Corel Draw - прашања, помош, туториали

Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
Ако ти одговара љубител на Corel тогаш гарант ќе те убедува да го користиш. Тоа му доаѓа како бесконечна дискусија за WIndows vs. Linux :)
Можностите безмалку се исти, најмногу има разлика во работната околина и навиките кои веќе си ги создал за работа, што веројатно ќе ти биде најголем проблем за да се префрлиш. Сепак на страна од тие небитни работи, мислам (поточно сигурен сум) дека излезниот резултат е подобар кај Illustrator, а секако има и поголема предност во поглед на компатибилност со другите Adobe производи како и некои малку понапредни можности (одлична поддршка за скриптирање, SDK и API кои во основа се слични кај сите CS производи и сл.). Не случајно ако прашаш професионален графичар ќе ти каже дека Corel е за почетници a Illustrator за професионалци ... веројатно Corel е полесен да се совлада од страна на почетници, но ... Но, тоа не е доволно кога ти е потребен квалитет, прецизност и брзина.

Јас сум долги години корисник на Corel, а го имам работено и Illustrator, за мене Corel е поедноставен и полесен програм за цртање отколку Илустратор. Инаку Илустраторот денес највеќе го користат дизајнерите во компаниите, додека Корелот го користат графичките студија и печатниците. Доброто кај Корелот е што може фајлот и цртежот цртан во Илустратор да го пренесе во Корел, додека цртежите од Корел не можат во Илустратор.

Бидејќи сум член и на форумот ОДБРАНА (http://odbrana.forumotion.org/login), логото на тој форум кое е сега поставено го имам јас цртано на Corel. Пред некое време текстот на логото (ФОРУМ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ГЕОПОЛИТИКА "ОДБРАНА"), кое стоеше на лентата сега е со нов текст (ОДБРАНА ПРВ МАКЕДОНСКИ ВОЕН ФОРУМ).

Цртежот со логото го поставив на најпознатиот сајт за брендови, BRANDS of the WORLD, каде што е потребно да имаш сопствен акаунт за да можеш да поставуваш логоа.

http://www.brandsoftheworld.com/logo/forum-odbrana
 
Член од
8 април 2014
Мислења
146
Поени од реакции
17
може еден туторијал за цртање сад со овошје во corel draw 12(таа ја имаме на училиште)?
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
може еден туторијал за цртање сад со овошје во corel draw 12(таа ја имаме на училиште)?
Многу едноставен е корелот за овие проблеми.
Односно, побарај по нет слика од овошје, доколку сакаш да ќариш време гледај да биде векторска и транспарентна сигурно ќе најдеш , потоа оди Quick Trace. Доколку е како што ти напоменав ќе ја нацрта сам по себе доволно приближно, потоа на тебе останува лесниот дел.

Ако немаш таква слика, над обичната со линии само прецртувај и искривувај ги имаш слобода максимална, така да ќе го нацрташ садот за многу кратко време.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
Инсталирав Х8 имав скенирано некој документ, и сега тој документ ми дава можност дирекно на скенираното да мењам текст, во х6 немав таква можност, е сеа пробав да скенирам друг документ па сега не ми дава можност дирекно на него да менувам текстот чаре?
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
753
Поени од реакции
356
Имам голем број на јпг слики што сакам да ги испечатам на А4 формат во 3 реда х 3 колони. Како најлесно да го напрвам тоа (а да не биде рачно поставување на секоја слика).
Сите слики се со исти димензии.
Знам дека е можно пошто еден тип во печатница еднаш порано ги среди за неколку минути.
Мислам дека некако секоја слика ја стави во посебен Page во документот а потоа одбра опција за печатење 3х3 страни во еден А4...
 
Последно уредено:

LP1519

ЧастиОбраз
Член од
2 февруари 2012
Мислења
405
Поени од реакции
298
Некој да сака да сподели торент за Корел по можност кракиран? :)
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.314
Поени од реакции
6.167
Некој да сака да сподели торент за Корел по можност кракиран? :)
Забрането е торенти тука. Оди на замунда имаш 2020 корел одличен е.
Автоматски споено мислење:

Имам голем број на јпг слики што сакам да ги испечатам на А4 формат во 3 реда х 3 колони. Како најлесно да го напрвам тоа (а да не биде рачно поставување на секоја слика).
Сите слики се со исти димензии.
Знам дека е можно пошто еден тип во печатница еднаш порано ги среди за неколку минути.
Мислам дека некако секоја слика ја стави во посебен Page во документот а потоа одбра опција за печатење 3х3 страни во еден А4...
Самиот печатач ќе ти ги исфрли опциите за печатење. Селектирај ги сите слики оди на принт и одбери 3 на 3 по страна, сам ќе ги подеси.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom