Cry of Fear

Член од
29 јуни 2017
Мислења
9
Поени од реакции
10
Пред неколку недели ја свртев за првпат Cry of Fear. Хорор игра направена од Team Psykskallar, главен на тимот е Andreas Rönnberg.
Играта е на Steam и е бесплатна, но тоа не значи дека не е страшна. Andreas направил мод на Half Life кога бил тинејџер наречен Afraid Of Monsters, иако модот не е страшен како Cry of Fear се гледа дека многу ја сака жанрата. За вториов мод со помош на уште неколку луѓе успеал да го направи најстрашниот Half-Life мод што постои. Инспирација вади од Silent Hill и Resident Evil, но никогаш до степен каде се приметува дека краде. Главниот лик наречен Simon Hendrikkson после сообраќајка се буди во напуштен Стокхолм, каде неговиот пат е полн со мистерија и крв. Ретко играм видео игри, но оваа игра дефинитивно ми е врежана во меморија. Исто како Silent Hill 2 целиот град е тивок и дава чувство на осаменост, додека левелите поише се инспирирани од Silent Hill 4. Иако има jumpscares секаде, тензијата секогаш останува иста. Не е како кај други игри каде откако ќе има jumpscare стравот исчезнува. Единствено нешто што може да го уништи уживањето во играва се честите bugs и crashes што можат да се појават. Играта е стара и е направена од мал тим, и ако се игнорираат тие работи тука има злато. Суштествата се одлични и секогаш се страшни, дури и кога си полн со муниција. Единствен левел што може да предизвика фрустрација е Левел 4 каде има многу за шетање, ама ако сте играле хорор игри и ви е омилена жанра пробајте ја.
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
14.438
Поени од реакции
22.818
Играта е на Steam и е бесплатна, но тоа не значи дека не е страшна.
Зошто побогу некој би мислел дека ако играта е на Steam и е бесплатна, не би била страшна?
 
  • Хаха
Reactions: wot
Член од
29 јуни 2017
Мислења
9
Поени од реакции
10
Зошто побогу некој би мислел дека ако играта е на Steam и е бесплатна, не би била страшна?
Па добар дел од игрите што се Free To Play на Steam не се баш добри. Јас што ги имам играно.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.655
Не се смогнаа сили за Half Life 3 :vrtioci: инаку фала на инфо, сеа ја барам на Steam.

FYI

 

Kajgana Shop

На врв Bottom