Culturelia - онлајн бесплатен магазин/списание за поп култура

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Најпрво да појаснам не е ова мој проект ниту проект на мој пријатели и познаници. Не ги ни знам луѓето што го прават ова, случајно ми се појави на Инстаграм.
Секоја чест за оваа пред се идеа и проект. Им посакувам долг опстанок.

20210413_163407.jpg


Што е Culturelia?
Culturelia е проект кој што се најави на 1ви Април 2021 дека некогаш ќе биде издаден како магазин со неофицијална дата како онлајн магазин! Многумина тоа го сфатија како априлска шега но ги поздравуваме нив со тоа што го прикажуваме првиот број од магазинот 10 дека по неговата најава!

Што ќе може да се види во Culturelia?

Culturelia е магазин во кој што ќе можат да се најдат многу работи поврзани со поп културата како што се вести за работите што се случиле, интервјуа со личности кои што имаат удел во делот на поп културата, промоции на нови проекти, препорака на одредени работи што можат да се гледаат како филмови и серии и препорака на книги и стрипови кои што луѓето би ги читале!

Кога ќе излегува Culturelia?

Culturelia ќе излегува само во недела, две недели по излегувањето на претходниот број! Првиот број излегува на 11ти Април што значи дека вториот број треба да дојде на 25ти Април
Имаат и профил на Инстаграм
instagram.com/popculturemk

Ако сметате дека на темава не и е соодветно ова место слободно модератори и администратори нека ја преместат каде што мислат дека е најсоодветното место.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom