поцинични, е во корист на циничните уверувања во општ случај, а со тоа и циничната теорија на цинизмот во конкретниов случај. Така, иако хипокризијата и ниските мотиви се веројатно многу поприсутни отколку што повеќето луѓе признаваат, би било препорачливо за тие кои би сакале да им се допаѓаат на другите луѓе да се преправаат дека веруваат во спротивното.
 
Да не се биде циник, дефинитивно....
Мојот свет е полн со циници, се "борам" ко sвер секој ден со нив....Ама за жал јас сум само еден дел од грото кое го изјавува ова:(
Таман ќе помислам готово е, се истребија, се јавуваат други...Насекаде ги има...И мојот најдобар другар постана циник:) И мојата комшивка со која го делев утринското кафе:)
 
Фак, цела младина е фрлена на философија, размислувајќи за важните теми, за смислата на животот, за тоа зошто постоиме не им останува време да учат за матурски испити. :(


Како и да е, ти добиваш философски упут од мене за кај ада. И гратис оправдание. :icon_cool
 
Јове, зашо мислев дека ќе посакаш да искоментираш на темава?:chuckel:

Него, поголемиот дел од времето сум циник. Се опкружувам со цинични луѓе. Се хранам со циничен хумор. Веројатно затоа што животот бил прилично "циничен" со мене.

Да, понекад ми треба леснотија и се осеќам буквално старо поради сиот цинизам. Понекогаш и јасно согледувам колку е залуден. И не знам дали сум циник затоа што сум кукавица, или затоа што јасно го гледам светот.
Како и да е, таква сум. Ретки се моментите кога во мене живее безгрижно, оптимистично дете. И да не сакам, цинизмот ми е првиот одговор:toe:
 
Леле другар си ја погодил темава дефинитивно БРАВО!!! Само нема многу циници да се засрамат ради ова а можеби и подобро се живее така само јас никако да решам да станам таква а можда боље ќе биде. Во секој случај на место ти е темата.

:zver:
 
Некогаш ги мешаме циничноста со моќноста .. измешани се,но моќноста заедно со циничноста доаѓа,т.е прикажува несигурност во личноста..
Може да се биде "моќен" но не и циничен. За да ја покажеш својата вредност немора да ги вреѓаш другите, или да бидеш "нарцис"
 
Да ви се претставам....Јас сум ЦИНИК.
А вие сте????...............па и вие сте на пат да бидете циник.Се што ви фали е Муда,и да си го признаете тоа на себе си.
Во основа на цинизмот лежи егозмот , дека дејствијата што ги превземаме се од личен интерес.И сите оние алтруистички појави всушност се појавуваат повторно како личен интерес , најчесто за исполнување на нечие его или пак пронаоѓање на душевен мир.
Потоа следи вториот чекор, треба да станете Хипокрит со цел да го прикрите цинизмот за другите околу вас да не мрчат многу многу.

За да ја покажеш својата вредност немора да ги вреѓаш другите, или да бидеш "нарцис"

А зошто толку негативно го разбираш тоа....
Да се биде нарцис , и да се вреѓаат луѓето незначи да се биде циник.
Ги нарекувате циници оние што ја знаат вистината која што стои позади рабоитите....а нејзиното откривање го нарекувате вреѓање.....Зарем вистината е таа што ги вреѓа луѓето?????
На жалост одговоторот е ДА , вистината често ги вреѓа оние кои живееат во заблуда.......а тоа е тоа што ги прави циниците неомилени.
 
да се биде онака негативен циник (ама скроз негативен) тоа е тапа...ама сарказмот е ствар која многу ми се допаѓа (кога е кажано во право време,место и друштво)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom