Creative Exchange

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
117
Иницијативата за развој на креативните полиња во Македонија, Creative Exchange, ќе го одржи четвртот по ред настан кој овој пат е фокусиран на фотографијата.

„Четвртиот Creative Exchange настан е на тема фотографија. Се потрудивме да најдеме говорници со различни сензибилитети кои на свој начин ќе ни ја претстават нивната авантура со фотографијата. Исто така програмата ја збогативме со уште неколку нови активности. Идејата на овие презентации не е да едуцираат околу техничката страна на фотографијата, туку да инспирираат и да го поттикнат процесот на креирање кај секој од нас. Иако главна тема е фотографија, говорите вклучуваат мешање и со други креативни дисциплини.“ – пишува на официјалниот веб сајт на Creative Exchange.

Освен изложбата, настанот вклучува и говор, пет креативци имаат по 3 минути да го презентираат своето портфолио јавно. После секоја презентација, ќе има дополнителни 5 минути за прашања и коментари од публиката. Фотографиите од изложбата ќе може да се купат со донација од минимум 3000 денари, а сите собрани средства се наменуваат за опремување на специјалното училиште „Златан Сремец“.

Изложбата ќе се одржи во Кинотека на Македонија на 25.11.2012 (недела) во 19:30 часот, а влезот на изложбата е бесплатен за сите, без потреба од регистрација.
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.839
Иницијативата за развој на креативните полиња во Македонија, Creative Exchange, ќе го одржи четвртот по ред настан кој овој пат е фокусиран на фотографијата.

Фала за информацијава друже...(y)
 
На врв Bottom